Serie A 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако Монти побара суспензија на Калчото 2-3 години , ние навивачите ќе побараме доживотна суспензија на Политичарите во светски рамки.;) Може да се согласиме сите околу ова мислам...
Maргарет Тачер на времето издејствува забрана за играње на англиските клубови во Европа 5 години поради трагедијата во Хејсел, така да не е случајност ова барање на Монти ама е преригорозно но сепак мора нешто да се превземе бидејќи на површина излегуваат многу гомнарии кои не смеат да бидат дел во фудбалот, сепак за Италија правиме муабет ама очигледно она мафијашкото у нив не можат да го искоренат, знаат каде да удрат луѓево од страна што се бават со вакви работи, каде ако не во Италија ?

Знам дека на играчи на Интер лани им било понудено против Лече да ја наредат, пак да тепаат дома со нив ама два у кец да биде, нешто во тој стил ако не се лажам ( во период кога ги стигаа Милан на табела ) ама овие категорично одбиле и мечот заврши 1-0 мислам, во второ Пацини даде гол. Чим дошла работава до големиве клубови значи апла фудбалскава мафија си има замешано тука прсти и ако пример, нема гаранција дека истата е целосно искоренета од фудбалска Италија мене лично нема да ме изненади некаква таква ригорозна одлука од страна на италијанската влада, или пак УЕФА да почне да превзема некакви остри акции.
 
Maргарет Тачер на времето издејствува забрана за играње на англиските клубови во Европа 5 години поради трагедијата во Хејсел, така да не е случајност ова барање на Монти ама е преригорозно но сепак мора нешто да се превземе бидејќи на површина излегуваат многу гомнарии кои не смеат да бидат дел во фудбалот, сепак за Италија правиме муабет ама очигледно она мафијашкото у нив не можат да го искоренат, знаат каде да удрат луѓево од страна што се бават со вакви работи, каде ако не во Италија ?
.
Што знам друже, се мести во сите лиги ,ајде ако се суспендира калчото да речеме, што правиме со Романија,Полска,Чешка,Русија,Србија,Хрватска,Германија,Англија чемпионшип+2,3,4,Шкотска 2,3,Турција...и да не ги редам . Секој што влегол во обложувалница, на 2риот пат сватил дека се мести на големо, во сите лиги.
Инаку ми се згади од изјавата на овој Монти, се жали типот зошто некој од долговите на клубовите се покривале со јавни пари, незнам што точно сака да каже, но со чиј пари тој си го шета Газот по цел свет, се вози у Мечка од 200к , и спие у претседателски апратмани ?
И не верувам дека ова може да се случи од финансиски причини најмногу, колку пари ќе изгубат и телевизиите, и клубовите и плус што безброј фамилии ќе останат без месечни примања,без работа.
 
Епа тоа ми е муабетот, што во тој контекст Италија ја ставаме во група на пародични првенства, јавна тајна е дека се мести, се дур постои кладењето во било кој спорт на ваков или онаков начин ќе се редат натпреварите, ама сепак Италија е една од 4те земји во Европа кои се двојат бајаги од останатите според квалитетот, а со тоа и во Светот се едни од најдобрите а они почнуваат да наликуваат баш на оние кои ги наброја.

Инаку ни ја нормално не верувам тоа да се деси, али може да рокне нешто апла големо за да на некој начин се минимизира овој проблем и скоро и целосно да се искорени од главното фудбалско првенство во таа земја.
 
Јас би рекол дека се преувеличуваат работите, како да се откри топла вода, па кога и на локалните телевизии во МК ова беше ударна вест пред 2 дена :facepalm: . Голем скандал ја тресе Ита. На еден информативен сајт на фб имаше наслов Шок Шок Шок :tapp: . Јас не сум шокиран. Ова е мачкина кашлица, бар досега за тоа што се товарат лицата инволвирани.(давање непотребни бодови на тим кој му треба) . Италијаните си се сами криви за сето ова сепак. И пак ќе страда репутацијата на Италијанската лига , заедно и виновни и невиновни. Не ми се допаѓа целата работа, не на начинот на кој се случува.
 
Најарно на сите да ни се даде суспензија за дискутирање во форумиве на фан клубовите пошто ептен тролате ... Посебно чилинг лајк а вилиан....
 
Нема 2-3 години фудбал во Италија и што е решено со тоа? Со тоа е изгубена можноста после 2-3 години да има местење во Италија?! И каква ќе биде штатета од тоа? Прво ќе се разбегаат фудбалерите во странство, а така ќе се изгубаат сите играчи, сите добри играчи кои имаат повеќе од 18 години. Сите овие ќе отидат во странство и ќе бидат врзани со добри договори, а нема да сакаат да се вратат во лигата и да можат (за 2-3 години), затоа што таа ќе биде на ниско ниво. Со ова не се губат 3 години, со ова ќе се изгубат и 10 години за да се дојде до силна лига. Некој мисли дека Јуве, Милан, Интер ќе бидат барем пристојни добри екипи тогаш?! Ове екипи ќе бидат на ниво на Бате Борисов (во најдобро сценарио) барем после некоја сезона. Кои млади фудбалери ќе останат во овие екипи, што ќе се случи со младинските погони, се што вреди ќе бега..

Што е со спонзорите и инвеститорите? Баш би било интересно да се види нивната реакција, а посебно (не)довербата во Италија, па да видам колку од нив ќе се вратат и ќе се нафатат да инвестираат во лигата додека да застане на цврсти нозе, а без финансии не знам како може тоа брзо да се случи.

Што е во веќе вложените пари, луѓе кои инвестирале во фудбалот и чекаат резултати (титули, заработка со продажба на играчи, стадиони и сл.)?

А и да го видам тој јунак што ќе забрани фудбал во Италија! (Посебно премиер кој нема добиено легитимитет на избори.)

Нека воведат построги мерки. Фатен играч дека местел натпревар доживотна суспензија, строги затворски казни за нив и за луѓето што се вмешани, забрана клубови кои се вмешани да учествуваат во сите натпреваруања неколку години, и малку од малку ќе се намалат работите.
 
Сеа читам Виери го наместил натпреварот Интер - Лече одигран во 2001 ( незнам точно дали сезона 2000/2001 или 2001/2002 )
 
Смрди лигава бе ... колку и никогаш да не сум сакал да бидам со став против Калчото. Сите местат дури и најлошото е што си земаа преголема дозвола се удира кај што е медот на јаките игри по кладилнициве. Разлката со местењето во другите лиги е што во Италија се практикуваат и оние местенки за добри односи јбг нека дојде и папата нека ме убедува ама годинава Милан им пушти чисти 3 бода на Фиорентина. Најлошото е што јако ја товарија полувреме крај ... Ама нејсе ќе им дојде и на нив редот еве ги еден по еден сега почнаа да пеат дојде работата и до репрезентативци.
Стадионине им се празни, судиите им се ужас, разлика помеѓу тимовите енормна, резултати во европа лоши... некој потег мора да се превземе суспензија од европа е ептен ригорозно но може да се појача финансиската инспекција во клубовиве, ама најбитно од се е фановите да сватат дека се манипулира со нивните чувства... Казната клубовиве треба да ја осетат од навивачите а не од надлежните. Бојкот на поголем дел од утакмиците,намалено купување на реквизити од клубот, смалување на побарувачката за скај-тв пакетот би бие полн погодок но тешко изводливи. До ефектот може да се дојде само доколку се инволвирани и фановите, секој друг начин ќе биде заобиколен од махерите за лажирање утакмици пошто се работи за најкорумпираната држава на светот ...
 
grcLt.jpg
 
Мора да има вакви скандали . Мора да се дознае се и сешто , ете репрезентативци ееееее до кај дојде работава . Ама ако , нека пропеат сите кој сака нека е . Мора полека да се искорени ова .
Па нареден пат кога ќе им речат да местат нека размислат два пати .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom