Мислам дека им е добар потег доведувањето на Спалети.
Има капацитет да го реши најголемиот проблем во Интер, а тоа е да стави ред кај чолоконтевци дома.
Спалети има слаби резултати во директни натпревари на негови клубови против Јувентус.
Клучот да се стави крај на доминацијата на Јувентус е да се победува против Јувентус во Италија. Гледаш дека Јувентус ретко киксира против послаби клубови и малку губи бодови.
Спалети евентуално може Интер до го носи во ЛШ но до титула тешко, гледаш со Рома едвај во последни моменти стигна до 2 место, лани од Порто изгуби во квалификации за ЛШ. Но со оглед на моментална ситуација на Интер, 2 или 3 место за Интер би било како да е титула. Спалети е нешто како Раниери.
Интер и Милан се зад Наполи и Рома, прашање е дали ќе бидат Миланските клубови следна сезона пред 2 клуба од југот. Какви титули, какви бакрачи.
А и стварно бедно е бе она плеј офон во 2ра лига.. На крај може и 8миот да влезе во 1ва лига... Кој им курац.. Први два влагаат директ и 3 нека игра плеј офф со 18ти од 1ва лига..
Битно со тој систем сите 3 клуба од Сериа Б ќе влезат во Сериа А.
Тој твој предлог 3 клуб од Сериа Б да игра со 18 од Сериа А е лоша идеја, погледни го истиот тој систем за пополнување на место во Бундес лига, скоро секогаш тој што е 16 од Бундес лига победува во баражи со тој 3 од 2 Бундес лига. Замисли пресудни да се 2 натпревари отколку 38 од цела сезона, и така некој цркнат клуб од Сериа А да се спаси. Лошо е тоа, така постојано само 2 клуба од втора Бундес лига влегуваат во најдобрата лига, го имаш Хамбургер кој во претходни 4 години 3 пати преку тој бараж се провлекува. Не сакам такво нешто и во Италија да има.
И шо ако ја поддржи он оваа фантастична идеја? Ќе ја имплементирате заедно? Кој си ти? Далас Тавекио?
Не ти е ова лига на Македонија или Косово па да праиш екскурзии со разигрување после 30 кола бе дечко, никад го немало тоа у најјакиве лиги нит некад ќе го има.
Јувентус е таков ко шо е, се ојача доста кога пропаднаа Милан и Интер а Наполи и Рома не можеа да му бидат асална конкуренција па затоа имаме ваква доминација од нивна страна која се надевам ќе заврши чим Милан и Интер се вратат на сцената.
Едино шо е разгледувано од ФИГЦ е тоа да ја намалат лигата на 18 екипи ко у Бундес ама досега константно е одбиван тој предлог.
Дечко, на фудбалот во Сериа А му требаат промени.
Мојот систем не е совршен, не постои совршен систем, но би било поинтересно со мојот предлог, отколку сега со овие 38 кола, се е само рутина.
Јувентус игра онолку колку му треба за титула, двата клубови од југот на Италија се трудат нешто, но им фали секогаш тоа нешто за титула.
Факт е дека клубовите од југот имаат лузерски карактер и не успеваат да земаат титули последни неколку децении со ретки исклучоци како Рома 2001 и уште некој сличен.
Јас со сладоледџија само се шегував, не се примај и ти веднаш сериозно.
Со Спалети Интер до титула да дојде не е веројатно. На Интер ќе му требаат 2-3 сезони за се надева на титула, слично е и со Милан. На Рома и Наполи им фали повеќе цврстина во одбрана, гледаш Рома малку им фалеше од Џенова да примат уште 2 гола, и така покрај Јувентус нема титула.
Со Спалети Интер ќе биде конкурентен за врв на табела и за играње во ЛШ, и така би мрднале од агонијата, ќе имаат така повеќе пари и профит, и би биле атрактивни за појаки играчи да доведуваат, а ако Спалети не им донесе титула, тогаш Интер би можел да привлече и тренер со победнички менталитет, што знаеш ако Интер игра неколку години со ред во ЛШ, може ќе му здосади на Анчелоти во Баерн да доминира па е проба во Италија да зема титула, или некој друг тренер.
Пробаа во Интер да доведат Симеоне или Покетино но нормално тие не сакаат да трошат 2-3 години да го стабилизираат Интер.[DOUBLEPOST=1496207585][/DOUBLEPOST]
И лигава знаеш каква ќе биде?? Првите 2-3 тима после 20тина кола ќе си крцкаат и ќе губат исто како Џенова годинава што правеше.Си обезбедуваш опстанок(во случајов топ8) и после кур те боли.
Тоа е, нема совршен систем. Но тие што би биле први 8 после 30 кола, би тргнале од 0 поени во поход на 21 поен, тогаш би било интересно за титула, за пласман во ЛШ и ЛЕ. Плус од тие први 8 на табела може да биде први 4 да играат од тие 7 средби 4 дома и 3 во гости и обратно за тие од 5 до 8 место. А тие од 9 до 16 би играле за опстанок,и таму во 7 последни средби би било за опстанок.