Serie A 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.
Наполи, Лацио и Удинезе од 15:00 две од нив сигурно ќе освоат по 3 бода со местење.
А последно коло сите играат од 20:45.
Интер 3.45 Х 3.60 2.00 Милан
 
Ако го дадат 2.00 коефициентот на Милан тогаш тоа е премија..не верувам дека ќе дозволат уплата сингл..само во врзано ливче претпоставувам
 
Јувентус треба да им ветат премија на Интер, нема веќе да си ја бараат титулата која е кај Интер и таа која е неутрална. Па можеби ќе вроди со плод ова:icon_lol:

п.с. Има некој песимист околу ситуацијава до крај на сезона, или сам сум во тоа(со толкава доза)?
 
Незнам зошто, ама имам некој осечај дека Милан ќе бидат шампиони, вчера ја играв Јуве x2 и планирам наредните две да ги играм да не победат ..
 
Фановите на Интер сакаат пораз од Милан, на Морати му е сеедно!

Екипата на Интер игра разочарувачка сезона која навивачите многу брзо сакаат да ја заборават, но во недела се игра градското дерби со Милан, па ’нероаѕурите’ се свесни дека можат директно или индиректно да влијаат на исходот за Скудетото.

Во моментов во Серија А се води мртва трка помеѓу Милан и Јувентус, бидејќи после последното коло разликата на табелата е само еден бод. Токму поради тоа Интер може да игра главна улога во исходот на титулата, па кога се во прашање фановите на ’нероаѕурите’ тие повеќе би сакале таа да заврши кај Милан, отколку кај нивниот најомразен ривал Јувентус.

На официјалните фан страни на Интер фановите испратија недвосмислени пораки и порачаа дека најмногу од се сакаат да видат како Јувентус ја губи титулата.

„Најголемо задоволство ќе биде да го видам Јуве како ја губи титулата. Тоа е единствениот начин да ја спасиме сезоната“, напиша еден фан.

„Да му го подариме дербито на Милан. Подобро да не играме во Европа отколку Јувентус да го освои Скудетото“, пишува друг фан, а познато е дека најголем антагонизам во Италија постои помеѓу Интер и Јувентус.

Поради ваквата ситуација во медиумите се огласи и првиот човек на Интер, Масимо Морати кој изјави дека е свесен дека неговиот тим може да влијае на исходот но дека му е сеедно дали ќе му направи услуга на Милан или на Јувентус.

„Се чини дека оваа сезона ќе треба да му направиме услуга или на Милан или Јувентус. Што би било подобро? Навистина не знам, мислам дека е сеедно“, изјави првиот човек на ’нероаѕурите’.

Од тука
 
Абе гледаше некој што се случи на мечот Фиорентина со тренерот и Лајиќ, значи иако сум Србин и овој дегенов игра за Српска репрезентација ама од такви играчи ми се сере, јас да сум тренер крв ке просере од мене некој да ми се испонаша така, зема милиони од фудбал што игра и има обврска да го почитува стручниот штаб и играчите па дури и навивачите на клубот, е се ова фино го оправдувам Роси овој Лајиќ е сељак, но не ми е сватлива одлуката Роси да добие отказ поради овој инцидент?!:confused:
 
таа одлука на некој начин е морална, во секој клуб постои кодекс на однесување на играчите, но кога е во прашање тренер тоа би требало да биде поригорозно, тренерот треба да биде пример за играчите и таков испад е неоправдан, замисли се случи на сред натпревар, цел свет ја виде оваа случка, затоа челниците на Фиорентина немаа избор, а знам дека доколку не се случеше ова, Роси имаше големи шанси да остане, бидејќи според мене ќе го стабилизираше тимот за наредната година .. од друга страна оној малиот, 20 годишниот супер стар ме извади повеќе од контакт ..
 
544773_434419963235492_126859533991538_1736684_87647759_n.jpg

:icon_mrgr:
 
Јувентус треба да им ветат премија на Интер, нема веќе да си ја бараат титулата која е кај Интер и таа која е неутрална. Па можеби ќе вроди со плод ова:icon_lol:

п.с. Има некој песимист околу ситуацијава до крај на сезона, или сам сум во тоа(со толкава доза)?

За што си песимист ? Ако не успееме да ги победиме последните 2 кола значи дека не заслужуваме да бидеме шампиони.
Ма да 100% сум сигурен дека последните 2 ке ги победиме а Интер колку и да сака да ја намести мислам дека таа ке заврши нерешено :)
 
Па и не баш.

Како ке игра Интер зависи од Наполи. Затоа и реков погоре дека треба и тој натпревар да се премести од 20:45. Ако Наполи победи, тогаш шансите на Интер тука и теоретски умираат. Аналогно, Интер ке нема за што да игра освен за Милан.

Ако сите натпревари кој одлучуваат за титула и излез во Европа се стават во ист термин, ондак викендов и следниот ке гледаме мега фудбал.

Али јбг, ова е Серија А, првенство каде што ултраси прекнуваат натпревари, играчи буткаат судии, тренери се тепаат со играчи. . .

Хаос лига.
 
Јас се мислам дека Наполи и Лацио ќе кикснат, многу незгодни противници се Болоња и Аталанта
 
Па и не баш.

Како ке игра Интер зависи од Наполи. Затоа и реков погоре дека треба и тој натпревар да се премести од 20:45. Ако Наполи победи, тогаш шансите на Интер тука и теоретски умираат. Аналогно, Интер ке нема за што да игра освен за Милан.

Ако сите натпревари кој одлучуваат за титула и излез во Европа се стават во ист термин, ондак викендов и следниот ке гледаме мега фудбал.

Али јбг, ова е Серија А, првенство каде што ултраси прекнуваат натпревари, играчи буткаат судии, тренери се тепаат со играчи. . .

Хаос лига.

Па ниту во англиско нема да бидат во ист термин натпреварите од последните 2 кола, а и во другиве првенства не верувам дека ќе се играат во ист термин. Италија практикуваше вака после калчополито, меѓутоа на финансиски план клубовите изгубија пари заради лошиот распоред на телевизиски преноси. Дури и Sky се изјаснија дека се против тоа Каљари - Јуве да се премести во ист термин со натпреварот Интер - Милан.
 
Jуве ке ги уништи Каљари а Милан нека кршат глава што сакаат нека прават со Шинтер.
 
OMG

И јас сум за да не се менува распоредот на натпреварите. Но од Федерација го сменија Каљари - Јувентус поради тоа што одлучува за титула. Затоа реков дека и Наполи треба да биде ставен во исти термин затоа што тој натпревар индиректно одлучува за титула, но и за излез во Европа.

Затоа алудирам на тоа, ако веке тргнале да ги преместуваат битните натпревари тогаш треба да ги преместат сите, а не одредени.
 
Во случај да киксне Наполи, мислам дека Интер во тој случај би играле нормално на овој натпревар, би се бореле до крај за ЛШ. Со победа на Наполи, Интер 99% ќе изгуби од Милан.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom