- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
Па нели Милан е гигант? Може бе брат, ако има тимот асална управа се е можно, и сам знаеш како го донесовте Ибра и сместа се промени се во тимот, и има уште еден тон вакви примери во светот на фудбалот. Баш со Џонтра и Клипче пред некое време зборевме за ова, Интер секое лето од 2010 навака се натега за трансфери, де Санчез, де Наингонал, де овој де оној, на крај доаѓа Барса и за 2 минути го договара играчот. Ако Милан има сериозен проект и амбиции може било кого да доведе, истото важи и за Интер и за Јуве. Е сега, можеби управата на Милан проценила дека квантитетот на играчи ќе донесе резултати, останува да видиме дали ќе бидат во право на крајот на годината. Ете јас лично мислам дека тоа нема да е така, но ова е само моја претпоставка.
Ти ја сфаќам поентата, но од друга страна па и не баш најпаметно да фрлиш 150м за штопер и напаѓач да речеме, а бекови да ти останат Абате и Вангиони или Поли и Монтоливо во среден ред. Ова што ти го викаш сега за Милан ќе мора да важи наредно лето без разлика на пласманот во Серија А оваа сезона, а за ова лето тоа беше невозможно од едноставна причина што штетата што ја направија Берлускони и Галијани во последниве неколку години ја оправаат само 500м+ за трансфери.
Инаку кога Ибра дојде во Милан имаше и други играчи кои и денеска на 40 години се подобри фудбалери од Траоре, Ачербри и Месбах. Ако не се лажам во тој период во Милан беа Тиаго Силва, Пато, Гатузо, Инзаги, Сидорф, Пирло, Робињо, Неста, Замброта, Пирло, Роналдињо, Касано ... можда и се размина Ибра со некој од овие или дојдоа покасно не ми текнува, но горе-доле најголем дел од овие играчи играа во тој период.

.


Подобри од Рома и рамо до рамо со Наполи, па тоа мајсторе значи битка за титула, лани Наполи гризеше кон првото место само не успеа до крај да го издржи чекорот со Јуве. И плус викаш дека Јуве бил послаб од лани, сите овие фактори наведуваат на тоа дека Милан ќе се бори за титула.