DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.557
Една забелешка: не можеш да ја редуцираш целокупната религиозност и религиска пракса на ирационални стравови.
Не се ни обидувам. Она што се обидувам да го предочам е дека целокупната религиозност е ирационална по дефиниција. Ова, според мене, значи дека е бесмислено да се користи рационална дискусија за докажување на објективна вистинитост на религијата.
Оттаму, доколку сум во право со ова погоре, нели, религијата/религиозноста не може да се докаже. Оттука, пак, било кое тврдење од типот „Јахве навистина постои“ или „Алах го создаде светот за 8 дена“ се ирационални и објективно невистинити. Јас ладно би рекол и - глупости.
Уште нешто. Јас никому не сум му рекол „немој да веруваш!“. Она што се трудам никогаш да не пропуштам да го речам е: „твоите тврдења се нелогични и ирационални. ... ок....неретко ги нарекувам инфантилни и глупави (пошто се логички/рационално неиздржани, нели) ... и тука теистот вообичаено се откачува... на лошо. Мене не ми е срам - ниту ми претставува морален/етички конфликт. Се надевам дека ме разбираш.
И уште малку нешто друго: Религијата како духовна потрага по своето место во простор-времето или како uber-метфора за човековото битисување - можам да ја разберам. Религија како објективен поглед на светот - не можу! Рационално ме плаши. Коса ми се крева - не за мене - за ќерка ми и внуците. Обидите за објективизацијата на религијата во рационалниот свет секогаш имале катастрофални последици по напредокот на човекот. Ова што се случува во Bible Belt-от, со Арапската пролет и на блискиот и средниот исток ме распаметува. Траги од тоа гледам и на форумов. Страшно!