Милан пропадна на трансфер пазаров, така? Реално очаен трансфер период, ко и секоја година, лупнаа 50 милиони за напаѓач и центархалф и останаа со (под)просечна средина. Ни нападот не им е кујзне колку добар, иако Бака е супер играч ама нема да може да ги носи на грб цела сезона. Галијани и Берлускони пак по старо, ќе потрошат некој милион, ќе го излажат тренерот и на крај кога треба да финишираат тие финишираат на бунга банга забави а не на трансфери.
И сеа ќе ми дојде експертот и ќе ми рече среќа вие, среќа вие.
Не ми е намера да провоцирам, ама реално Милан со ништо не покажува сериозни амбиции за пласман у ЛШ, со овој тим тешко. Никаква одбрана, никаков среден ред и онака напад. Пак ќе повторам нема да можат да се шлепаат на Бака цела сезона. Ромањоли е потенцијал ама потенцијал се кали со искусен и добар партнер. Средината им е иста, со ништо појачана, можда ослабена со никаквата форма на Монтоливо. Единствен плус летово кај нив е Бака и само Бака.
Рома и покрај кризите на почетокот на летото на крај сепак успеа да створи една добра екипа, силно го појачаа нападот со Џеко, не знам кој и каде пиша дека Џеко е прв асален шпиц после Батистута и у право е. Тоа е таа ударна игла у нападот, тоа им фалеше лани. Одлично покриени по крилата, Салах мислам дека добро ќе се уклопи у играта, средината горе доле им е иста, го чекаат Стротман и тоа е тоа, не видов само да не земале некој везњак за у ротација пошто читав дека Де Роси ќе го прекомандуваат на штопер. Е тука требаа да пазарат некое топ име. Пак се тенки у одбраната, Диње го земаа за лево и требаше уште еден десно. Горе доле истата екипа од лани плус минус 2-3 засилувања, ама главното е Џеко.
Јуве, пак ќе спомнам, може делува како сеир, коНплекс, провокации, не знам што ама Јуве после таква ланска сезона ова лето никако не смееше да си дозволи ваков кикс на тржиште. Пак ќе се спомнат Пирло и Тевез, им отидоа, знаеја дека ќе си идат и мораа тука да спремаат 2 бомба засилувања а не талентирани дечишта. Океј играчи се Дибала и Манџукиќ ама не е тоа тоа, првиот е сеуште неискусен и незрел за дрес на Јуве, вториот е класичен балканец, ќе нема многу живци да се рва 90 минути и ќе праи проблеми, мораше и можеше Јуве да пазари класа напаѓач. Ова со Марио ми делува како на тепка да го земаа, како незаинтересирани за други, онака, здраво Атлетико го давате Манџукиќ? Да. Епа океј ајде шаљете го за Торино. Не ни пробаа друг шпиц да купат.
И везниот ред исто, им отиде Видал, иако све нешто ме тера да мислам дека го спремаа Видал за трансфер, не им дојде баш изненадно Артуро со барање за трансфер, затоа и го земаа Кедира. Реално играч од калибарот на Кедира, со таква плата не ти доаѓа во Јуве да седи на клупа. И тука утна Јуве, мораше уште еден искусен и квалитетен везњак да купат, што ќе ја држи средината, Маркизио не ми е некако таков тип на лидер и играч кој ќе ја држи цела средина иако многу го поштувам како играч.
Имаа цело лето да најдат квалитетен плејмејкер односно треквартиста или како год, тие си играа курташак, испаднаа како мамка на еден мртов Шалке и на крај у 5 до 12 панично испазарија полумртов играч од Интер, а и солено го платија богами, 11 плус 2 за 30 годишен бразилец ван форма не е малце.
Одбраната не појачаа којзнае што, можат уште да понудат Барзаљи и Лиштајнер, Сандро ми е коцка трансфер, не им верувам на тоа сектата од Порто. Највеќе ми е чудно зашто не пробаа со Дармијан, тој некако ми беше идеален за у Јувентус. Ама ете, на крај тоа е тоа, иако остануваат прв фаворит за титула, сепак ќе се помачат сезонава, плус баш би сакал да го видам Алегри во втора сезона со негов тим. Пишуваше Син претходно, не би се повторувал.
Е Интер, кај сте бе шаНпиЈони мои хехе. Одличен пазар на Интер, не памтам кога последен пат ваква доминација да изврши Интер на трансфер пазар. Сега ги гледам трансферите со бројка,
еве ја сликата. Пар екселанс преговарања. Браво Аусилио. Издоминира летово.
12 нови играчи донесе Интер. Одбраната е скоро нова, Муриљо и Миранда штопери, сега на бековите сме малце тенки ама тоа е. У везниот ред Кондогбија плус Мело од новите засилувања, овој последниов ми е уз курац искрено, не знам што да очекувам од кловнов ама океј, Манчини си го/и бараше, Манчини ќе одговара на крај. Толку. Останува таа дамка наречена Ковачиќ, ама ако сезонава избориме пласман у ЛШ или евентуално титула да улета од втор план, тогаш и нема многу многу да ни биде криво за Матео. Испадна колатерална штета али јеби га, срања се дешавају.
И во нападот добивме разноврсност, Јоветиќ, Љајиќ и Перишиќ се три различни типа на играчи кои доста тоа можат да понудат, очекувам добра сезона од Јојо и Перишиќ и Љајиќ истотака мислам дека ќе биде огромен буст од клупа, или пак како стартер, којзнае како испланирал Манчини. Вака ростерот изгледа како да може Манчини да комбинира 3 формации. Добро сме пополнети на сите позиции, едино можеше и некој мртов шпиц да се купи денеска ама сепак беше тесно со Едер (да му ебам све најмило на тој минијатурниот Робинзон Крусо, малоумниот Фереро, ќе ти ебам матер) и Љајиќ кој според Скај сме го земале на 1 минута до истекот на рокот. Ух.
Еве Роландо Бјанки е фри агент, нека го домкнат навака, кој курац.
Горе доле добар трансфер период за италијанците, доста звучни имиња слетаа на чизмата, Џенова стандард по 120 ин/аут трансфери. Лацио мизерија, Виола солидно, Наполи изгубете ми се.
#4gb #bumdzakanaka #kojkur #juvenemapobeda #pozzodgore #hehe