Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
па утре официјално ќе знаеме, треба службено Рома да ја добие, бидејќи утакмицата требаше да се одигра без публика, гостинскиот тим отиде во Сардинија и оној претстедателот на Кајари вчера му текна да ги повика фановите кои платиле карта да дојдат, а постои голем ризик доколку има фанови на тој стадион .. така да не може во Сериа А на кој што му текне тоа да прави, ќе си ја изгубиш утакмицата службено а и плус треба да добијат некоја казна, за големата несериозност .. доколку Рома не ги добие трите бода ќе биде голем срам за фудбалот во Италија, секој што сака ќе си праве ..

Па не е ова првпат, лани Наполи - Јуве зошто беше откажана? Демек времето бил лошо, а уствари играчите им беа испоумрени. Јуве како играше ЛЕ, со Познан на снег? Тоа не требаше да биде одложено?
 
Па не е ова првпат, лани Наполи - Јуве зошто беше откажана? Демек времето бил лошо, а уствари играчите им беа испоумрени. Јуве како играше ЛЕ, со Познан на снег? Тоа не требаше да биде одложено?

чекај малку .. тука беше одлучено да се игра без публика, бидејќи е премногу ризично да има толку многу фанови на стадионот, одлука одамна донесена и играчите на Рома отпатуваа за Сардинија и во последен момент претседателот на Кајари ќе се прави паметен ќе ги пушта навивачите на стадион, тука нема логика, можеби вас Наполи и Познан ве изиграле квалитетно, ама во оваа ситуација е ептен кретенска одлуката на претседателот на Кајари, а незнам ни самиот што сакаше да постигне, дали тој мислеше дека ќе му прогледаат низ прсти и утакмицата ќе се одиграше а стадионот немаше да се распадне :tapp: .. ова е ептен сериозно и неможеш ти играчки да си играш .. а за Јуве ти кажав, не можеме да ги споредуваме ситуаците на Јуве со оваа ..
--- надополнето: 24 септември 2012 во 03:32 ---
(y)
23veph0.jpg
 
еве како се правда претседателот на Кајари
“I invited the fans to come to the stadium to avoid chaos,”
“Dear Abete, I am not the shame of football. In 21 years I have never been deferred to the Disciplinary Commission over fake passports, referees, doping or false accounting. For others, however, the facts speak forthemselves.”

а незнам зошто се изразил вака за ова болдираното, на кого ли помислил :icon_lol:
 
Дури од вчера ја превеше математикава, или време ти требаше дигитрон да најдеш? :icon_lol:

Oд дамна си знам али еве сега си коментирам... Да ја живнам темава..
--- надополнето: 24 септември 2012 во 10:27 ---

Утре го очекувам истиов резултат :P
 
Не ги одбра парите, туку ја одбра довербата на Јуве, онаа која Милан не му ја понуди, онаа која тој лани ја оправда.

Греота е да речеш дека ради парите замина. На крај краева, нели катастрофа бил? Why hard feelings then? Или кога ви ги затна устите на сите со прошлата сезона, па од пусто криво што ви беше бидејќи го изгубивте за канта лешници тогаш се побунивте предавник ѓубре а у. Човекот не играл доволно во Милан, не се осеќал корисен ради Алегри, дремел на клупа, ја изгубил формата и сакал нов предизвик. Зашто поради тоа да се обвини?
Kaтастрофа беше...да останеше во милан и редовно да играш пак никогаш немаше да ја има истата форма..и незнам зашо го мешаш алегри кога пирло и пред да дојде алегри играше во очајна форма.... Во милан го доби договорот што го заслужи со игрите последниот период... Обвинуван е пошо отиде во директен ривал... А можеше да иде кај сака... Човекот беше 10 сезони во милан...Икона беше едно време... Колку што направи Пирло за милан толку и милан направи за него.... Генијалноста на Анчелоти го направи Пирло играчот што е денес... Така да неможеш да очекуваш дека ќе биде се во ред кај нас фановите од милан...И пак ќе ти кажам Пирло и пред алегри играше во очајна форма така да Алегри не е кривецот.... А пирло можеше да постапи Како што постапија Неста , Гатузо , Сидорф и ќе останаше на исто рамниште на почит ко тие што го добиваат...или па можеше да отиде во странство а не да остане во италија... тебе сеедно ќе ти биде Буфон или киелини после толку години во Јуве да дојдат во милан ???
--- надополнето: 24 септември 2012 во 12:29 ---
Ееее Јуве има повеќе бодови од интер и милан заедно ...
Браво за нив
 
Во меч кој Јуве го добил 0-5, судиите им помогнале. Цццц и тоа чудо го прочитав:facepalm:
 
Во меч кој Јуве го добил 0-5, судиите им помогнале. Цццц и тоа чудо го прочитав:facepalm:
Па и со Челзи ни помогнаа судиите, не памтиш?

А да, и скудето го освоивме со помош на судиите? Шо се прајш сеа на 3ипол...

:pipi:
 
Ќе треба да се слави на темава изглеа,како што почна палермо втора лига не му бега,освен ако зампарини не измисли нешто:D.
 
Kaтастрофа беше...да останеше во милан и редовно да играш пак никогаш немаше да ја има истата форма..и незнам зашо го мешаш алегри кога пирло и пред да дојде алегри играше во очајна форма.... Во милан го доби договорот што го заслужи со игрите последниот период... Обвинуван е пошо отиде во директен ривал... А можеше да иде кај сака... Човекот беше 10 сезони во милан...Икона беше едно време... Колку што направи Пирло за милан толку и милан направи за него.... Генијалноста на Анчелоти го направи Пирло играчот што е денес... Така да неможеш да очекуваш дека ќе биде се во ред кај нас фановите од милан...И пак ќе ти кажам Пирло и пред алегри играше во очајна форма така да Алегри не е кривецот.... А пирло можеше да постапи Како што постапија Неста , Гатузо , Сидорф и ќе останаше на исто рамниште на почит ко тие што го добиваат...или па можеше да отиде во странство а не да остане во италија... тебе сеедно ќе ти биде Буфон или киелини после толку години во Јуве да дојдат во милан ???
Не реков дека не бил катастрофа. Иначе Алегри го мешам бидејќи токму неговата тактика и неговите одлуки да дреме Пирло на клупа а да играат Амбро и Ван Бомел биле клучни затоа што си отишол од Милан (види поназад линк ставив што има изјавено Пирло). Кај можел да иде? Од кај знаеш ти кој друг тим му понудил договор? Можеби проектот на Јуве му се допаднал највеќе, можеби сакал во Италија да остане ради семејството, не можеш ради тоа да го обвинуваш. А доколку Киелини падне драстично во форма, не игра како порано што играл, ние го третираме никако да не речам како :гомце:, му нудиме пократки договори од Падоин, не би го кривел ама ич ако отиде во Милан.

Како што реков, Пирло покажа дека уште е класа играч и затоа вие уште повеќе го мразите. Дали му требал нов предизвик да се пронајде, дали му требал нов тренер, дали не знам што му требало, ама тој сеуште ја имал класата во него и ја покажа за само една година во Јуве, факт.
 
Одамна нема јадено волку ремет Крудели :pos:...дури и коментаторон за Интер зема да му се смее :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom