11-03-2010
Галијани: Без Пато и Неста знаев дека ќе загубиме
Потпретседателот на Милан, Адриано Галиани вели дека тој бил свесен за пораз на Олд Трафорд откако клуот се соочил со неколку повреди на клучни играчи
Александре Пато заработи повреда пред десетина дена на дуелот со Аталанта но не настапи на Олд Трафорд и покрај тоа што Бразилецот отпатува во Англија.
Она што можеби повеќе го погоди тимот на Милан беа повредите на Алесандро Неста и Лука Антонини, кои отпаднаа од комбинација по повредите здобиени во вторникот.
“Уште вчера попладне знаев дека ќе не очекува пораз.“ – рече Галијани. “Во составот ги имавме Пато, Неста и Антонини но вторникот беше јасно дека тие нема да играат.”
“Без вакви значајни фудбалери бевме свесни дека не очекува екстремно тежок дуел против одличниот Манчестер Јунајтед.”
Галијани исто така чувствува дека финансиската состојба на клубовите од Италија е причината за лошиот настап во Европа.
Откако во вторникот и Фиорентина беше елиминирана од Лигата на Шампионите, Нероаѕурите се единствениот тим од Италија што има шанси да се пласира во следната фаза од најелитното Европско натпреварување.
“Проблемот е во стадионите. Кај нас стадионите ги поседуваат општините и тие имаат намера ваквата ситуација да остане и во иднина.”
“Доколку Милан има 100 милиони евра додаден приход по сезона сигурно ќе можеме да изградиме тим како овој на Манчестер Јунајтед.”
videte malce podole
treba i italija da se pogrizi malce za rabotive a ne klubovite sami
pa videte ja arapskana liga kako se izdigna kako najaka liga vo svetot a porano bese tapa