Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Немој да се брукаш, те сметам за далеку посериозен тип.Недвед мора да докажува зошто е потребен за да не заврши во пакистанска лига како една друга легенда.
Тоа е проблемот што не ја исфрли со рака туку со глава. Може малку откако ја удри со главата да му се подлизна од раката, но топката веќе одеше кон корнер. Прегледај подобро па ќе видиш.@Mondonico
Нешто се зачитав низ постовиве на темава и налетав на оној твојот за тој пеналот на Интер против Парма, кога играше Ибра кај нас. Ајде ти објасни ми како тоа врска немало од пенал, а типот со рака ја исфрли топката во корнер? Мислам, нема врска што е Интер во ситуацијава, и Јуве и било кој друг да беше тоа е чист пенал. Играње со рака не е дозволено на ниеден дел од теренот, освен ако со раката не браниш дел од телото, пример стомак, тестиси, лице... А тој од Парма, не видов кој беше, место со глава со рака ја исфрла топката во корнер а ти викаш врска немало од пенал. Не разбирам најискрено.
Брат јас се брукам или некои што објаснуваат дека Тоти бил никој во Италија пошо немал освоено 10 Скудета и како Јуве бил повеќе оштетен од Рома.Немој да се брукаш, те сметам за далеку посериозен тип.
Незнам кај си видел дека јас лично ја деградирам големината на Тоти.Нит сум кометентен, нит можам и да сакам.Брат јас се брукам или некои што објаснуваат дека Тоти бил никој во Италија пошо немал освоено 10 Скудета и како Јуве бил повеќе оштетен од Рома.
Само TheWhiteMamba и по некој друг напишаа дека победата беше благодарение на судиски грешки и дека реално екипите беа изедначени на терен.
И толку од мене за утакмицата, се надевам наредната ќе сме во полн состав и со подобар судија.
Пак битен фактор има играно во серија Б, oн има златна топка...тоти па има златен медал на светско првенство...Тој што играл во Серија Б, има освоено златна топка, и покрај сите понуди тоа лето, тој не го напушти клубот... И покрај тоа што што остана со тимот во најтешките моменти, сепак пак има повеќе направено на клупско ниво одколку курлено што прво почна да провоцира.
И за едно нешто е во право Недвед... да имаше некој фудбалер во Јувентус таква изјава, одма ќе го седнеа на клупа, или во најлош случај ќе го продадеа, па макар и капитен да бил на тимот... за разлика од тимот кој се пали на ваквите изјави на Тоти.
Тука се гледа разликата на големината помеѓу Рома и Јувентус, како што нагласи Недвед а не тоа кој каде играл... многу неутрални фанови (најчесто антијувенташи) не му ја разбраа изјавата, или пак несакаа да му ја разберат
Само брбушки да се јадело.Види 15 секунда каде прославува, и побарај видео какви гестикулации им прави на навивачите на Јуве, пред да појди кај местото на трибини кај што се навивачите на Рома. Затоа беше реакцијата на Бонучи.Тоти прославуваше пред навивачите на Рома.
Да да. Еве да речеме некој го имаат префрлено во Сериа Б, а друг некој го имаат и префрлено ама имаат и испаднато, овај де, една сезона биле ПОСЛЕДНИ во Сериа А. И тие истите во моментов, не се ништо поарни од Парма,Џенова и Сасуоло, и изиграваат дрвени адвокати.Koга веќе знае толку да кажува нека кажи и дека тоти нема никад играно во Серија Б за разлика од некој.....
Пак битен фактор има играно во серија Б, oн има златна топка...тоти па има златен медал на светско првенство...
Невед имаше 34 години кога ги префрлија во серија Б...на тие години тешко дека има некоја познајчајна финански понуда од тоа што веќе го земав во јуве..и не е во ништо во споредба со понудите Тоти кои ги има добивано за да си оди од рома во тек на цела кариера и во моменти кога рома биле во многу лоша ситуција...
Да ама Канаваро отиде како најдобар играч на светско првенство и после можеби најдобрите партии во негова кариера...Затоа пишав на клубско ниво, не на репрезентативно, каде што Чешка е едно, а Италија е сосема друго.
Канаваро појде во Реал со наполнети 33 години, а верувај Јунајтед многу притискаа да го доведат Недвед тоа лето, само што овој реши да остане.
И ако гледаме така, Јувентус во 2006 година беше во бетер ситуација од Рома, па овој остана...
Џенова има 9
Ќе бидам колку можам пократок.
Најпрвин, за првиот дел од постот. После ваква утакмица тензија нормално е да има.Темата го дозволува ова, дискутираме околу утакмицата. Не гледам навреди или нешто ептен недолично за темава. Модератор сум долго време, знам кога е време да се дигне ручна.
Сега околу останатото. Судијата ја усра утакмицата со обидите да искомпензира, факт. Не беше сигурен за стартот на Маркисио, па свирна после за раката на Маикон. Потоа, мислејќи дека со тоа ја оштети Рома, им даде нив пенал. И двата дискутабилни. За фаулот на Погба уште стојам дека беше регуларен, ијако не можам со сигурност да кажам. За голот на Бонучи сигурен сум дека беше чист како солза.
Како што гледам, вас повеќе ве раздразниле медиумиве како и изјавиве на Тоти, Бонучи, Марота, Руди и сите други одколку мислењата овде. Никој овде не рече дека Јуве докажа дека е појак од Рома. Напротив, како што кажав поназад Рома докажа дека може да биде рамноправен противник на овој Јуве. Се уште стојам на фактот дека Јуве заслужи да победи, меѓутоа не беше којзнае колку појак од Рома на утакмицата. А иначе, верувај секој од нас ќе преферираше тотална доминација како онаа лани одколку ова вчера, ама што е тука е. Заврши утакмицата, победивме, идеме даље.
И да, знаеш мене што ме нервира? Што кога и да се свирне сомнителен пенал за Јуве, одма сите скокаат. Ме нервира само кога се суди во корист на Јуве сите скокаат, и навивачи на Рома, и навивачи на Интер, и навивачи на Челзи и сите. Кога се свири против Јуве, сите траат. Засекогаш ќе бидеме “местачи“ во очите на сите ијако бевме и во втора лига, и управа сменивме, и стадион сменивме, и тим сменивме и се сменивме, ние сепак ќе бидеме местачи секогаш кога ќе се свирне нешто во наша корист. Зашто вие, Руди, Тоти и не знам кој не речете океј, судиски грешки се случуваат, идеме даље, сезоната е долга. Имаме време да се дигнеме после ова, една утакмица е во прашање. Докажавме дека можеме со Јуве да се рамниме. Но напротив, сите почнаа да скокаат, Руди и Тоти први. “Сезоната е наместена, Јуве треба во сопствена лига да игра кај што шеснаестерците им се поголеми“ бла бла. Глупости. Изреагираа ко мислиш Јуве 3 години по ред незаслужено е шампион на Италија.
Критиките за Јуве во Европа не ти ги коментирам, пошто не ти држат вода. Не е Јуве едини представник на Италија во Европа.
Да сумирам што ми е поентата на постов: Не го критикувајте Јуве за ова вчера. Свртете страна, заврши утакмицата, помирете се со поразот ваков или таков. Сезоната е долга, а сите знаеме дека Рома е достоен конкурент на Јуве. Се е можно.
Ипак, не бев многу краток, али морав да го кажам ова. Толку од мене околу ова.
Јас го прочитав, кога да го очекувам пивото?![]()


