R
red.devil
Гостин
Ќе ти одговорам на последното прашање само, зошто другото е далечно минато и не сакам да трошам енергија на глупости. Пишав само за споредба дека различно се гледа на иста ситуација. Се разбира во зависност од која страна си.Од кај виде дека барале 60 мил. од метро и тие твитерите енглески? Јуве никад не барале 60 мил. од проста причина што Јуве не сакаше да го продава,многупати имаат кажано ќе го продадат само ако играчот изрази желба така и се деси,баш ради повредата немаше шанси Јуве да земе 60 мил. од него.
И ај кажи ми сеа зашто Јуве би платиле 30 мил. за играч кој имал сериозни проблеми со повреди последните две години?
Сега зошто би платиле. Зависи, има многу причини. Инфлацијата на трансфер пазарот, фактот дека е еден од најталентираните играчи на негови години во Европа, малиот број на достапни играчи на таа позиција како и пекањето на Алегри дека му е потребен таков играч.
Сега се си има прос ен конс, и се разбира треба да се пресмета ризикот. За повредата да ти кажам дека не е повреден две години туку една. Се разбира не е малце ама тоа може да му се случи на секој. Пример Стротман отиде карпа во Рома и кој очекуваше дека две сезони ќе се мачи со повреди. Гаранција за тоа нема, ако сакаш земај го физички најспремниот играч и може да скрши нога прва утакмица и отиде у курац. Ова со повредиве е изговор да се намали цена, и јас го разбирам тоа ама веќе како да почнува да ги преминува границите и изгледа како просење по клубовите. Види кои цени ги лупа Јуве за играчите па после многу барале другите. Не се глупи, секако дека ќе бараат и другите клубови си ги ценат своите играчи. Никој не сака да биде ослабен, а пак ако е, очекува барем да има добра оштета за тоа.
Како за инфо, Арсенал им даваше 40-45м пред да се повреди така што може да се каже дека заради повредата, цената му е значително падната а ова Јуве што го бара е преку леб погача.