Kostic
Sadio smokve oko Tadz Mahala
- Член од
- 31 јули 2009
- Мислења
- 9.856
- Поени од реакции
- 5.611
Серија А (сега нарекувана и Serie A Tim поради спонзорството со Телеком Италија) е професионална италијанска фудбалска лига, која е прва по ранг. Во лигата се натпреваруваат 20 тимови, од кои последните 3 испаѓаат во втора лига, а првопласираната го освојува шампионатот.Вкупно се играат 38 кола во текот на целата сезона. Првите три екипи (Милан, Интер и Наполи) директно се пласираат во Лига на Шампиони, а четвртопласираната (Удинезе) ќе игра плеј оф.
Серија А како фудбалска лига опстојува повеќе од 80 години, поточно од 1929 година. Серија А е фудбалска лига која ``произвела`` највеќе европски финалисти во ``битката за европски шампион`` (26 пати) од кои тие 26 пати, 12 пати биле европски шампиони.
Во историјата на оваа италијанска фудбалска лига во текот на историјата најчесто броела 16 до 18 фудбалски клубови, каде од сезоната 2004-2005 се натпреваруваат 20 клуба. Во сезоната 1947-1948 лигата броела вкупно 21 тим, нормално поради политички причини.
- 16 клуба = 1934–1943, 1967–1988
- 18 клуба = 1929–1934, 1952–1967, 1988–2004
- 20 клуба = 1946–1947, 1948–1952, 2004–present
- 21 клуб = 1947–1948
Јувентус (27), Милан и Интер (18), Џенова (9), Болоња, Торино, Про Верчели (7), Рома (3), Фиорентина, Наполи, Лацио (2), Каљари, Чезале, Новесе, Верона, Сампдорија (1)
Треба да се напомене и дека за време во сезоната 1926/1927 шампионатот бил освоен од страна на Торино, но поради местење на натпревари им бил доделен трофејот на Алеманди.
Во сезоните 2004/2005 и 2005/2006 Јувентус беше 2 пати шампион на Италија, но поради скандалот Калчополи односно местење на натпревари, 2-те титули им беа одземени, односно титулата од сезоната 2004/2005 им беше одземена и недоделена на никого, а титулата од 2005/2006 им беше доделена на Интер.
Во оваа лига најдолг стаж има Интер со 80 сезони, Рома и Јуве со по 79 сезони, Милан со по 77 сезони и Фиорентина со по 73 сезони.
Новите 3 екипи, односно првите 3 пласирани екипи од Серија Б се преселија во Серија А, а тоа се тимовите Аталанта (Серија Б шампиони) Сиена(второ место) и Новара каде се пласираше преку плеј-оф- от.
Играчи кои што играле во оваа лига и освоиле златна топка :
Лотар Матеус, Марко ван Бастен, Роберто Баџо, Жорж Веа, Роналдо, Зинедин Зидан, Канаваро, Кака и Андриј Шевченко.
Ај и ја да бидам малце корисен за форумов.
Дискутирајте.