Е сега веќе се плашам од Наполи

. Не, озбилно овие ПСЖ не се со сите. 63 милиони бе луѓе, не можам да го сфатам тоа. Мислиш парите од небото паѓаат. Дури и самиот Де Лаурентис рече дека цената која ја плаќаат за Кавани е апсурдно голема. Сега ако Наполи се паметни, можат да станат квалитетен тим. Можат да изградат стабилен состав за неколку сезони па потоа само да се надоврзуваат. Едноставно сега е шансата Наполи да стане постојан учесник во првите редови. Овие пари треба да ги искористат на класичен напаѓач, а и се разбира да ја подобрат одбраната. Ако си оди Зунига и таму ќе им треба играч, а исто во централна средина може да доведат некои квалитетни играчи. Оти они и сега имаат тим, ама немаат никаква клупа и Мацари оваа сезона главно играше со истите играчи, што во одредени периоди се покажа клучно за слабоста на Наполи.