Изминатите две сезони Игуаин промашуваше шанси како од шала. За некои напаѓачи статистика од 17-18 гола по сезона може стварно погрешен впечаток да остави. Еве конкретно мислам Игуаин во едната имаше 16 гола во Серија А, а во втората 18 голови, па играше доста променливо и со еден куп промашувања. Наполи форсира офанзивен фудбал и затоа таму не смее да биде под 25 гола во Серија А во текот на сезоната. Сезонава е страшен со тоа што ги реализира до максимум шансите и игра со голема самодоверба. Ако продолжи вака може и до 30 комада да стигне.
Брат за Игуаин 18 гола под Бенитез е супер статистика

.
Иначе Наполи ретко ги дебатираме пошто нема нивни фанови на форумов.
Настрана од вчерашнава утакмица, Инсиње е перверзии сезонава, созреа етево, плус има поголема слобода у играта, што не беше случај кога дебилот им беше тренер.
Каљехон исто, многу подвижен, малце може му фали цврстина за у италијанско, но за у екипа како Наполи е одличен.
Ете и жоргињо почнува да го остварува потенцијалот кој се најавуваше дур играше у Верона.
Плус Хамшик, типчево можеби е најкорисен играч последниве неколку години во Италија (освен лани). И е прилично underrated.
И плус, Наполи има повеќе од солидни замени за офанзивниот дел од теренот во Кадури,Габиадини и Мертенс.
Плус овој Валдифиори не е за потценување после ланската сезона у Емполи.
Но, останува стариот проблем - одбраната.