Секуларен атеизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
На овој форум јас немам личен интегритет. Тука, некаков интегритет има DBack. Ова алтер его мене ми дозволува да ги надминам моите етички и морални стеги кои во реалниот свет не ми дозволуваат да бидам директен и сиров во настапот кон изнесените глупости на соговорникот.

Чекај малку, во реалниот свет не им кажуваш на луѓе какви глупости тресат во врска со религии или верувања и сл ствари? Јас си кажувам ако некој ме стави во ќуше и ми наметнува нивни размислувања. Ако само си го кажуваат своето без да ми ставаат во уста изџвакани пљуканици - ги оставам на раат.
 
Онтопик на темава:
Не треба да има ни секуларно религиозна држава, ни секуларна атеистичка држава.Треба да постои само секуларно неутрална држава.
Го цитирам тука проф. Докинс. :)
 
Во принцип во реалниот свет и едните и другите се однесуваат порезервирано... ;)

Комплетно го разбирам DBack. Јас се имам замерено со многу „нормални“ верници само поради тоа што сум се обидувал да разговарам со нив за рационалноста на религијата. Ништо конфликтно, едноставно прости прашања на кои сакам да слушнам одговор од „обичните“ верници кои не се премногу упатени во религијата.
Кога ќе ги прашам зошто постат, зошто палат свеќа во црква, зошто даваат пари на попови, зошто носат накит со крстови... и.т.н. Повеќето, можам да забележам дека во истиот момент почнуваат да ме гледаат со презир.
Едноставно кажано, овде сеуште религијата е табу, а рационалниот и отворениот разговор на таа тема сеуште длабоко чувствителен.
 
Онтопик на темава:
Не треба да има ни секуларно религиозна држава, ни секуларна атеистичка држава.Треба да постои само секуларно неутрална држава.
Го цитирам тука проф. Докинс. :)

Море не треба никаква држава да постои.
Само што тогаш ќе треба аватарот да си го смениш.
 
Во принцип во реалниот свет и едните и другите се однесуваат порезервирано... ;)

Комплетно го разбирам DBack. Јас се имам замерено со многу „нормални“ верници само поради тоа што сум се обидувал да разговарам со нив за рационалноста на религијата. Ништо конфликтно, едноставно прости прашања на кои сакам да слушнам одговор од „обичните“ верници кои не се премногу упатени во религијата.
Кога ќе ги прашам зошто постат, зошто палат свеќа во црква, зошто даваат пари на попови, зошто носат накит со крстови... и.т.н. Повеќето, можам да забележам дека во истиот момент почнуваат да ме гледаат со презир.
Едноставно кажано, овде сеуште религијата е табу, а рационалниот и отворениот разговор на таа тема сеуште длабоко чувствителен.
Ех, презир....никогаш не сум била пресретната со тоа кога дебатирам религии и сл работи. Мене ми имаат кажано дека им е жал за моите деца, затоа што нема да ја знаат Вистината (морам големо В да ставам хахаа). Тоа мене ми беше капак и вентилот се отвори. Обично и овде и во реален свет јас сум таква каква што сум. Не сум овде подрска него ли што би била кога комуницирам очи во очи.

Лично, мислам дека е кукавички да не може некој во очи да каже некому - а на форум да ја исфрла својата фрустрација. Ова оди за сите исто, без разлика на вера или невера.
 
секој облик на организирано верување или размислување па дури и атеизмот и нихилизмот претставуваат еден вид на религија (заменето е само божеството - предметот на обожавање)
...разумот почнува онаму каде што завршува групата....кога секое туѓо тврдење се преиспитува и се џвака пред да се голтне...
...се додека се голта без да се соџвака....религијата ќе царува (без разлика како ја нарекувате)...а разумот ќе атрофира во мрак

Не. Кај човекот постои потреба да добие конфирмација на неговите ставови од страна на ентитет кој е авторитет и кој според субјективни критериуми поседува кредибилитет во областа во која спаѓаат тие ставови.
Атеизмот , оној по дефиниција , нема дозвола да земе одреден ентитет и да го обожува како омнипотентен и омнискиентен или воопшто да идолизира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom