Се затвора фирмата Тедико!

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да се зголеми невработеноста. 15 фамилии месечно заминуваат од градот во странство.

Која патетика еј....страшно, ама вистинито...
 
Јас едно време работев со Тедико пред неколку години. Пред да влезам кај нив ме предупредуваа дека должеле на многу места. Бидејќи Глобус стои зад Тедико одлучив да работам со нив во секој случај. Кратко работев со нив една година само, парите ми ги платија со малку задоцнување ама сепак ми ги платија. Не дека беше голем бизнис за мали пари се работеше, страшно е со големите фирми мислам дека должат на повеќе страни, ништо чудно да затворат. Ама за воља на вистината Веро е исто така во голема криза, таму се работи и за корупција во менаџментот...
 
Вработените во Тедико се задоволни од тој велешанецот кој го нарекувате преварант.Сум работел во Тедико, но не ги затекнав тие времиња кога бил сопственик велешанецот али затоа пак стекнав колеги-велешани кои работеле во тие времиња.А под раководството на Глобус имаше што да се види абе тоа од пиле-гомно.......
Сега ете, од што му се наводно „скурчило“ на г. Глобус планира да шутне сто и педесет фамилии на улица и да замине во „среќен и безгрижен пензионерски живот“.Поголема лага од ова амин, уште ли верувате во „Светот на бајките“?
Дури и да е така, срамота е да оставиш на улица без леб толку фамилии зошто тебе едноставно ти се „скурчило“ иако не е тоа, има нешто поголемо тука, никој не остава туку-така маркети кои носат пари само затоа што на некој му скурчило.Тој што има, сака уште повеќе.
 
Вчера сабајлето бев во локалното Тедико, да ги купам основните работи за преживување :icon_mrgr:, кога внатре гледам ништо нема. Нема сувомеснати производи, рафтовите празни, фрижидерите/замрзнувачите ги товараа, а за леб да не збориме. Гледав нови работнички имаше, изгледа тие старите ги отпуштиле, а овие останале само да ја довршат работата додека да се затвори локалот.

Значи и овие пропаднаа, огромна штета за вработените дека сепак Тедикото беа едни од поголемите маркети во земјава.

Е, ај да плачеме сега....:place:
 
Тедико Карпош 4 од денес затворен, вработените кои останаа се прераспределени по други, поголеми маркети. Бранот затварања на Тедико маркетите ќе продолжел. Ова било само почеток! ;)
 
..рикнаа насекаде по Европа , да не ја спомнуваме Екс-Југославија.., локалните помали и поголеми маркети.., со еден збор поминува херојското време на тој бизнис....
Сега тоа веќе станува голема операција која можат да ја водат само многу големи компании, кои заради својата гравитација можат да имаат уплив дури и на политиката.
Иако и тие одат по тенка жица и само мноогу прецизно балансирање, организација и логистика .... од проток на стоки, пари и луѓе, како и постојана иновативност, им е границата помеѓу да ги има или да ги нема.
Тој процес е толку термодинамички јасен , што не ми е јасно зошто некој се исчудува.., чиста физика во средина на глобалистички баханалии.
Тука нема место за човекот и неговите душевни и други проблеми.., ко чувства, носталгија и други трици...
 
Ова затворањево на Тедико изгледа стварно започна... жално што се затвара еден од најдобрите маркети во државава, а и жално за вработените што ќе ги изгубат своите работни места.... :(
 
Ова затворањево на Тедико изгледа стварно започна... жално што се затвара еден од најдобрите маркети во државава, а и жално за вработените што ќе ги изгубат своите работни места.... :(
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom