Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Конте (моментално најрепрезентативно тренерско име во Италија, затоа и му ја дадоа репрезентацијата :D, ме нервира што е преголем плачко, а за сега не успеа да ме убеди дека може да го достигне врвот, направи голем успех, но секогаш стигаше до одреден лимит и никако да го направи чекорот кој ќе го однесе на друго ниво, во самата елита... моја желба за тренер на Милан следната сезона, ако нешто докажал Конте, тоа е дека од раштиман оркестар, може да направи одличен провинциски оркестар кој ќе биде најдобар во својата средина, за пошироко некако не докажал... токму тоа е предизвикот пред него, да докаже дека не е ’провинциски’ тренер)
Кое е тоа секогаш и кое е тоа друго ниво кое ти си го очекувал од Конте? :)

Конте беше три сезони тренер на Јуве, првата сезона титула без пораз, втората истотака убедлива, третата со преку 100 бода, најмногу во историјата на Серија А. Исто така 2 суперкупа.

Првата сезона не играше ЛШ, втората сезона стигна колку што беше можно, третата направи кикс кој е на негова одговорност.

Или секогаш=еднаш во твојов пост? :D
 
Страма премногу млад беше фрлен во оган и изгледа тоа ќе остави трајни последици на неговата кариера.
 
Кое е тоа секогаш и кое е тоа друго ниво кое ти си го очекувал од Конте? :)

Конте беше три сезони тренер на Јуве, првата сезона титула без пораз, втората истотака убедлива, третата со преку 100 бода, најмногу во историјата на Серија А. Исто така 2 суперкупа.

Првата сезона не играше ЛШ, втората сезона стигна колку што беше можно, третата направи кикс кој е на негова одговорност.

Или секогаш=еднаш во твојов пост? :D

Збориме за времето додека беше тренер во Јуве, точно дека е малку, но на што друго да се повикам?!

Нема потреба да ми кажуваш што направил во италијанското првенство, го знам тоа и свесен сум за тој успех. Тоа е одлична работа, не ни останува ништо друго освен да се поклониме на тој успех.

Но, очекував во третата сезона да направи нешто повеќе во ЛШ. Може да е случајност, немал многу ни шанса, но јас не видов тимот да оди напред, стигна до едно ниво, што даваше одлични резултати во Италија и толку. И не мислам само поради тоа што не направи нешто во ЛШ, воопшто за концепцијата и се...

Можеби ќе направел нешто, но според мене малку и плашливо си отиде од Јуве, требаше да остане и да проба да направи уште нешто, да видиме до кое ниво ќе го однесеше Јуве. А исто мислам и дека требаше да чека да дојде понуда од странство, а не да прифати веднаш да биде селектор, тоа е или за ’пензионери’ или за почетници, не за тренер кој е во полна сила, посебно ако е ценет и може да добие понуда да води добар клуб.

Да не одиме во крајности, посебно кога во вакви работи има доста емоции. Да мислам дека е лош тренер не би сакал да биде тренер на Милан. Само уште треба да се докажува, да докаже дека не е диригент на провинциски оркестар, туку дека е за филхармонија. :)

Еден од најперспективните (ако не и најперспективен) тренр од Италија во моментов...
 
И онај од Емполи е фален доста, ама незнам дали е млад.:)
 
И онај од Емполи е фален доста, ама незнам дали е млад.:)
Не е воопшто млад, ама страшно добар тактичар. Емполи со тимот од Серија Б што се вели комотно ќе си остане. Многу ретко тоа им успева на тимовите од долниот дел.
 
И онај од Емполи е фален доста, ама незнам дали е млад.:)
Абе во Емполи не е до тренерот, тие играат на крилјата на семоќниот Макароне:rolleyes:
 
мотивација не е да викаш даи даи или да се дереш повремено само кога некој играч греши (пошто Алегри само тогаш се дере).. Мотиватор е да држиш говор мотивационен, да имаш жар при бодрење, да се дереш од радост при гол даден и ред други работи односно емоции кои се покажуваат и фудбалерите ги впиваат и ги демонстрираат на терен...
 
Инаку за млади тренери ако се дискутира, дефинитивно Алегри не би требало да биде овде затоа што води тим од Серија А уште од 2008 година и плус тоа беше тренер на Милан, па сега на Јуве што му дава доволно искуство да не биде оквалификуван како младич. Истото важи и за Конте и Мацари ило пак Манчини. Посебно вторите двајца не може да се наречат млади тренери оти водат тимови уште пред десет, па и повеќе години.

Млади тренери може да ги ставиме Страмачани, Монтела, Ди Франческо, Михајлович (знам дека не е италјанец, ама друга ми е поентат), Инзаги и слични.

Инаку според мене Монтела има најголем потенцијал да прерасне во повеќе од обичен тренер, оти човекот покажува најмногу капацитет да се разигрува на тактички план и покрај проблемите во тимот кој го следат овие години. Од Бабакар направи солиден напаѓач, Валеро под негово водство игра одлично, а пак од Квадрадо направи играч кој вреди 30 милиони. Во Лига Европа исто покажува секогаш солидни игри, а исто и во тешките натпревари во Италија не губи лесно. Нагости против Фиорентина под водство на Монтела, Јуве има две нерешени од 0-0 и поразот лани од 4-2.

Доколку еден од Милан и Интер имаат намера да доведат посериозни играчи (Интер веќе почна нешто) добра идеја би им бил Монтела. А велам подобри и посериозни играчи заради тоа што моменталниот ростер на Милан нема човек кој би го водел квалитетно.
 
Денот Д за Серија А во Европа :D

Претпоставувам Торино и Рома ќе се посерат а ништо чудно и Виола да го јади стапот...додека Интер не вервам дека ќе испаднат од оние неписмените шо не знаат да играат фудбал,а за Наполи нема шо да се коментира...врти сучи 2 сигурно ќе испаднат според мене, а кој ќе бидат (не)среќниците ќе видиме
 
Јас мислам дека само Торино ќе го изеде иако и таму се е можно затоа што Билбао не знаат да одат сезонава. Единствена предност им е што имаат добар резултат па Торино мора да ги нападне и ќе можат да играат на контри.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom