Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Ништо чудно што Лотито,Галијани и останатата багра гласале за Тавеќио.Им пропаѓаат тимовите,јасно ко ден е дека никад нема да се вратат на старата слава,па сакаат и лигата да ја повлечат со нив.

среќа што Јуве е шампион на европа веќе три години по ред па се одржава некако јадна Сериа А :icon_lol::icon_lol:
 
И Фиорентина .
Незнам сега дали пак ќе плачат типови ко Прециози, Де Лаурентис итд , а слепо го подржаа диносаурсов.
кај го прочита ова?
ја колку што знам Фиорентина јавно ја повлече поддршката на Тавекио и остана со тој став
 
среќа што Јуве е шампион на европа веќе три години по ред па се одржава некако јадна Сериа А :icon_lol::icon_lol:
Дај видеа од утакмиците или highlights од финлињата барем да се порадвам :D
 
Текстот е преведен од "Гардијан"



Дојде време Рома да го симне Јувентус од врвот

Последниот Англичанец кој стана шампион на Италија во фудбал, е еден напаѓач со име Перси Волзингам. Тој играл во Џенова во времето кога започнала Првата светска војна. “Грифонте“ биле на прво место на турнирот “Џироне Национале”, претходникот на Серија А, а подоцна и титулата им била доделена службено.

Во модерната ера ниту еден Англичанец не го освоил Скудетото, за разлика од Велшанецот Џон Чарлс и Ирецот Лиам Брејди. Ешли Кол сепак може да го промени овој тренд.

Левиот бек премина во Рома, која доживува забележителен раст. Откако американските инвеститори ги купија Волците пред три години, тие го претворија клубот во глобален бренд. Беа склучени договори со “Најк”, “Дизни” и “Фолцваген”. Се очекува наскоро да започне изградбата на стадион со 52-илјади места. Под раководство на претседателот Џејмс Палота, Рома се обидува да го модернизира калчото кое е во сериозен пад. Во таа смисла “Волците“ и “Старата Дама“ се сојузници.

На теренот сепак нивното ривалство бележи нов врв по 80-тите години, кога дресовите на двата тима ги носеа Паоло Роберто Фалкао и Мишел Платини. Рома и Јувентус се елитата на италијанскиот фудбал. Во сегашниот момент, сепак тимот од Вечниот град има поголем потенцијал да оди нагоре. Донекаде тоа се должи на фактот дека Јувентус е на врвот веќе три години – нешто што не и се случило на Старата Дама од 1933 година наваму.

Како е можно “бјанконерите“ да одржуваат нагорен тренд во развојот? Неслучајно тренерот, под чие раководство беа постигнати овие успеси – Антонио Конте, на крајот на минатата сезона најави дека е невозможно да се подобри претставувањето на неговиот тим.

Во првата сезона на Конте, тимот од Торино го завршија првенството без пораз. Во втората тие освоија повеќе поени, запишаа повеќе победи и забележаа повеќе голови. А во третата влегоа во историјата, откако станаа првиот италијански тим, кој го завршил првенството со над 100 поени, добивајќи ги сите ваши домашни средби. Рома остана на второто место (при тоа на сериозна дистанца), иако играше прекрасен фудбал и исто скрши понекој рекорд.

“Волците“ го започнаа шампионатот со десет последователни победи и го завршија шампионатот со 85 поени – рекордно достигнување во клупската историја. Во пет од последните шест години, оваа предност ќе беше доволна за Скудетото.

“Ние сме како Кристијано Роналдо и “Златната топка” во годините кога Меси беше на врвот”, прокоментира тренерот на Рома, Руди Гарсија. “На крајот сепак Кристијано ја освои”.

Ќе успее ли Рома да го направи тоа оваа сезона? Познавачите на калчото сметаат дека тоа ќе се случи. Тие се придржуваат кон ова мислење од 15 јули, кога Конте го шокираше италијанскиот фудбал, подавајќи оставка.

Како да не беше доволно, дека Јувентус го загуби “симболот на својата преродба” – дојдоа и сомнежите во врска со новиот тренер Максимилијан Алегри, неговиот конфликт со плејмејкерот Андреа Пирло во Милан и веројатноста Артуро Видал да замине. Сето ова тера многумина да предчувствуваат промена на врвот.

Сепак треба да истакнеме дека Конте го остави зад себе најквалитетниот состав во Италија и јасно изразен шампионски менталитет. Исто така, Алегри е подобар тренер отколку што тврдат многу набљудувачи. Ако не останеше во Милан пред една година, сега тој можеше да биде тренер на Рома наместо Гарсија. Шефовите на Волците тогаш го посочија како најпосакуваниот кандидат за функцијата.

При сето тоа, назначувањето на Алегри во Јувентус не доведе до доверба кај никого. Тифозите се поделени во мислењето за новиот тренер. Со два збора, иднината изгледа неизвесна, а Јувентус – ранлив.

Во меѓувреме Рома намерно оди кон бришење на заостатокот од Старата Дама. Мајсторот на трансферите, Валтер Сабатини успеа да направи важни удари во текот на летото. Освен што го засили тимот и ја “продолжи клупата”, тој им удри уште една шлаканица на директните ривали.

Во часовите по оставката на Конте, Сабатини го искористи хаосот и го „украде“ најсаканиот играч во Италија – крилото на Верона, Хуан Итурбе. Исто така, тој забележа дека преговорите меѓу градскиот противник Лацио и Каљари за дефанзивецот Двиде Астори заглавија и успеа да ги престигне “орлите“ за неговиот потпис, полудувавјќи ги тифозите на “братучедите”. Слични потези, го засилија впечатокот дека Волците се подготвени за нешто големо.

Во исто време “жолто-црвените“ ги задржаа своите ѕвезди. Клубот одбива да го продаде централниот дефанзивец Мехди Бенатија, а плејмејкерот Миралем Пјаниќ потпиша нов договор пред светското првенство.

Расположението во Рома е исклучително, очекувањата – високи. Прашањето е како Волците ќе се справат со оваа тензија.

Но откако беа на влакно од Скудетото со Спалети во 2008 година, како и во 2010 со Раниери, и по одличната презентација минатата сезона, чувството е дека е време Римјаните да ја освојат титулата.

Да не заборавиме дека ова ќе биде неверојатен личен триумф за Франческо Тоти. Капитенот на Рома, кој следниот месец ќе наполни 38 години, може да ги проживее повторно емоциите од 2001 година, кога за прв и единствен пат стана шампион во кариерата. И замислете, 100 години по Перси Волзингам, Англичанец повторно може да стане шампион на Италија.
 
^за Јуве и Рома:icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1407854930][/DOUBLEPOST]И ти терај си козите, не ни го е*и раато тука:rolleyes:
 
^за Јуве и Рома:icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1407854930][/DOUBLEPOST]И ти терај си козите, не ни го е*и раато тука:rolleyes:
Извини дечко рат дома моеш да си седиш,ова е форум,и имам право да пишувам што сакам,се додека не навредувам никого.
 
Извини дечко рат дома моеш да си седиш,ова е форум,и имам право да пишувам што сакам,се додека не навредувам никого.

аман бе, се налути ли ? ц ц :D
 
аман бе, се налути ли ? ц ц :D
Не дека се лутам бргу,само некако ми дојде ко ти да се налути, самиот знаеш дека се зезам малце,затоа го имав пред тоа смјалито стаено.И не се секирај кај и да сум пред Римското дерби овде сум:icon_lol:.
 
^те знам веќе, шо има да се лутам:D

а оваа година за дербињата не се ни појавувај, лошо ќе си пројдеш:cool:
 
Ех лесно е да се курчиш ко знаеш дека си јак,ја знам како стои Лацио годинава,ама секако ќе се појвам.реметот ќе биде ваш ако ве лупнат до земја:D.
 
Дај малце инфо за човеков и што може да се очекува од него.

Ништо посебно.Ќе си остане калчото вакво ко сега, нема да има драстични промени , нешто за што се залагаа подржувачите на Албертини ( Б тимови , Серие А со 18 тима и др)
Иначе против дедево се има водено и судска постапка за измама и затајување данок .

кај го прочита ова?
ја колку што знам Фиорентина јавно ја повлече поддршката на Тавекио и остана со тој став

Не си ме разбрал,сакав да кажам дека Јуве , Рома и Фиорентина беа против Тавеќио.
 
Не си ме разбрал,сакав да кажам дека Јуве , Рома и Фиорентина беа против Тавеќио.
те разбрав ама откако пак ја прелистав сабајле темава :) не сум прочитал убоо и одма ко прле пред магаре :D sorry
 
те разбрав ама откако пак ја прелистав сабајле темава :) не сум прочитал убоо и одма ко прле пред магаре :D sorry
дај бе кажи од каде ти е газево од гифот во потпис ? :icon_mrgr: дај видео со оваа да ја видиме како се мава :свиркам:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom