Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Шведска и Данска апла ја наместија 2-2 ако не се лажам само Италија да отпадне, башка на европско и какви санкции имаше? Не гледам зошто ако на двата тима им одговара еден резултат да не одиграат така. Кога можеле репрезентации да одиграат резултат кој е поволен за двете екипи зошто да не можат и останатите? Се останато доколку е поврзано со кладилници треба да се казни, али договор помеѓу две екипи имало и ќе има и не гледам кој може да го спречи тоа. Гледам многу го напаѓате Конте :D, посебно биланистите, трн во око им е човекот јбг, разлистајте само ако толку ве интересира какви глупости тресе типчето кое го обвинува и се ќе ви стане јасно.Зошто овие работи не се случуваа кога Јуве беше 2,3,7? Јбг премногу ''случајности'' :)
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Изгледа и Буфон ќе оди на сослушување.
Не сум изненаден, после изјавите дека наместените натпревари не се лоша работа доколку и двата клуба имаат бенифит од тоа, и дека да се биде искрен не се исплаќало...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.773
Поени од реакции
3.849
Ок, време е Италија да организира воспитување на карактерот
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Не дај боже да се посере некој од играчите на Јуве, докази ќе им бараат и во гомното...
--- надополнето: 30 мај 2012 во 20:22 ---
Koмплекс левел : 1000+
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
гомна да јадат најголемите математичари у историјата!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.748
Don't shoot the messenger

La Guardia di Finanza is conducting investigations on Buffon for issuing of checks for 1.5 million to a legal betting shop in Parma from January to November of 2010. Checks amounts are as low as 50 thousand to the highest to be about 200 thousand euros.

Инаку Конте и Бонучи се под истрага уште од 3ти Мај ( on charges of sports fraud and criminal conspiracy ).

Не очекував дека ваква насока ќе добие скандалов, инаку како што реков пред некој ден се знаеше дека се чека крајот на сезоната за да се почне, знаев дека ќе ја прават голема работата ама не и дека имиња ко Буфон и Конте ќе бидат спомнувани, или индиректно некој од големиве тимови ко Јуве, Интер, Милан па и останативе.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Донт вори,нема ништо за Бонучи и Буфон,верувајте вие во се и сешто,медиумите затоа се тука,да пишуваат за тоа,а ние сме тука да веруваме во се.Интересно е како секогаш медиумите се во право и секогаш знааат се предвреме.Интересно е и како се се дешава ова за играчи на Јуве и за Конте кога Јуве освои скудето.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.748
Донт вори,нема ништо за Бонучи и Буфон,верувајте вие во се и сешто,медиумите затоа се тука,да пишуваат за тоа,а ние сме тука да веруваме во се.Интересно е како секогаш медиумите се во право и секогаш знааат се предвреме.Интересно е и како се се дешава ова за играчи на Јуве и за Конте кога Јуве освои скудето.
Не памтиш како се одвиваше Калчополи очигледно.
Ја не сакам да има големи скандали и казни кои негативно ќе се одразат врз Серија А ама работава како и да ја вртиш е сериозна и Јуве многу лесно можат да останат без тренер ако се докаже дека Конте знаел за местенки а не реагирал, обвинение кое доаѓа од негов поранешен играч кој тврди дека сите во тимот на Сиена, вклучувајќи го и Конте, знаеле за нареден натпревар, тоа детално го опиша. И УЕФА има строги правила за луѓе кои се под истрага, ја само читам и си го ладам, не се умарам многу, ама муабетов со медиумиве колку што ти е точен толку и не ти е, зашто Се што најавија истите тие медиуми сега се реализира, а слично вака беше и за време на Калчополи.

Ќе видиме, времето ќе покаже, ја само се надевам дека колку толку ќе го исчистат ѓубрето од фудбалот и колку толку ќе се минимизираат местенкиве кои секаде ги има, ама жабариве очигледно ја претерале.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Не памтиш како се одвиваше Калчополи очигледно.
Ја не сакам да има големи скандали и казни кои негативно ќе се одразат врз Серија А ама работава како и да ја вртиш е сериозна и Јуве многу лесно можат да останат без тренер ако се докаже дека Конте знаел за местенки а не реагирал, обвинение кое доаѓа од негов поранешен играч кој тврди дека сите во тимот на Сиена, вклучувајќи го и Конте, знаеле за нареден натпревар. И УЕФА има строги правила за луѓе кои се под истрага, ја само читам и си го ладам, не се умарам многу, ама муабетов со медиумиве колку што ти е точен толку и не ти е, зашто Се што најавија истите тие медиуми сега се реализира, а слично вака беше и за време на Калчополи.

Ќе видиме, времето ќе покаже, ја само се надевам дека колку толку ќе го исчистат ѓубрето од фудбалот и колку толку ќе се минимизираат местенкиве кои секаде ги има, ама жабариве очигледно ја претерале.
Памтам,сето тоа беше креирано од медиумите,клучниот доказ и ден денес не го слушнав,дека Моџи местел утакмици,тогаш Ањели не беше да го брани Јуве,сега одма се свика прес-конференција,нема да се деси тоа. Ај сеа во што веруваш ти и другите,еден играч го обвини Конте а потоа цел тим демантираа и претседателот,сите медиуми ја пренесоа изјавата на играчот и поверуваа без никаков доказ и тие изјави од другите ги нема,зашто?затоа ти викам,новинарите се смрдливи копилиња,ти не од што даваш теории од објективност,ти само читаш Конте бил обвинет и готово поверува,зашто би поверувале сите на еден играч а не на цел тим?Кажи ми зашто не го изјави ова лани,прехлани,кога Јуве беше 7 место?ако знаел што не кажал одма?зашто се се дешава кога Јуве после 6 години е шампион?

тој играч изјави дека претседателот на Сиена им кажал да изгубат од Варезе а знаеш како заврши таа утакмица?5-0 за Сиена,кажа дека и Новара - Сиена требало да заврши нерешено без голови али завршила 2-2. И зашто сеа сите медиуми му веруваат на дечково? зашто никој не верува во цел тим на Сиена,е тоа е антијуве пропаганда на медиумите.

П.С. Бонучи не е ни повикан на истрага а ни Буфон не е повикан на информативен разговор,тоа е масло на медиумите по којзнае кој пат и верувате дека сте антијуве.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.748
Oбвинителниот акт на Моџи најди го изанализирај го цел па излези со тврдење дека е казнет за ништо и од фудбалската федерација и од граѓанските судови кои немаат допирна точка со фудбалската федерација на Италија, судење кое беше јавно а не скриено од очите на јавноста.
Тоа дека Моџи е казнет за ништо ти е смешно тврдење, изгледа и Џируаудо е казнет за ништо, човек кој сам побара брза постапка за судење и човек кој исто така беше прогласен за виновен. За ништо граѓански суд не е изводливо да те казни, тоа само во некои недемократски земји, не и во Италија, нејсе, немам намера да го водам тој муабет ама чим го начнуваш мое е да ти одговорам зашто испаѓа дека правиме муабет за Белорусија и Азербејџан, а не за Италја.

А дека новинарите се смрдливи копилиња знам, ама знаеш како викаат, каде има чад таму има и оган, не треба ова да се зема ко небитна информација и слично, со апсења веќе почнаа а немаат намера да прекинат, никој не знае што е следен чекор. Инаку играчот кажа дека во соблекувалната им дошле луѓе кои им пренеле дека мечот мора да заврши нерешено, пред сите играчи и пред цел тренерски кадар, нешто што не е дозволено во фудбалот, а не дека потрефил нерешен резултат. Ме мрзи сега да го најдам неговиот цитат, али зашто па би измислувал.

Како и да е, реков, don't shoot the messenger, ова е последно инфо за овој нов скандал, и ја го ставив на соодветно место, како ќе заврши истиот треба да почекаме летово, да видиме што е следно, што открила ново истрагата и слично.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Интересно како баш сега му текна на типот од Сиена за некакви си местенки муабет :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.748
Интересно како баш сега му текна на типот од Сиена за некакви си местенки муабет :)
Финтата е што ја отворија Пандора уште лани со апсењата, нели Сињори беше уапсен, Дони исто го казнија и он заврши под лисици, и така почна све, почнаа да пеат и да се откриваат низа други работи, се апсеа лица кои не се италијани, еве гледам сега некои унгарци биле вмешани, некои кладилници од Сингапур ли беше, појма неам, може грешам за последново, не е ни битно.

Разоткриена е голема мрежа и сега полека почнуваат да се отплеткуваат работите и некои работи да испливуваат на површина.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Типот од Сиена бил фатен во небрано па рекол ај уште некој да повлечам со себе и кажал дека и Конте знаел за местенката.
Ова ме потсети на случка од пред 13-14 години:
Со еден другар крадевме лименки пиво од фрижидер на една продавница. Помина еден комшија и не виде ама ништо не ни рече. Јас му викам на другаров:
-Што ќе правиме ако не каже на газдата?
...а другаров одговара:
-Па што, ќе речеме, а демек ти не крадеше со нас!:)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.748
Типот од Сиена бил фатен во небрано па рекол ај уште некој да повлечам со себе и кажал дека и Конте знаел за местенката.
Ова ме потсети на случка од пред 13-14 години:
Со еден другар крадевме лименки пиво од фрижидер на една продавница. Помина еден комшија и не виде ама ништо не ни рече. Јас му викам на другаров:
-Што ќе правиме ако не каже на газдата?
...а другаров одговара:
-Па што, ќе речеме, а демек ти не крадеше со нас!:)
Па баш таков е случајов сега, ама за ова според регулативите во Италија поединецот трпи голема казна, секој што знае за наместен натпревар иако директно во тоа не учествува, а истото не го пријави, под дифолт трпи остра казна и се терети ко учесник во нечесните игри.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom