Секојдневни трикови

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Возраст
28
Се двоумев кај да ја отворам темава попогден борд ненајдов,а и барав на форумот и не најдов ваква тема,доколку има ваква тема избришете ја, доколку е на погрешно место отворена преместете ја.

На интернет или поука од постарите,поучените научив неколку трикови кој сакам да ги споделам со вас.

1. Ви се приспива ? Се возите во автобус и ви се затвараат очните капаци а несакате ? Пробајте со играње игра на вашиот мобилен телефон . Го активира умот.
2.Случајно вашето куче или недај боже вие закачивте крлеж , пожелно е да го намачкате местото со зејтин или било каков лубрикант и следното што ќе го направите е ке го фатите со пинцета и вртите обратно од стрелките на часовникот . Се прашувате зашто ? Бидејќи тие се "завртуваат" во вашата кожа во насока како што оди часовникот.
3.Тестирајте дали ви работи далечинското од телевизорот , така што ке ја насочите камерата од вашиот телефон и ако видите инфрацрвено светло значи работи.
4.Ако WiFi интернетот на аеродром/хотел кошта пари, додадете ".JPG" на крај од секој URL. Тие најчесто не препратуваат слики.
5.Направете вашето цвеќе да трае во вазната 3x повеќе - Ставете ги во фрижидер една ноќ.
6.Да видите дали јајцата се свежи наполнете едно ѓезве со вода и ставете го јајцето. Ако тоа потоне значи дека е свежо , а ако тоа плови на површина ѓубре кантата не му бега
7.Учите или работите во својата соба но некако умот ви лета ? Се што треба да направите е да ги облечете вашите чевли . Како ова работи ? Ова е едноставен психолошки трик , кој го асоцира умот дека сте зафатени и ке се префрли во "work" фаза .
8.Како да удрите појако ? Едноставно замислете дека удирате преку објектот.
9.Сите мразиме кога мајките или пак ние сечеме кромид и одма почнуваме да солзиме . Едноставно кажи и на мајкати да ги стави во длабока комора 15 до 20 минути или ако премногу се брзате џвакајте мастика.
10.Ако некој не ве сака, прашајте го дали ке може да ви го позајми пенкалото или моливот. Исто така ова е психолошки трик кој ке ги натера да ве сакаат повеќе.
11.Си правиш кежуал муабет со некој и те интересира дали тој е внесен (заинтересиран) во истиот . Пробајте со прекрстување на рацете(иако тоа претставува одбрамбена позиција) ако и спротивниот ги прекрсти значи се заинтересирани , пробајте со навалување напред и наназад со телото.
12.Се борите за аргумент , се карате со некој започнете да се смеете , едноставно ке ги изнервирате повеке . Ова е добар начин да го добиете истиот.
13.Сакате да му покажете на некој прецизно време на YouTube видео ? Десен клик на видеото и одберете "copy video URL at current time".
14.Некогаш толку сме збркани што и незнаеме дали сме ја претходно измиле косата со шампон дури сме се бањале ? Земете и поминете неколку влакна (се мисли на снопче од влакна) со прстите , ако испушти некој слабо пискачки звук значи дека сте ја измиле.
15.Ставете сок од лимон на вашите пеѓи со што ке ги избледете , а можат дури и да исчезнат.
16. Да излезете од лавиринт , да буквално лавиринт независно од тоа дали е во игра или вистинси живот , ставете ја раката на десниот зид и продолжете да одите така. Со малку среќа ке стигнете до излезот.
17.Плаќајте за работи во кеш, па така тие пари нема да бидат имагинарни (како оние на картица или пејпал). Така верувајте ќе трошите многу помалце .
18.Сте потрошиле доста од вашето драгоцено време барајќи нешто, а воедно и сте го нашле , следен пат кога ке го враќате назат ставете го на првото место каде сте го побарале.
19.Секогаш бидете 10 минути порано за било што, енаш кога ке премине во навика , ке бидете многу по релаксирани и без стрес дека касните .
20.Добијте попрецизни истражувања на гугл со додавање на знакот "+" .
21.Прекумерено конзумирање храна на секој оброк ? Едноставно пред да почнете да јадете напијте се една чаша вода , така дел од желудникот ке биде поплнет и повратната информација од тоа е да конзумирате помалце . (Внимание , немојте повеќе од една чаша бидеќи едноставно ке ви додјде чуство за повраќање по појадокот . Лично искуство.)
22.Немате крпа за бришење површини ,ви треба итно но продавницата е затворена ? Па народе го имам решението за вас ,кесички со чај . Да , кесички со чај , едноставно натопете ги во вода или направете два,три чаја испијте ги , тој е добар за чистење на стаклени и дрвени површини бидејќи не остава остатоци и ги брише комплетно.
23.Пастата за заби освен за одржување на орална хигиена таа е добра и за : сушење на бубулици, да ублажните не толку сериозни изгореници, да отстраните несакани мириси од рацете.
24.Путерот може да ви послужи како : отстранувач на лепак од рацете, гума за џвакање од косата, да ги проголтате магарешките антибиотици полесно , да сечете низ лепливи материјали (со сечилото ке поминете два три пати на путерот).
25.Кока колата освен како течност за освежување се кориси и за чистење на корозивни предмети, ублажување на болките во стомакот (дејствува со што ја обновува флората и нејзините бактерии во стомачната празнина), чистење на крв од облека, неутрализирање на смрдливиот мирис од твор
26.Пастата за заби може да послужи како вадење на одвратна миризба од вашите раце и како некој вид на козметички помагател.Што сакам да кажам, доколку имате брунче гнојаниче намачкајте го со паста самата паста ке го изгори,кога ке осетите мало печење на вашата кожа тоа значи дека пастата помага.
Доколку и вие знает некој интересен секојдневен трик покажете го во коментар темава постојано ке се едитира ке се додаваат нови трикчиња.
 
Да еве уште еден доколку не одите на одмор а сте обожавател на цвекиња и несакате да ви овенат.
До саксијата со цвеќе ставете кутивче од еурокрем наполнето со вода,земете конец и едниот крај ставете го во кутивчето со еурокрем наполнето со вода а другиот крај во саксијата односно брцнете го во земјата во саксијата и цвекето ке пие вода колку што му е потребно.
Иначе мило ми е што ви се допадна :D
 
Извор од форумот на гламстик,т.е не директно туку по споделување на фејзбук..а не сум член на емагаре и форумот не го посетувам така да сигурно не ми е одтаму..како што кажав извор е гласмтик по препорака на едно девојче.
 
С
7.Учите или работите во својата соба но некако умот ви лета ? Се што треба да направите е да ги облечете вашите чевли . Како ова работи ? Ова е едноставен психолошки трик , кој го асоцира умот дека сте зафатени и ке се префрли во "work" фаза .

o.O
 
Aј и ја да споделам нешто , баш се погоди темава
пр. сакате да проверите дали јајцата се варени.
Земете јајцето завртете го ко оние малите кругца што ги вртевме на мазна површина, ако се врти значи варено е, ако е живо не се врти
 
Aј и ја да споделам нешто , баш се погоди темава
пр. сакате да проверите дали јајцата се варени.
Земете јајцето завртете го ко оние малите кругца што ги вртевме на мазна површина, ако се врти значи варено е, ако е живо не се врти
Епа чим почна да зборуваш за јајца ајде и јас едно трикче да кажам,ако сакаш да провериш дали јајцето е за јадење или не земи некој сад како гезвме например и наполни го со вода и пушти го јајцето..ако јајцето остане на површината значи дека е за јадење ако тоа пропадне значи дека не му бега кантата :D
 
се изнасмеав асално на ова
10.Ако некој не ве сака, прашајте го дали ке може да ви го позајми пенкалото или моливот. Исто така ова е психолошки трик кој ке ги натера да ве сакаат повеќе.

 
се изнасмеав асално на ова
10.Ако некој не ве сака, прашајте го дали ке може да ви го позајми пенкалото или моливот. Исто така ова е психолошки трик кој ке ги натера да ве сакаат повеќе.
Трикче, тоа е тоа :D
 
- ако видиш кондури пред врата,не влегувај
оди испи едно пивце и (на)јави се на мобилен пред
повторниот обид, дека доаѓаш.
Испробано-успешно во 100% случаеви
 
Незнам зошто нема едитирање на темата односно да ја измениш или доколку грешам поправете ме,за да ставев нови трикчиња еве најдов на интернет за пастата за заби и има неколку трикови кој можат да ви послужат.
1. Отстранете ги чкртаниците
Местото на кое останале графитите направени со моливче или боичка, истријте ги со мека крпа на која ќе ставите паста за заби (не во гел), потоа измијте со топла вода.

2. Отстранете го мирисот од рацете
Ако не можете да ја отстранете миризбата од лук или кромид од рацете измијте ги со паста за заби.

3. Избелете ги патиките
Исполирајте ги со стара четка за заби и паста.

4. За гребаници на DVD
Помалите гребаници можат да се средат со паста за заби која не е во форма на гел на парче вата. Избришете го цедето во правец од центарот кон работ. На крај нежно исплакнете го со вода.

5. Разбистрете ги очилата за пливање
Избришете ги одвнатре со крпче на кое има паста, исплакнете и тие ќе гледаат кристално јасно.

Иначе мило ми е што ви се допадна отворенава тема..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom