Кога лани Страмачони го назначија за прв тренер на Интер, морам да признаам дека многу ми се допадна. Се сеќавам првиот натпревар му беше оној 5-4 со Џенова кој играчите на Интер го одиграа со голема желба и борба, што очигледно беше иницирана од страна на Страма

. Потоа не вадеше одлични резултати Интер, но сепак играа мотивирано ако не повеќе. Се гледаше дека тимот нема многу квалитет, но имаа смисла нивните натпревари. Играа машки пред се.
Оваа сезона е различна приказна. После несигурниот старт почна Интер да вади одлични резултати. Но според мене не беше тоа вистинската слика. Штета што не бев тогаш член на Кајгана, доста ќе сум дискутирал со Интерашите

. После неколку добри натпревари, Страма ја тргна настрана добрата и атрактивна игра и гледаше само да победи. Јас сум првиот кој ќе каже дека во фудбалот најважно е да се победува на било кој начин. Но, за да имаш право да победуваш без игра, прво мора да победуваш со игра. Нешто што младиот тренер на Интер го прескокна. Даде чекор повеќе. Кога мислам да се победува со игра, мислам не на неколку натпревари, туку на подолг временски период. Тогаш престана да ризикува и започна да игра (како што му рече човекот чиј ник го носам

) провинциски. Се сеќавам на победите пред се со Катанија и со Сампдорија. Со Катанија, Ханданович се утепа од бранење на 1-0. Катанија редеше шанса врз шанса, а Интер чекаше на контра. Со Сампдорија бетер. На 1-1 резултат Сампдорија со играч помалку напаѓаше, Интер ја украде топката и со контра напад прејде во водство и го доби натпреварот.
После следуваше врвот и онаа фамозна победа на Јувентус стадионот. Тој е посебен натпревар и едноставно не може да се објасни, бидејќи припаѓа на оние натпревари кој се иставуваат од нормалниот тек и се разбира се случува еднаш во 10 години. Исто беше кога Јуве беше послаб од Интер, а го победуваше. Тие се натпревари каде преовладува бесот, мотивацијата и достоинството против (пре)високата самодоверба и ароганцијата. Е овде пријатели ја погреши Страмачони. Тој помисли дека Интер го победи Јуве поради супериорен квалитет, а не погледна реално дека оние фактори кои ги набројав горе беа клучни.
Верувале или не јас веднаш после тој натпревар реков дека Интер не оди никаде. Следната недела Интер играше со Аталанта во гости и го играв чист кец, не од навивачки аспект, туку стварно верував во тоа. Се гледаше немоќта и во плачењето по сомнителен пенал против Калјари во 90мин и после сите ја знаеме приказната која води до ден денеска. Почна да излегува реалната слика на виделина дека Интер даде чекор повеќе од тоа што го можеше и веруваше дека тоа е од квалитет и способност, а не од моментална мотивација и среќа ќе се осудам да кажам.
Извинете што го тупам, ама досадно ми е и си викам да си отворам тема на дискусија

.