Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Можно ли е да се направи дома, путер, односно намаз од кикиритки...или дајте некој рецепт за било каков намаз. Јас си правам еден сличен, да не речам ист како тартар сос, милина е![]()
Кажете рецепт, било каков за боранија.
Боранија на медитерански начин
- Половина кгр. боранија
- 1 лажица маслиново масло
- главица кромид
- и чешне лук
- 500гр. домати
- лажица зачин
- 2 лажици исечкан босилек
- магдонос
Боранијата се чисти, се мие и се вари во солена вода 15-20 мин. На маслиновото масло со малку вода се динста исечканиот кромид, исечканите домати во коцки, сето тоа се посипува со зачин и се остава на тивок оган 10-тина мин. Сварената и исцедена боранија се вмешува во сосот од домати и се додаваат магдоносот и босилекот.
Медитеранска салата
-500 гр. боранија
-500гр. компири
-блитва
-2-3 чешниња лук
-босилек, маслиново масло, црн бибер
Боранијата се мие, се чисти и се обарува. Првата вода се фрла, а во втората се додава компирот, исечен на коцки. Кога компирот малку ќе омекне, се додава блитвата. Кога зеленчукот ќе биде целосно сварен, се процедува, се додава исечканиот лук, босилекот, се зачинува и се прелева со маслиново масло.
Može I nešto corbesto, dobrodojdeno e isto taka.Или сакаш чорбесто нешто?
Može I nešto corbesto, dobrodojdeno e isto taka.
Како беше рецептот за лимонада, 1kg лимони, со колку вода се прави??
Лимонот убаво се мие со четка под млаз вода. Се меле низ машина за мелење месо и се става во поголем сад да одстои 24 часа. Наредниот ден се цеди убаво низ газа и му се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша додека се стопи шеќерот, а потоа се собира во шишиња.
- 1кг лимон
- 2кг шеќер
- 2 литра вода
- 3 кесички лимонтус
Сокот може да се прави и со лупени лимони доколку не сакате да има погорчлив вкус и ако се плашите од хемијата што ја содржи лушпата.
За оваа рецепта прашуваш?
Ова е сок за растварање. Не дај Боже да го пиеш веднаш со толку шеќер.Јас во соковник го пуштам цел да оди. И не чекам 24 часа. Веднаш го правам и го пијам
Ова е сок за растварање. Не дај Боже да го пиеш веднаш со толку шеќер.Инаку за природна лимонада нема посебен рецепт, стискаш лимони колку сакаш, долеваш вода за да не те убие желудник и тоа е.
![]()