Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.415
- Поени од реакции
- 18.940
Мада и да ја оставеше, ќе имаше ситуација и јуве еднаш да каже дека се оштетени, вака им остануваат некои недадени корнери, аути и слично на утакмици што и така на крај ги добиле.
Повеќе пати низ годиниве сум читал коментари дека Јувентус треба да се научи да плаче (како што тоа најмногу го прават Рома/Наполи/Интер) онака да се отепа плачејќи кога е оштетен. Пример после поништениот гол на Пјанич два месеци да трубеа по телевизии, да нарачуваа анализи, прегледи и триста глупости. Или во случајот како некни против Удинезе да не се сопреа од плачење заради недосудениот пенал.
Ама тоа не се случува и затоа честопати се добива впечаток дека Јувентус не е оштетен што е краен апсурд
. Сезонава ако не повеќе барем 4-5 пенали не беа досудени, онака пенали за кои ниеден судија не би добил приговор што ги свирнал. Првиот дел против Интер, Џенова и Торино, а од јануари наваму против Фиорентина и Удинезе не беа свирени пенали кои слободно без никаква дебата може да се свирнат, ама не Јувентус никогаш не е оштетен, оти медиумите така велат. Па и аргументот дека и онака на крајот ги добивале утакмиците каде што биле оштетени, па што не ги добијат противниците на Јуве кога тие се оштетени? Па пак се враќаме на основната работа, дека Јувентус е најквалитетен во оваа (каква таква) лига и секој муабет за константна помош, буткање од судии е едно големо срање.




