Морати е сосема различен претседател во однос на 99% од претседателите на другите тимови. Него Интер му е милениче, со децении Интер припаѓа на фамилијата Морати, прво татко му па сега и Масимо е претседател, а не се сомневам дека неговиот син набрзо ќе го превземе клубот во свои раце. За мене бил, е, и ќе остане најдобар претседател на светот. Е сеа некогаш има и доста сушни сезони како онаа ланската, се прават и грешки, се купува и Грешко

, но во глобала Морати му мисли, а и му прави најдобро на тимов.
Слична е приказната и со Јуве,
Марота се долги години во тимот и баш ми е мило што клубовите имаат вакви претседатели, пошо многу е лошо кога се мења претседател на секои 5 години и претседател на кој клубот му служи за да испере пари и да си отиде ко ништо да не се десило.
Знам за Масимо дека во последните 10 години ако не се лажам има дадено преку 1 милијарда евра од џеб за да ги покрие загубите што Интер како клуб ги стекнувал во текот на една сезона. Ова не би го направил секој претседател, сигурен сум во тоа.
А за Ибра големи заслуги има Бранка, тој го договори овој дил, секоја чест за потегот, иако лани имаше некои катастрофални трансфери сепак не можам да кажам лоши зборови за него.