Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Најголем проблем за Јуве е заминувањето на Тевез. Минатата сезона тој им беше клучниот играч, посебно во италијанското. Голови, создавање вишок, креативност... Затоа треба да земат ептен добра ’десетка’, сега некое крило како Квадрадо не им е добро решение, мислам дека немаат погоден среден ред за играње на 4-3-3.

Не сум сигурен дека во напад можат да се ослонат на Мората, Манџукиќ, Дибала и Переира.

Средината и без Видал ќе им е добра и така минатата сезона не беше константен. И без Пирло ќе се снајдат, посебно со добар треквартиста.

Според мене, одбраната им е поголем проблем. Не знам како стојат со примени голови, но веројатно добро поради тоа што отскокнуваа со квалитетот во Италија, но одбраната им оди во надолна линија. Сите може да се проблематични, од Киелини, преку Бонучи до Барзаљи и младиот Ругани, посебно што сега веројатно одбраната со тројца ќе ја користат многу ретко. Но, Маркизио како ДМ ќе одигра доста значајна улога.
 
Добро е што сите засилувања во нападот се донесени пред стартот на подготовките, такада Алегри ќе има време да ги уигра играчите. Одбраната сеуште е солидна нека се здрави новите Ферара и Монтеро (Бонучи и Келини) па што биде нека биде во иднина :)
 
Видал у Баерн а?
Тоа е тоа, вештачка екипа склопена со сила да игра финале ЛШ со надеж дека ќе освои, арно ама налета на класа екипа пред себе, изгубија и сега се распаѓаат полека, прво Пирло па Тевез еве сега и Видал а најверојатно и Погба.
Тоа е тоа, знаев дека вака ќе испадне.
Потврдувам дека Џонтра муабетов го праи години и години наназад. Уште пред да дојде Конте тој знаеше дека ова ќе се случи.

И он и Мондонико имаат страшен осет да предвидат пад на екипа.
 
Чекајте да заврши трансфер периодот, нека почне сезоната, па потоа зборувајте за падот на екипата.
Сепак има голема разлика трансфер политиката што ја води Јувентус со онаа на Миланските екипи


:kajgana:
 
Ликуваа и Зидан кога замина..

Ликуваа и Конте кога замина..

Ликуваат и сега..

Ликувајте....
 
Kедира е замена за еден од Пирло/видал. Плус ако си иде Видал ќе земат сигурно добра земена и за него. Точно е Тевез си отиде ама и во напад земаа играчи. Одбраната им е класи над сите во Италија. Управата на јуве знае што прави. Полека во рок од 4 години стигнаа и до финале ЛШ. Тотално го имате исмешано поимот распаѓање. Распаѓање е она што му се деси на милан после 2007. Или она на интер после триплете. Клучни играчи си одеа а се земаа катастрофа играчи. За разлика од нив јуве зема квалитетни играчи. Колку и да не ги сакате не може ова да се одрече. Годинава па ќе бидат шампиони. Може нема да бидат толку доминантни али доколку нема некои посеризони повреди на клучни играчи 90% сум сигурен дека на крај на години па ќе се шампиони. Од проста причина што Милан и Интер се суеште предалеку од квалитет за скудето. Рома и Наполи воопшто не се појачаа сеуште значајно за да можат да се умешаат.
 
Најголем проблем за Јуве е заминувањето на Тевез. Минатата сезона тој им беше клучниот играч, посебно во италијанското. Голови, создавање вишок, креативност... Затоа треба да земат ептен добра ’десетка’, сега некое крило како Квадрадо не им е добро решение, мислам дека немаат погоден среден ред за играње на 4-3-3.

Не сум сигурен дека во напад можат да се ослонат на Мората, Манџукиќ, Дибала и Переира.

Средината и без Видал ќе им е добра и така минатата сезона не беше константен. И без Пирло ќе се снајдат, посебно со добар треквартиста.

Според мене, одбраната им е поголем проблем. Не знам како стојат со примени голови, но веројатно добро поради тоа што отскокнуваа со квалитетот во Италија, но одбраната им оди во надолна линија. Сите може да се проблематични, од Киелини, преку Бонучи до Барзаљи и младиот Ругани, посебно што сега веројатно одбраната со тројца ќе ја користат многу ретко. Но, Маркизио како ДМ ќе одигра доста значајна улога.
Одбраната ни е најсилен дел и додека тој е костурот овој тим никаде не оди. Киелини и Бонучи може да се проблематични, но се константни играчи кои играат одлично и пред се не прават многу индивидуални грешки посебно на натпреварите против помалите тимови, каде што всушност се освојува или губи титула во домашно првентство. Барзаљи е веќе при години и нема да игра многу, но исто така уште може да пружи одлични партии без грешка. Ругани пак од друга страна изгледа како иднината на италјанската одбрана и затоа треба да се инвестира многу во него и веднаш наредната сезона колку што е можно повеќе да се фрли во огнот.
 
Бонучи лани ни беше најдобар дефанзивец и направи најмалце киксови од сите сезони досега, Ругани се највува како звер но ќе видиме. Ете Врашљко е исто пред транфер кај нас значи земаме и десен бек, се активираа преговорите за Алекс Сандро. Најмногу за дефанзивната стабилност ќе придонесе Маркизио како DM пред одбраната.

Според СКАЈ Јуве со парите ќе донеси Треквартиста т.е. 10ка која ја Алегри веќе ја посакува долго време а можно е и крило да донесат.
 
само таа 10ка да не биде Оскар... Да можеме Мата да го земеме... ама не можеме :D
 
Некои медиуми велат дека сме најблиску до Даркслер некои до Гетце.
 
Јас да сум како Јувентус за инат ќе го купам Ковачиќ. [emoji1]
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom