- Член од
- 8 март 2012
- Мислења
- 3.058
- Поени од реакции
- 1.250
- Возраст
- 28
Се двоумев кај да ја отворам темава попогден борд ненајдов,а и барав на форумот и не најдов ваква тема,доколку има ваква тема избришете ја, доколку е на погрешно место отворена преместете ја.
На интернет или поука од постарите,поучените научив неколку трикови кој сакам да ги споделам со вас.
На интернет или поука од постарите,поучените научив неколку трикови кој сакам да ги споделам со вас.
1. Ви се приспива ? Се возите во автобус и ви се затвараат очните капаци а несакате ? Пробајте со играње игра на вашиот мобилен телефон . Го активира умот.
2.Случајно вашето куче или недај боже вие закачивте крлеж , пожелно е да го намачкате местото со зејтин или било каков лубрикант и следното што ќе го направите е ке го фатите со пинцета и вртите обратно од стрелките на часовникот . Се прашувате зашто ? Бидејќи тие се "завртуваат" во вашата кожа во насока како што оди часовникот.
3.Тестирајте дали ви работи далечинското од телевизорот , така што ке ја насочите камерата од вашиот телефон и ако видите инфрацрвено светло значи работи.
4.Ако WiFi интернетот на аеродром/хотел кошта пари, додадете ".JPG" на крај од секој URL. Тие најчесто не препратуваат слики.
5.Направете вашето цвеќе да трае во вазната 3x повеќе - Ставете ги во фрижидер една ноќ.
6.Да видите дали јајцата се свежи наполнете едно ѓезве со вода и ставете го јајцето. Ако тоа потоне значи дека е свежо , а ако тоа плови на површина ѓубре кантата не му бега
7.Учите или работите во својата соба но некако умот ви лета ? Се што треба да направите е да ги облечете вашите чевли . Како ова работи ? Ова е едноставен психолошки трик , кој го асоцира умот дека сте зафатени и ке се префрли во "work" фаза .
8.Како да удрите појако ? Едноставно замислете дека удирате преку објектот.
9.Сите мразиме кога мајките или пак ние сечеме кромид и одма почнуваме да солзиме . Едноставно кажи и на мајкати да ги стави во длабока комора 15 до 20 минути или ако премногу се брзате џвакајте мастика.
10.Ако некој не ве сака, прашајте го дали ке може да ви го позајми пенкалото или моливот. Исто така ова е психолошки трик кој ке ги натера да ве сакаат повеќе.
11.Си правиш кежуал муабет со некој и те интересира дали тој е внесен (заинтересиран) во истиот . Пробајте со прекрстување на рацете(иако тоа претставува одбрамбена позиција) ако и спротивниот ги прекрсти значи се заинтересирани , пробајте со навалување напред и наназад со телото.
12.Се борите за аргумент , се карате со некој започнете да се смеете , едноставно ке ги изнервирате повеке . Ова е добар начин да го добиете истиот.
13.Сакате да му покажете на некој прецизно време на YouTube видео ? Десен клик на видеото и одберете "copy video URL at current time".
14.Некогаш толку сме збркани што и незнаеме дали сме ја претходно измиле косата со шампон дури сме се бањале ? Земете и поминете неколку влакна (се мисли на снопче од влакна) со прстите , ако испушти некој слабо пискачки звук значи дека сте ја измиле.
15.Ставете сок од лимон на вашите пеѓи со што ке ги избледете , а можат дури и да исчезнат.
16. Да излезете од лавиринт , да буквално лавиринт независно од тоа дали е во игра или вистинси живот , ставете ја раката на десниот зид и продолжете да одите така. Со малку среќа ке стигнете до излезот.
17.Плаќајте за работи во кеш, па така тие пари нема да бидат имагинарни (како оние на картица или пејпал). Така верувајте ќе трошите многу помалце .
18.Сте потрошиле доста од вашето драгоцено време барајќи нешто, а воедно и сте го нашле , следен пат кога ке го враќате назат ставете го на првото место каде сте го побарале.
19.Секогаш бидете 10 минути порано за било што, енаш кога ке премине во навика , ке бидете многу по релаксирани и без стрес дека касните .
20.Добијте попрецизни истражувања на гугл со додавање на знакот "+" .
21.Прекумерено конзумирање храна на секој оброк ? Едноставно пред да почнете да јадете напијте се една чаша вода , така дел од желудникот ке биде поплнет и повратната информација од тоа е да конзумирате помалце . (Внимание , немојте повеќе од една чаша бидеќи едноставно ке ви додјде чуство за повраќање по појадокот . Лично искуство.)
22.Немате крпа за бришење површини ,ви треба итно но продавницата е затворена ? Па народе го имам решението за вас ,кесички со чај . Да , кесички со чај , едноставно натопете ги во вода или направете два,три чаја испијте ги , тој е добар за чистење на стаклени и дрвени површини бидејќи не остава остатоци и ги брише комплетно.
23.Пастата за заби освен за одржување на орална хигиена таа е добра и за : сушење на бубулици, да ублажните не толку сериозни изгореници, да отстраните несакани мириси од рацете.
24.Путерот може да ви послужи како : отстранувач на лепак од рацете, гума за џвакање од косата, да ги проголтате магарешките антибиотици полесно , да сечете низ лепливи материјали (со сечилото ке поминете два три пати на путерот).
25.Кока колата освен како течност за освежување се кориси и за чистење на корозивни предмети, ублажување на болките во стомакот (дејствува со што ја обновува флората и нејзините бактерии во стомачната празнина), чистење на крв од облека, неутрализирање на смрдливиот мирис од твор
26.Пастата за заби може да послужи како вадење на одвратна миризба од вашите раце и како некој вид на козметички помагател.Што сакам да кажам, доколку имате брунче гнојаниче намачкајте го со паста самата паста ке го изгори,кога ке осетите мало печење на вашата кожа тоа значи дека пастата помага.
Доколку и вие знает некој интересен секојдневен трик покажете го во коментар темава постојано ке се едитира ке се додаваат нови трикчиња.