Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.694
- Поени од реакции
- 49.147
Далеку од тоа дека Порто биле со светска класа играчи, освен Деко, види како се развиваше кариерата на истите после Мур, Дерлеи и оној јужноафриканецон, име му заборавив, мислам Мекарти се викаше односно презиваше, у Блекбурн потоа отиде, овие му беа главни во нападот, Карлос Алберто позади нив, во средина Маниче, десен бек Переира, останатите не ги памтам ... све тоа беа второразредни фудбалери кои само под негова капа пркнаа, Карлос Алберто у Верден отиде не памтам дали воопшто заигра за нив, дрво беше, Маниче у Интер еден период клупа да грее, имаше уште еден од средина, у Аталанта играше.Знам колку јаки беа Звезда и Југославија, не бев толку многу мал тогаш (имав 9 години). Муабетот ми е дека и Порто беше полн со светска класа играчи ама настрана ова, на нив им се поклопија коцките и освен Ман. Јунајтед не елиминираа ниеден јак тим. Играа со Лион, Депортиво, Монако и во групата со Реал, Марсеј и факинг Партизан притоа од Реал ги изгубија двата меча. Таа 2004 се играа најгнасните полуфиналиња во историјата на ЛШ а за финалето да не зборам. Ми текнува дека на некоја друга програма идеше добар филм одприлика во исто време и едвај се одлучив финалето да го гледам за да не ми раскажуваат после во маало![]()
Не зезај, освен Карваљо еве и Деко, пред Се вториов, друго све беше за никаде али со неговите методи на работа све функционираше перфектно, доволно за огромни успеси на тој тим.
--- надополнето: 1 февруари 2013 во 23:26 ---
За ова имаше нешто напишано Сузи Кампанале или као и да се презиваше типката, за Милан што навива, ептен буквално бил сватен судијата односно неговата изјава била толкувана како што им одговара на Јуве, а можело као демеки различно да се протолкува, нејсе, играчи на Интер у клучен период од годината во 2010 беа суспендирани ради наводно удирање на играч на Сампдорија во тунелот, и тоа не било кој, Камби, нешто што Сампдорија како клуб официјално со соопштение потпишано од претседателот на тимот го негираше и потенцираа дека такво нешто никад не се десило, џабе, дури ни тоа не беше доволно за да Интер го јадат ...Разликата е шо сега судијата си призна оти не му било по ќеф да свирни пенал. Значи не е невидел, мислел не е пенал или друго понормално оправдување туку НЕ МУ БИЛО ПО ЌЕФ ДА СВИРНИ ПЕНАЛ!?!![]()
Така да ова е ништо у споредба со низа други преседани што се дешавале во првенствово ... и ќе продолжат да се дешаваат али реков, ова со судииве, суспензииве е најмал проблем, претставува проблем тоа е точно, ама финансиите, приходите кои не постојат и клубовте само губат пари, немањето асални стадиони, публика на стадиони јок и низа други елементи се далеку поголем проблем на кој треба да се работи, а никој со прст не мрда. Тоа се работите кои мора да се сменат за да Калчово се врати таму каде што припаѓа, судењето и останатите пропратни елементи под дифолт ќе се поправат кога и целокупниот стандард на лигава ( драстично ) ќе порасне.