Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
ПИЛЕШКА ФАНТАЗИЈА

500 гр. пилешки стек
300 гр. сланина
300 гр. кашкавал
1 мала тегла шампињони
1 крем-супа од печурки
2 чаши павлака
1 чешне лук (по желба)
Мешан зачин и црн бибер по вкус

Приготвување:
1. Пилешкиот стек се сече на коцки, се сечкаат и сланината и печурките, а кашкавалот се ренда.
2. Крем-супата се вари со 500 мл. вода, се лади и се додава павлаката и се мати со миксер за да се добие густ сос.
3. Во тава се става половина од исечканиот пилешки стек, врз него се става половина од сланината, половина од печурките и половина од кашкавалот.
Се распоредуваат, се става половина од сосот и со лажица се размачкува насекаде.
4. Врз првиот ред се става преостанатиот стек, се распоредува, па се ставаат сланината, печурките, кашкавалот и преостанатиот сос.
5. Тавата се покрива со алуминиумска фолија и се пече 1 час на 250 степени, потоа фолијата се вади и се пече додека не зарумени.

ПРИЈАТНО ЈАДЕЊЕ:)
 
ПИЛЕШКА ФАНТАЗИЈА
Мене од читање ми „ дојде вода на уста “
Ама нема ниту да се обидам да пробам, сепак сум во повеќе од зрели години.
Но очекувам тие што ќе пробаат да раскажат
 
Не можев да најдам содветна тема па решив да прашам тука. Дали сте правеле калцоне или на нашки наречена затворена пица. Ме интересира како ја правите и со што ја правите ( шунка, мелено месо, кулен, спањак). Пишете си ја рецептата за вашата калцона.
images
 
Моцарела, шунка и сос од домати. Али можеш да комбинираш со што сакаш. Јас обично наместо шунка, си сакам пилешко.
 
Моцарела, шунка и сос од домати. Али можеш да комбинираш со што сакаш. Јас обично наместо шунка, си сакам пилешко.
а тестото сама го правиш? дај рецептче и за него
 
а тестото сама го правиш? дај рецептче и за него

Не го правам јас, имам пица мајстор дома, јас само порачки правам. :)

Тестото е исто како за леб, само што се става многу малку квасец и плус се додава масло. Се остава да стаса подолг период (неколку саата), а потоа се размесува, се формира во топчести форми со големина од прилика колку една тупаница и се става во фрижидер. Значи го правиш еден ден пред да ги припремаш пиците. Утредента го обликуваш и ја правиш пицата.
 
а бе и во леб се става квасец, не зезај. дај бројки, грамажа...
 
blue ladybug, ми го кажаа само рецептот за во ресторан, кога правел помали количини, знаел точно како треба да му излезе тестото, па ставал од око.

Инаку еве го рецептот за на големо, па рачунај:

На 20 кила брашно се става 50 гр. квасец, литар масло, чаша и пол сол, две чаши шеќер и околу 10 литра вода (тестото не смее да биде ни премногу тврдо, ни премногу меко).
Се надевам дека помогнав. :)
 
И за колку пици е ова тесто?:)
 
ајде, ќе направам една математика од количините за 1 кило брашно, се надевам дека ќе излезе нешто па ќе пишам кога ќе го направам.
Фала ти AnFem ;)
 
Компири со фета сирење

Потребни состојки:
- 8 компири
- 100гр. чаден свински врат
- 150 гр. фета сирење
- 3 гранчиња босилек
- 200 гр. кашкавал
- 50 гр. путер
- 1 главица кромид
- масло за јадење
- сол

Подготовка:
Компирите излупете ги и издлабете ги за да може да ги полните. Во тава со загреан зејтин додадете го ситно сецканиот чаден свински врат и главицата кромид. Откако ќе се запржат остатоците од компирите изрендајте ги и додајте ги во тавата. Додадете го и путерот и убаво потпржете. Ставете го и фета сирењето, ситно сецканиот босилек и измешајте.
Во тава за печење ставете малку зејтин и наредете ги компирите. Со лажичка полнете ги компирите и врз секој од нив ставете по една лента кашкавал. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна 30 минути на температура од 220 степени.
recepti-prilozi-zapeceni_punjeni_krumpiri_896698102.jpg
 
Жени дајте рецепт за тесто за кифлички?
 
Жени дајте рецепт за тесто за кифлички?

Нешто полова еднаквост и сл.?

Објаснување само за нескафе:
(Точката е за акронимот од слично, а прашалникот дека реченицата е во прашална форма)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom