Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.800
Поени од реакции
44.299
Не го негирам тоа, ама незнам и на Лацио какви биле мечевите тој период, сигурно и они имаат нешто на кое се жалеле, инаку нема логика мечот на Лацио да биде прекинат бидејќи таму имаше услови за игра, кај Јуве врнеше дожд бајаги па мораа да прекинат а нема смисла сега ваму да свирнат прекин во услови каде има сонце и убаво време за игра и да чекаат ваму условите да се средат за да се продолжи.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.914
Поени од реакции
8.788
Tи праша, ја ти кажав, тогаш со евентуална победа на Интер, они ќе избиеа на првото место на табелата, не можеш да кажеш дека во директен дуел за титулата тој момент не влијаел лошо врз екипата, се знаеше дека таму Интер мора да победи ако сака трофеј на крајот од сезоната.

Бараше причина, ти дадов ( покрај останатите ), со оглед на положбата на судијата ( и самиот има признаено дека згрешил ) и со оглед на преочигледниот фаул, таа одлука и те како го оштети клубот, не за џабе догурале работиве до парламентот на Италија, до толку се оставиле тој период.

За со Лацио, не ми текнува точно како одеше таа сезона детално освен последниот дуел на Јуве со Перуџа ( може грешам ), треба да дојде и фан на Лацио да каже и он што и како се дешавало зашто знам имаше периоди кога фановите на Лацио и Рома организираа заеднички протести во Рим поради фаворизирањето на одредени екипи во Италија, први посочени беа Јувентус.
Против екипите од северот, а тука се вклучени и Интер и Милан, не само Јуве ;) .. али тоа е друга прикаска, на релација тимовите од северот и тимовите од југот на Италија ;)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.800
Поени од реакции
44.299
Против екипите од северот, а тука се вклучени и Интер и Милан, не само Јуве ;) .. али тоа е друга прикаска, на релација тимовите од северот и тимовите од југот на Италија ;)
Да али тој период Интер не беа во главна роља у Италија, ништо чудно и Рома или Лацио сеедно, пред нив на табела да биле.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.914
Поени од реакции
8.788
Да али тој период Интер не беа во главна роља у Италија, ништо чудно и Рома или Лацио сеедно, пред нив на табела да биле.
па да, тогаш Интер не бодеа толку во очи како Милан и Јуве бидејќи Јуве и Милан ги носеа титулите, али сепак протестите се однасаа на трите тима :)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.800
Поени од реакции
44.299
Затоа реков, први посочени беа Јувентус, не прецизирав дека стриктно кон нив се однесувало тоа.
 
Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Затоа реков, први посочени беа Јувентус, не прецизирав дека стриктно кон нив се однесувало тоа.
Значи пак идеме на муабетот дека не местел само јуве тука биле замешани Лацио и Милан (Можеби и Интер) кој беа казнати со бодови ако беше правилна одлуката требаше сите тимови да одат Серија Б или сите исто рамномерно да бидат казнати а и фактот 2004-2005/2005-2006 Јувентус имаше светски тим каде стигна до финале лига на Шампиони и каде што 7 играчи на јувентус играа за италија во прв состав и Италија стана Светски шампион така да понатака без корисно и банално е да се дискутира на таа тема штетата е направена и нашите мислења ништо немат да менат добро рече еден член предходно дај нешто да дискутираме разумно за следното коло на Калчо отколку за минатото!
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
дај нешто да дискутираме разумно за следното коло на Калчо отколку за минатото!
Ова сакам да го видам,ова го пишувам веќе цели два дена и поради ова влегувам во оваа тема..и секое ново влегување истото па исто..ќе испровоцира некој јувенташ за калчополи..Syn ќе врати со долгометарски пост каде само 10% од сите што сме тука ќе го прочитаат..Марли ќе ги спомни пуканките и ќе ни направи форест на сите и одвреме на време ќе постави некоја сликичка со cool story или Инзаги кај што го крева трофеот од ЛШ...Боби ќе ни разјасни на сите дека Сериа А sucks и дека неговиот семоќен Барен моментално ќе му го расплачи мачето на било која екипа од Жабарија..Бјанконеро Веро заедно со некој рандом Јувенташ ќе ја бранат историјата на Јувентус како тие се чисти а Интер валкани...Пупоне ќе ни кажи со точен резултат како ќе заврши следниот натпревар на Рома бидејќи нормално фановите на Рома ги местат натпреварите и секако ќе ни кажи за финасниската состојба на клубовите во Сериа А....Иосоно ќе се најди од некоја страна да се пофали дека има фатено на нет и да ни ги потврди квалитетите на Наполи ..итн..итн..итн:D:D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.122
Поени од реакции
14.276
Ги гледам сега паровите за викенд и за разлика од минатото коло, сега може да паднат доста голови.

Милан и Интер до трите бода ќе дојдат без многу проблеми. Тоа се најсигурни натправари, би можел да се додаде и Удинезе, но Новара се покажа дека не е наивна екипа.

Јувентус ќе се мачи против Џенова. Џенова не е екипа која може да се затвори во шеснаесетник, секогаш бркаат гол. Сега, од Јувентус малку ќе се исплашат, но им даваат гол. Ако излезе Конте со 4-2-4 (со неупотребливиот Красиќ) постојат големи шанси да наебе.

И големо изненадување ќе биде ако Наполи ги земе третие бода на гостување кај Каљари.

Ме интересира Рома како ќе реагира после поразот. Уште не знам што да мислам за таа екипа. Им доаѓа Палермо кој што не би требало да им претставува проблем.

Доста голови очекувам на Парма-Аталанта, а Сиена-Чезена без голови.

П.С. Во недела ќе се смеам на ова што сум го напишал... :)
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.233
Поени од реакции
8.126
Јувентус ќе се мачи против Ѓенова. Ѓенова не е екипа која може да се затвори во шеснаесетник, секогаш бркаат гол. Сега, од Јувентус малку ќе се исплашат, но им даваат гол. Ако излезе Конте со 4-2-4 (со неупотребливиот Красиќ) постојат големи шанси да наебе.
Проблемот на Јуве не е неупотребливиот Красич. Ако ги погледнеш досега одиграните кола, Јуве ги надигра на домашен терен и Парма и Болоња и Милан. Болања под чудни околности успеа да дојде до бод (црвен картон за Вучко, дадоа гол од единствениот шут кон голот на Јуве, Јуве не искористи неколку шанси), додека Милан и Парма беа победени сосема заслужено. Проблемот е што на гостувањата Конте ја менува тактиката од 4-2-4 (со две крила и двајца напаѓачи) во 4-3-3 (со две крила и еден напаѓач). Досега на гостувањата имаат победа и две нерешени. Победата е извојувана со Сиена (Јуве Б) и нерешените се со Катанија и Киево. На овие мечеви исто така Јуве ја диктираше играта на средината на теренот ама сето тоа џабе кога единствениот напаѓач беше како дух на теренот. Едноставно немаше поддршка во нападот и резултативе беа максимумот што можеше да се извлече. Тврдам дека доклолку Конте игра со истата тактика 4-2-4 и дома и на гости, Јувентус ќе освојува многу повеќе бодови од гостувањата и нема да се расфрла со нив против вакви боси екипи како Катанија и Киево.
 
Но, против Милан не игравте со 4-2-4, туку со 4-2-3-1. Што беше одличен потег на Конте. Видал, Пирло, Маркизио се одлични во таа формација, и за Красиќ е добра, но тој е далеку од форма.

А, се сложувам дека тоа не мора да е клучно, можеби и претерано го потенцирав.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.233
Поени од реакции
8.126
Но, против Милан не игравте со 4-2-4, туку со 4-2-3-1. Што беше одличен потег на Конте. Видал, Пирло, Маркизио се одлични во таа формација, и за Красиќ е добра, но тој е далеку од форма.

А, се сложувам дека тоа не мора да е клучно, можеби и претерано го потенцирав.
Да, во право си, заборавив дека на мечот со Милан ја промени тактиката. Прво што искоментирав кога ги видов формациите беше "Еве го овој, се испичка" ама на крај се убаво излезе по нас навивачите на Јуве.
 
Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Да, во право си, заборавив дека на мечот со Милан ја промени тактиката. Прво што искоментирав кога ги видов формациите беше "Еве го овој, се испичка" ама на крај се убаво излезе по нас навивачите на Јуве.
Највероватно Конте ќе излези со 4-3-3 формација каде Вучинич ќе биде лево крило а за десно се размислува помеѓу Пепе и Кваљарела.
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Цитати на неделата

“It’s a shame Totti won’t be on the field, as he is someone of real class – when he plays, at least...”
Edy Reja says Roma captains are best seen and not heard

“There are also many different advantages to owning your stadium, as you can do what you like, when you like.”
Fabio Capello likes to watch X-Factor on the big screen

“I need the real Juan Manuel Vargas, not his less impressive brother.”
Sinisa Mihajlovic breaks the news to a disappointed Derek Vargas

“Thiago Motta might be a little slow in the legs, but he’s fast in the brain.”
And Ranieri is half-hearted in the compliment

сите
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.440
Поени од реакции
6.672
Ќе им се урне новото стадионче на јубе или само го нервираат лигавкото од претседател :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom