Инфериорни во секој поглед беа швабите таму, само јужната трибина беше со нивни фанови, цел остаток беше со жабари, и во градот на главниот плоштад немаше и пред и по меч трага од германци, се беше обоено во црно - сино. Декорацијата на трибини такоџе боља на Curva Nord, иако левата страна малце заглави во спуштање, мислев апла резил ке испаднат али се испадна во најдобар ред ...
На терен исто, Интер беа подобриот противник, со оглед дека ова беше директен дуел на германски шампион и италијански за она 4то место, аналогно на истово, сеуште, и 10 години веќе заокружуваме, Калчо > Бундес.
Пак ке кажам, штета што УЕФА купот не го сваќаат сериозно жабарите, таму овие ја правеа разликате иначе во ЛШ неприкосновени се, ми текнува дури и едни Наполи пред некоја година беа елиминирани на старт од УЕФА куп, едноставно удрија Се на Серија А и тоа е тоа.
п.с. Кажав и на темата на Интер, и тука ке се повторам, тоа што јас го видов на Бернабе, им го посакувам на сите фанови на другиве екипи на форумов, тоа е уникатно чувство и скалило од животот кое засекогаш ке го паметите, едноставно, кога е во прашање клупскиот фудбал, нема погоре, тоа е врвот. И нормално, се надевам дека цела оваа нација ке се најде во период кога и Македонија ке не претставува на некое големо натпреварување, а зашто да не и некој наш клуб во ЛШ, иако ова второво во моментов е аналогно на (болна) фантазија, за жал.