Јебени факт е дека одбраната ни е катастрофа, удел има и тренерот но и играчкиот кадар што го имаме назад, не очекувавме оваа година младиот Рудигер да ги игра сите утакмици или пак да правиме комбинации со Де Роси назад, сите очекуваа Кастан до сега да влезе во топ форма, но испадна дека бразилецот сеуште не може да постигне ниво какво што треба за да биде стартер, незнам дали физички или психички е проблемот или едноставно не е тој Кастан од пред повредата..
Поразите од Минхен и Јунајтед болат, овој не толку, срамен е точно, ама на пример мене потешко ми паднаа оние 2-2 со Болоња отколку овој пораз..
На Рома и треба тренериште кој усвојувал титули и во првенство и стигнувал далеку во Европските купови, а не Гарсија кој прерано и сам се прогласи за јак,ценет и авторитетен тренер( по изјавите му се познава ).. значи проблемот е прво кај него, незнам како после толку примени голови оваа сезона и толку лоша ланска сезона човекот сеуште не се приземји,па да си стави прст на глава и размисли декљ и тој зема голем удел во проблемите, во првата сезона знаеше на почетокот да изјави после лош резултат 'ја преземам одговорноста, јас сум крив' туку сега е веќе уфилман и веќе две години не сме слушнале такво нешто од него, сега се друго нешто му е криво. Во саботата дава изјава дека гледал комичен фудбал на вода,а зошто не си рече 'кој кур ме тераше Торосидис да го ставам во игра да прави пенали' и која всушсност беше замислата со влегувањето на Торосидис?
Значи после првата успешна сезона, Гарсија си го покажа правото лице испадна на виделина целиот негов 'квалитет' во најразлични ситуации ..
Нема да ме чуди да кикснеме и со Бате, моментално сме најнепредвидливата екипа во Европа, нашата игра се базира на атмосферата пред утакмица, на сите тие околности пред утакмица, со кој играме, кај играме, кој од првотимците игра или не игра, тука не 'демне' претходната утакмица.. Наместо да се заборават тие небитни работи, да им се стави на играчите во глава дека секоја нова утакмица не треба да се базира на ништо друго, туку дека треба да се победи без разлика на било што.. Тоа се постигнува со класа тренер а како овој нашиот недоквакан ..