Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Последниве години, под капа на Алегри, според мене Бонучи>Киелини>Барзаљи.
Шо им фали бе на ББК ?
Па и еден куп други шо имаа пропратни улоги у репрезентација од таа гламурозна генерација на Канаваро Неста Малдини Матераци(шо беше копук тежок,провокатор и џукела,ама далеку дека беше просек играч иако не спаѓа у кремот) .
Секако дека такви играчи поставуваат високи стандарди,ама и причата е исфурана малку.Барза го фати малку тој период ама не беше у прв план.
А ако идеме индивидуално,Барза е комплетен штопер,ама сеуште е потценет.
Бонучи израсна у суперквалитетен последниве 2 години и меѓу најдобрите ball playing штопери,а Џорџоне е стара школа,физички доминантен,бескруполозен ,тип шо ќе го хејтате освен ако игра у тимот за кој навивате.
За пеналот на "Икарди " многу ми е интересен фактот шо тој самиот корнер побара,а ваму 24 часа се збори за некаков пенал.Нека се усогласат шо уствари сакаат.
Јако беше дербито,интер покажа дека има напредок за разлика од почетокот сега со Пиоли,ама не е ова екипа за врвот сеуште.
Веднаш според муабетот се познава дека го немате многу гледано Барзаљи..убедливо најдобриот и најстабилниот дефанзивец во Јувентус беше неколку години само сега што е паднат со оглед на годините...и тоа чоекот за годините беше доста брз..се сеќавам на еден натпревар против Наполи ги искина во шпринтој иако имаше 33-34 години.[DOUBLEPOST=1486416926][/DOUBLEPOST]
Малце и ја претерувате со Канаваро,мислам дека најдобри дефанзивци беа Неста,Замброта и Малдини од Италјанците и Турам од странците..овие делеа од сите ..сега за мене лично Барзаљи и Самуел се во оваа клапа ама не играа толку многу години на врвно ниво како овие па затоа неможиме да ги ставиме на ист ранг иначе во квалитет се тука некаде...а дека Канаваро бил многу јак дефанзивец тоа на некое детиште спомнувајте му го што го нема гледано и ќе увиди според златната топка што ја освои во 2006 година.
Ајде во Реал Мадрид што го правеа магаре разбирам,сепак Реал игра офанзивен фудбал и премногу простор имаа назад..ама со две добри сезони во Јувентус 2004/2005 и 2005/2006 не се станува еден од најдобрите дефанзивци во историјата..како да заборавате каков играч беше во Интер претходно..според мене на исто ниво со Матераци..онака добри дефанзивци ама не класа