Ќе видиме дали е исфорсиран или не. Ако одиме по твојата логика Јуве требаше да се бори за 10 место моментално бидејќи трансферите во претходните две години му се убиј боже, вака на хартија. Освен Пирло и Видал да речеме, другите се беа некои анонимуси. Барзаљи дојде од еден мочан Волфзбург, секое коло го мочаа, не знаеја каде тераат Волфзбург. Бонучи од Бари дојде ако не се лажам, а за овие Падион, Мадоин и да не правам муабет, тие за мене уште се анонимуси. Матри исто да не го заборавам, е едино Вучко така позвучно име беше кога дојде.
Нејсе, поентата не ми е да ги омаловажам играчите на Јуве туку да ти укажам на тоа дека не мора да значи дека Икарди е исфорсиран играч, во Сампдорија дошол од младинската школа на Барса, значи има нешто во човекот. Не велам дека ќе биде Роналдо али ние како фанови на Интер многу нормално е да се надеваме дека е добро засилување.