Секакви рецепти

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.947
Можно ли е да се направи дома, путер, односно намаз од кикиритки...или дајте некој рецепт за било каков намаз. Јас си правам еден сличен, да не речам ист како тартар сос, милина е :D
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Можно ли е да се направи дома, путер, односно намаз од кикиритки...или дајте некој рецепт за било каков намаз. Јас си правам еден сличен, да не речам ист како тартар сос, милина е :D
Ете ти за путер од кикиритки:

Состојки

  • 100 гр. несолени печени кикирики
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица зејтин
Во процесорот ставете ги печените несолени кикирики, вклучете процесорот да ги само едро сомеле, потоа ставете медот, зејтинот... вклучете процесорот да работи. Ќе биде потребно неколку пати да го отворите процесорот за да со лажиче соберете од ѕидовите што се полепил веќе почнатиот путер.. така неколку пати. Готов е путерот кога ќе забележите дека е тој сосема кремаст и се појавува зејтинот.

Просецор = сецко

 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Пржени бамји

Потребни состојки:
- 500 гр. бамји
- 2 млади кромидчиња
- 2-3 лажици ситно сецкан магдонос
- сол и зејтин

Подготовка:
Бамјите убаво измијте ги и истругајте ги со нож, па одсечете им ги дршките. Магдоносот и кромидчето ситно исецкајте ги и тргнете ги на страна. Во тава за пржење ставете зејтин да се загрее.Додајте ги бамјите да се пржат и кога ќе поруменат од сите страни извадете ги во сад на страна. Посолете ги и додајте го сецканиот магдонос и кромидчето. Служете како додаток со месо или како топла салата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Чорба од пилешки џигер
Потребно:
1/2 кг пилешки џигер - без срца
1/2 литро јогурт
100 грама морков
100 грама компир
100 грама грашок
2 коцки за супа
2 кафени лажички густин
5 грама мелен бибер
малку магдонос

Џигерот се одмрзнува, мие и се става да се пржи со зејтин. Кога водата ќе испари, кратко се пропржува. Потоа се чека да остине и се сече на коцки .
Во тенџере се налева 1 литар вода и се додава сецканиот џигер и зеленчук и коцките за супа.
Штом зеленчукот ќе омекне се додава јоуртот и густинот, претходно изматен со малку вода.
Од кога супата ќе зоврие, по пет минути, се додава биберот и магдоносот и по една минута се трга од оган
Се служи со додаток на јогурт или кисело млеко.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
да ви се пофалам...стек со аронија како шо јаделе месо индијанците
за една порција потребно е:
-една лажица аронија
- еден стек
-една лажица паштета
-една лажица павлака , кисело млеко
-една лажица ленено семе
-една коцка за супа
-грашок , пченка и морков
-феферончина
-магдонос
-лист од марула
-две три капки маслиново масло
Месото се чука , и се мачка со маслиново масло...се печи...јас така дирек го бапнаф ф тостер ...дури го припремаф се стопли....Со една коцка за супа се варат грашако , пченката и морково не се тура многу вода доволно колку за да се свари.
Се сервира вака: Се клава прво лист од марула , а одозгора му се става стекот , потоа се клава варивото со пченка , грашак и моркоф, а водата шо че остани со неа се потура стекот за да биди и тој солен од коцката....после со една лајца се мачка стекот со дробена аронија и паштета.....па му се става и павлака и неколку зрнца аронија за украс....
За уште украс му се клава магдонос врз сето то и феферончина и ленено семе.....Прездраво е за јадење
 

Attachments

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Запознајте ја старата струмичка кујна – како се прави Полнета плешка.
Ова е многу стар струмички рецепт, погоден за трпеза кога се најубавите празници.
Сите семејства си готват по свое, но сепак, основниот рецепт се задржал
до ден денес…

СОСТОЈКИ :
-ЈАГНЕШКА ПЛЕШКА
-ИЗНУТРИЦИ, НО ПРЕД СЕ ЏИГЕР
-ОРИЗ
-СУШЕНО НАНЕ ИЛИ МИРУДИИ ПО СТРУМИЧКИ
-ДРУГИ ЗАЧИНИ, ЦРН БИБЕР, ЦРВЕН ПИПЕР, СОЛ, СУШЕН МЕШАН ЗЕЛЕНЧУК
-СУВА ПИПЕРКА
-ЗЕЈТИН

1. Најпрво за да се отстрани мирисот на јагнешкото, кој за некои е
претежок, убаво е да се остави со часови во ладна вода која ќе се менува
често, потоа ставете ја плешката во млеко или бело вино да одстои преку
ноќта, а истото сторете го и со изнутриците…
Подобро е јагнето да е женско, мирисот е послаб…
2. Потоа измијте ги убаво и почнете со подготовка на зајрето за полнење.
По желба, варете ги или испржете ги изнутриците, бел џигер, црн, срце,
но може и само џигерче, исечени на коцки…
3. Испржете младо кромидче, додајте го оризот со малку врела вода да
омекне, помешајте ги со изнутриците и додајте ги зачините и сувата
издробена пиперка…
4. Сега отворете ја плешката над ребрата внимателно, па продолжете да ја
отварате, може со рака, а може и со дрвена лажица, нежно да ја
протнувате… Не се плашете и да се отвори некаде каде не треба, и онака
ќе шиете потоа…
5. Наполнете ја плешката со зајрето и со конец и игла сошијте го отворот…
6. Премачкајте ја плешката убаво со сите зачини и ставете ја да се пече
по можност во земјена покриена тава, додајте зејтин и вода со црвен
пипер и сушено нане…
7. Прво печете на силно, да се зацрви, потоа намалете на многу тивко,
спрема шпоретот и оставете така да се пече, со надгледување, до 3 часа…
Последниот час, откријте ја, додајте од зајрето ако ви останало во
тавата или додајте млад компир по желба и оставете да се зацрви плешката
одозгора…

Точни мерки на такви јадења не се потребни, користете ја својата
инвентивност, креативност, придржувајќи се сепак за основата на
рецептот… Ќе се изненадите пријатно, ќе биде прекрасна СТРУМИЧКА
ПЛЕШКА НА ВАШ НАЧИН !
Се сервира со кисело млеко и младо кромидче.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Кажете рецепт, било каков за боранија.

 
A

AnFem

Гостин
Кажете рецепт, било каков за боранија.
Боранија на медитерански начин

- Половина кгр. боранија
- 1 лажица маслиново масло
- главица кромид
- и чешне лук
- 500гр. домати
- лажица зачин
- 2 лажици исечкан босилек
- магдонос

Боранијата се чисти, се мие и се вари во солена вода 15-20 мин. На маслиновото масло со малку вода се динста исечканиот кромид, исечканите домати во коцки, сето тоа се посипува со зачин и се остава на тивок оган 10-тина мин. Сварената и исцедена боранија се вмешува во сосот од домати и се додаваат магдоносот и босилекот.


Медитеранска салата

-500 гр. боранија
-500гр. компири
-блитва
-2-3 чешниња лук
-босилек, маслиново масло, црн бибер

Боранијата се мие, се чисти и се обарува. Првата вода се фрла, а во втората се додава компирот, исечен на коцки. Кога компирот малку ќе омекне, се додава блитвата. Кога зеленчукот ќе биде целосно сварен, се процедува, се додава исечканиот лук, босилекот, се зачинува и се прелева со маслиново масло.
Или сакаш чорбесто нешто?
 
A

AnFem

Гостин
Može I nešto corbesto, dobrodojdeno e isto taka.
Извини што доцнам со одговорот. Можеш да направиш манџичка со боранија... Пропржуваш главица кромид, ставаш морков, компир (ако сакаш и друг зелечнук), додаваш вода, нека се варат кратко и на крај ја додаваш боранијата. Ако сакаш можеш да ставиш и месо, во зависност од месото се менува и начинот на подготовка (некое треба да се вари однапред). На крај пред да го изгасиш шпоретот ставаш запршка и зачини по желба. Набрзина ми е напишано, пиши слободно ако имаш дополнителни прашања.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Како беше рецептот за лимонада, 1kg лимони, со колку вода се прави??
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Како беше рецептот за лимонада, 1kg лимони, со колку вода се прави??
  • 1кг лимон
  • 2кг шеќер
  • 2 литра вода
  • 3 кесички лимонтус
Лимонот убаво се мие со четка под млаз вода. Се меле низ машина за мелење месо и се става во поголем сад да одстои 24 часа. Наредниот ден се цеди убаво низ газа и му се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша додека се стопи шеќерот, а потоа се собира во шишиња.
Сокот може да се прави и со лупени лимони доколку не сакате да има погорчлив вкус и ако се плашите од хемијата што ја содржи лушпата.

За оваа рецепта прашуваш?
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
  • 1кг лимон
  • 2кг шеќер
  • 2 литра вода
  • 3 кесички лимонтус
Лимонот убаво се мие со четка под млаз вода. Се меле низ машина за мелење месо и се става во поголем сад да одстои 24 часа. Наредниот ден се цеди убаво низ газа и му се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша додека се стопи шеќерот, а потоа се собира во шишиња.

Сокот може да се прави и со лупени лимони доколку не сакате да има погорчлив вкус и ако се плашите од хемијата што ја содржи лушпата.

За оваа рецепта прашуваш?
Јас во соковник го пуштам цел да оди. И не чекам 24 часа. Веднаш го правам и го пијам
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Јас во соковник го пуштам цел да оди. И не чекам 24 часа. Веднаш го правам и го пијам
Ова е сок за растварање. Не дај Боже да го пиеш веднаш со толку шеќер. :icon_lol: Инаку за природна лимонада нема посебен рецепт, стискаш лимони колку сакаш, долеваш вода за да не те убие желудник и тоа е. :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ова е сок за растварање. Не дај Боже да го пиеш веднаш со толку шеќер. :icon_lol: Инаку за природна лимонада нема посебен рецепт, стискаш лимони колку сакаш, долеваш вода за да не те убие желудник и тоа е. :)
уствари да, не ставам 2 кг шеќер туку 1 кг и 1 лимонтус. не бе, не за растварање така си го пијам.
ај ќе го пробам и твојов, да видам каков е за растварање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom