Убаво би било ваква споредба да направите на Лацио и Рома...
јас би направил споредба помеѓу вечните ривали.Додуша Лацио го следам повеќе,но и на Рома имам гледано неколку утакмици.
Волчицата на пример нема тренер кој знае да ги склопи коцките.Тактика никаква,недоволно јака за во лига како жабарската.Повредите на играчите му ја ебаа мајката додатно и не може да сврзе три утакмици со ист состав и играчи како тој што сака,пред се мислам тука на Стротман и неговиот огромен удел во играта на Рома.Немањето класичен напаѓач е уште еден дел од коцката кој му фали.Дестро се покажа како катастрофа,иако огромни надежи се полагаа на него.Думбија сеуште ништо нема покажано,дојде на полусезона црниот и ќе треба за наредната сезона да биде прв напаѓач.За моменталната скапана лига е премија во Рома.Средниот ред можеби е најсилното оружје кај нив со босанџеросот Пјанич.Жервињо ака раширена завеса изгледа како Меси на крило и е страшно брз.Нормално е тоа кога како помал бегал од леопарди.
Замена за Де Санктис да си наоѓаат со време ако сакаат наредна сезона да се покажат во подобро светло.
И да,замена за Бенатија.Од кога отиде тој одбраната на Рома не делува толку јако и сигурно како кога беше тој.
Кај орлите мене лично ми се допаѓа тимскиот дух што го имаат играчите и што оставаат срце на терен.
Пиоли кога го доведоа јас мислев дека ќе бидат пропаст на сезоната,но ме демантираше јако човекот.Склопи јака екипа на чело со Фрај,Андерсон и Клосе надополнети со Раду,Кандрева,Каванда,Лулич,Биглиа,Онази и Каталди.
Одлично делуваат на секој дел од теренот,не знам каде им беа очите на фудбалските експерти и агенти во врска со Де Фрај.Одличен играч земаа лацијалите за џабе пари,само Лотито да не се полакоми и да го продаде летово бидејќи најверојатно Лацио ќе заврши на второ место .Повеќе ќе се знае во вечното дерби.
Андерсон се покажува исто така како одлична аквизација за кило сончоглед.Страшен потенцијал држи дечкото и го покажува тоа на дело со екстра и константно добри игри.Цела средина ја држи тој самиот и што е најважно дава битни голови.
Значи за наредна сезона Рома мора да си најде подобар тренер.Типувам на Спалети бидејќи со него играa многу јак и убав за око фудбал.Замена за Стротман ако се покаже неговата повреда како хронична и замена за Бенатија.
Кај Лацио фали голман,рецимо некој како Барди,партнер во одбраната до Де Фрај.Не знам како ќе изгледа Хоедт до него,се надевам одлична аквизација ќе биде тоа.Појачување на нападот со класа напаѓач бидејќи во средниот ред веќе го имаат Морисон,само прашање е дали си ја средил главата,инаку има огромен потенцијал во него.
Sent from my Nexus 4 using Tapatalk