Како успеал да види од овде сериозно ме занима кога веќе не е по сугестија на помошникот....
А од каде ми е на ликов информацијата дека не го свирнал по сугестија на судијата зад голот?
Според мене лично зафркната одлука беше. Вакви игри со раце може да се свират, а може и да не се свираат како пенал. Ова е буквално судиско убедување. А тие што се бунат за наводното истечено време, не знам како после толку години гледање фудбал не ви е јасно дека овде нема таков термин како истечено време, туку судијата одлучува кога ќе свири крај. Минутите што тој ги дава како продолжение се
минимум, може ако тој мисли дека имало услови уште толку да се изигра.
Инаку очекував повеќе драма овде, ме разочаравте

Во секој случај од чисто фудбалски аспект ако ја анализираме утакмициата, Јувентус беше многу подобар противник, единствено Донарума

на голот ги спаси Милан до толку доцна да издржат.
Уште една последна работа. До оние што тврдат дека Јувентус сезонава добива константно помош победува со судии, нека ми ја објаснат одлуката на судијата Дамато минатата недела да свирне фаул во напад од Дани Алвеш во ситуацијата од видеото од 1:00 до 1:30 што ја има.
Видеото е со лош квалитет, ама се гледа дека Алвеш добива лакт во лицето додека неговите раце се долу, а судијата необјасниво свири фаул во напад од него, наместо пенал
