Фановите на Интер сакаат пораз од Милан, на Морати му е сеедно!
Екипата на Интер игра разочарувачка сезона која навивачите многу брзо сакаат да ја заборават, но во недела се игра градското дерби со Милан, па ’нероаѕурите’ се свесни дека можат директно или индиректно да влијаат на исходот за Скудетото.
Во моментов во Серија А се води мртва трка помеѓу Милан и Јувентус, бидејќи после последното коло разликата на табелата е само еден бод. Токму поради тоа Интер може да игра главна улога во исходот на титулата, па кога се во прашање фановите на ’нероаѕурите’ тие повеќе би сакале таа да заврши кај Милан, отколку кај нивниот најомразен ривал Јувентус.
На официјалните фан страни на Интер фановите испратија недвосмислени пораки и порачаа дека најмногу од се сакаат да видат како Јувентус ја губи титулата.
„Најголемо задоволство ќе биде да го видам Јуве како ја губи титулата. Тоа е единствениот начин да ја спасиме сезоната“, напиша еден фан.
„Да му го подариме дербито на Милан. Подобро да не играме во Европа отколку Јувентус да го освои Скудетото“, пишува друг фан, а познато е дека најголем антагонизам во Италија постои помеѓу Интер и Јувентус.
Поради ваквата ситуација во медиумите се огласи и првиот човек на Интер,
Масимо Морати кој изјави дека е свесен дека неговиот тим може да влијае на исходот но дека му е сеедно дали ќе му направи услуга на Милан или на Јувентус.
„Се чини дека оваа сезона ќе треба да му направиме услуга или на Милан или Јувентус. Што би било подобро? Навистина не знам, мислам дека е сеедно“, изјави првиот човек на ’нероаѕурите’.
Од
тука