Семинарски, состави, есеи, задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата ATG
  • Време на започнување Време на започнување
Случајно дане имате нешто литература поврзана со книгата „Парфем“?

Нешто што најдов на НЕт ,само како кратко објаснување на книгата...

********
Во осумнаесетиот век во Франција живее еден човек кој се вбројува во најгенијалните и најодвратните личности на оваа епоха. Неговото име е Жан - Батист Гренуј, а неговиот гениј и сосема посебна амбиција беа ограничени на област која во историјата не остава траги: на краткотрајното царство на мирисите.

Зискинд во овој роман во прв план го има истражувањето и опишувањето на вознемирувачкиот внатрешен универзум на еден опседнат човек, кој светот го перцепира преку сетилото за мирис.

Брилијантното, детално раскажување ни дава извонредна слика на целата убавина, но и мизерија на Париз и цела Франција во таа предреволуционерна епоха.

Познавањето на парфемериската технологија и сите детали за истата, за кои пишува Зискинд даваат една јасна визуелна слика за мирисите.

"Не пребираше. Не правеше, сé уште не правеше разлика помеѓу она што вообичаено се сметаше за добар или лош мирис. Беше алчен. Целта на неговите ловења беше едноставно да го поседува сé она што можеше да му го понуди светот на мирисите, а единствен услов беше мирисите да бидат нови."- Извадок на задната корица
*****
По своето објавување во Германија, 1984 година, романот Парфем веднаш станува интернационален бестселер. Сместен во Франција од 18 век, Парфем ја раскажува необичната и застрашувачка приказна за Жан Баптис Гренуј, еден лик кој колку што е фасцинантен толку е и одвратен. Самиот роден без никаков мирис, но надарен со невообичаено развиено сетило за мирисање, Гренуј станува опседнат со идејата да создаде совршен парфем што ќе го направи целосно човечен. Големиот англиски предромантичар Вилијам Блејк има кажано дека патот на претерувањето води во замокот на мудроста. Се чини дека оваа забелешка ги (де)кодира и контекстуализира начините, мотивите, психолошките нијанси во дејствувањето на главниот лик во романот. Овој лик во кого се обединети генијалноста, опсесијата и суровоста е одлична метафора за „подземните” аспекти на Векот на просветленоста.


Да не зборуваме за другите аналогии што ги разбуди овој морничаво провокативен роман: ликот на Гренуј може да се толкува, на пример, и како еден дијаболичен лик на популист-заводник, кој предизвикува обожување манипулирајќи со најприземните животински инстинкти на човекот. Низ едно политичко читање, значи, Парфем може да се сфати дури и како одредена варијанта на антиутописки роман. Со брилијантна умешност на раскажувач кој суверено ја владее материјата, пред сè демонстрирајќи извонредно познавање на парфимериската технологија за која пишува прецизно и мошне поетично, но едновремено суптилно сликајќи ја предреволуционерната епоха, Зискинд во прв план сепак го има истражувањето и опишувањето на вознемирувачкиот внатрешен универзум на еден на сосема исчашен начин опседнат човек. Иако во текстот, значи, се измешани неколку наративни нивоа и разни значењски слоеви, сите тие беспрекорно се обединуваат во ликот на Гренуј низ кој се рефлектираат многубројните елементи на хумор, гротеска и хорор. Во романот за светот перцепиран преку сетилото за мирис, Зискинд успева да креира детална, целосно реализирана слика за еден получовечен убиец кој делува речиси симпатично.
********
Некој линкови со критики, може ќе ти се најдат!

http://improinfini.blogspot.com/2006/08/das-parfum-patrick-sskind.html
 
Ми треба се што имате за следниве теми (по можнсост по ПП пратете ги) иако не е морално ..

1. Љубовта на чичко Горјо кон неговите ќерки
2. Симболиката на Гавранот во истоимената песна
3. Секој живот е вреден
 
Семинарска поврзана со било која тема од класична физика?
 
Анализа на „Бегалка“ од Б. Конески и обработка на„Повикот на дивината“.

Ве молам, ако некој од вас најде време и сака да ми помогне, да ми испрати анализа (или некоја критика) на песната „Везилка“ од Б. Конески. Освен тоа, ми треба помош во обработката на „Повикот на дивината“ (тема, мотив, ликови...), но не и прераскажување, бидејќи ја дочитувам книгата. Ве молам тоа да биде што побргу, зашто лектирата ми е за почетокот на следната недела, а и писмената за „Везилка“ е предвидена за истата недела. Ако некој ми помогне, однапред му благодарам .
 
Некој да не има семинарска по е- banking ( електронско банкарство ), и Движење на пазарните цени на хартиите од вредност. Ми требат по околу 15страни.

Благодарам
 
pande, dali ke mozis da mi ja pratis na e-mail seminarskata na tema univerzalna deklaracija za covekovite prava? Odnapred ti sum preblagodaren, mirce101@yahoo.com pozz

--- надополнето ---

pande, dali ke mozis da mi ja pratis na e-mail seminarskata na tema univerzalna deklaracija za covekovite prava? Odnapred ti sum preblagodaren, mirce101@yahoo.com pozz
 
Имате предмет Мајчин ЈАЗК и ЛИТЕРАТУРА-оти бегате од мајчиниот јазик?? па се чудите не бришеле:)


ЧИТАЈТЕ ги литературните ДЕЛА!!!!


--- надополнето ---

Ми треба се што имате за следниве теми (по можнсост по ПП пратете ги) иако не е морално ..

1. Љубовта на чичко Горјо кон неговите ќерки
2. Симболиката на Гавранот во истоимената песна
3. Секој живот е вреден


Nevermore Nevermore

Ахх се потсетив јас кога учевме за Едгар Алан По.

Да се вратиме на темата-тоа што се бара одТЕБЕе адаптирано на твојата возраст и интелектЈАСНИ СМЕ НЕЛИ-ДОКАЖИ дека имаш ИНТЕЛЕКТ или може имаш а го трошиш на кантер..е-македонија и други С*АЊА...ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ само ти велам ќе си наштетиш ако не ги читаш делата!!!!
 
Имате предмет Мајчин ЈАЗК и ЛИТЕРАТУРА-оти бегате од мајчиниот јазик?? па се чудите не бришеле:)


ЧИТАЈТЕ ги литературните ДЕЛА!!!!


--- надополнето ---




Nevermore Nevermore

Ахх се потсетив јас кога учевме за Едгар Алан По.

Да се вратиме на темата-тоа што се бара одТЕБЕе адаптирано на твојата возраст и интелектЈАСНИ СМЕ НЕЛИ-ДОКАЖИ дека имаш ИНТЕЛЕКТ или може имаш а го трошиш на кантер..е-македонија и други С*АЊА...ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ само ти велам ќе си наштетиш ако не ги читаш делата!!!!
Ostaj be ne go slusajte tatkovi akase bez kondom i vie akajte ne se sekirajte !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom