Serie A 2016/2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan-kobe
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Скудетото?

  • Вкупно гласачи
    170
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Screenshot_2017-01-30-09-24-59.png

Кога пробав да го лајкнам мислењето на Џони... А што е најчудно подолу мислење на Стефан се лајкна за 1 секунда :icon_lol:
 
Екипата на Рома останува без новиот стадион. И официјлано административното тело на Регионот Лацио го одби предлог проектот за изградба на новиот стадион. Иако и претходно овој регион не даде зелено светло, сепак денес и официјално даде негативен одговор на жалбата на Рома.

Како што пишува Ил Темпо, Маргарета Ајхберг објавила негативен извештај во однос на влијанието што новиот стадион би го имал врз околината. Висината на објектот е најкритичниот аспект, но спорни се и транспорните врски, блиската околина и недостатокот на паркинг простор и врски со јавниот транспорт.

Рома, по Јувентус требаше да биде втората екипа во Серија А која ќе има стадион во целосна сопственост. Останува да видиме дали раководството на Рома ќе се обиде да најде нова локација попогодна за иградба на стадиона. До тогаш своите натпревари ќе ги игра на Олимпико, стадион на кој настапува уште и екипата на Лацио
.

Регионот Лацио ја одбил Рома... well duh :D. А се испофалија Рома како клуб за новиот стадион, дури објавуваа и видеа како би требало да изгледа градбата, а сега повторно ќе мораат да бараат ново земјиште за да ја остварат својата цел. Ако се одеше по планот, Рома ќе требаше да се пресели на новиот стадион до 2021 година, али сега ќе мора да почекаат уште троа неколку години додека да се изгради.
 
Колку што знам Удинезе и Каљари имаат сопствени стадиони. . Зошто за Рома се спомнува како "втор клуб после Јувентус?" ?
 
Удинезе стадионот го има земено под концесија за период од 99 години, се до 2112 година мислам.
 
И Сасуоло имаат свој, Мапеи(како и да е) е нивни ако НЕ се лажам.
 
Колку што знам Удинезе и Каљари имаат сопствени стадиони. . Зошто за Рома се спомнува како "втор клуб после Јувентус?" ?

Втор клуб после Јувентус што ќе гради целосно нов стадион.

Удинезе и Каљари ги одкупија и ги реновираа старите стадиони !
 
Генералниот директор на Рома, Балдисиони рече дека локалната управа нема да биде луда да одбие инвестиција од 1.6 милијарди долари и дека се сигурни дека проектот сепак ќе помине :)

Дури имало видеа од градбата ц ц ц... абе не видеа, претставен е проектот во детаљи во 370 регистри донесени со комбе:D само Италија до некаде функционира како балканските земји, вајда не е поткупен вистинскиот човек кој би ја завршил работата:P плус се смени и градоначалникот. Дури веќе се уплатени 30мил од Палота, за преместување на цело метро:eek:

Како и да е, се си бива, можно е се да одбијат, али Рома има право да тужи тогаш :)
 
C3rSa6rWMAATPn6.jpg:large
[DOUBLEPOST=1486152694][/DOUBLEPOST]Ke se pojavit koga togas, nemat beganje.
 
Иначе пред да падне форумов пак да си кажам јас.

Никола Рицоли ќе биде главен судија на дербито во недела вечер, претходно три пати го има судено овој дуел, две победи за Јуве и една за Интер и тоа сите одиграни во Милано. Првпат ќе ја има честа правдата да ја дели во Торино :kafence:
 
Втор клуб после Јувентус што ќе гради целосно нов стадион.

Удинезе и Каљари ги одкупија и ги реновираа старите стадиони !
Каљари на постоечкиов стадион кј шо игрет ќе ја завршат оваја сезона и ќе го рушат за да почнат со изградба на нов. Трибините 16.000 седишта ќе ги демонтирет и преместат на друг терен до нив и ќе ги игрет утакмиците таму. Од ко ќе го завршат то планирет Август месец да почнат да го градат новиот стадион(21.000 седиште) на местото од поранешниот стадион (Сант Елија) и да го отворат во 2020 за 100 годишнината од клубот. Ко влегоја од Серија Б најавија дека планирале над 55 милиони евреи да акнет за новиот стадион.
 
Оф топик, ептен ми е интересен дијалектот :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Оф топик, ептен ми е интересен дијалектот :D
ЛРП, да преведа Локален Рурален Патриот еднакво на селанин. Барем знам дек сум од село, не глумам со сила граѓанин ко овије љиотиве.:D:ROFLMAO:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom