Се самоубил заради оценка!?!

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Леле ми падна ептен жал за детето... :cry: :cry: :cry:
 
ejjjj vakvi napnati roditeli mnogu mrazam i so ako dobil edinica ajde kraj na svetot e taka ko da ne moze da ja popravi pa use i kazna 3 meseci idete lecete se ja ko ke iam deca ne gi zamaram kolku uci tolku nema sea da se treskam ako imalo losi oceni i da go kaznuvam ke mu kazam deka za negovo dobro e da uci a on kolku ke razbere negovo si e toa
 
Оценка се поправа, не е вредна ни колку една секунда од животот.
Трагедии...
Бесилка за родителите!
 
Порано моите ми викаа за слаби оценки,ама никогаш не ми дале казна,посебно не од три месеци затоа што знаат дека со сила ништо нема да се постигне.Може да стане уште полошо,како во овој случај.
Греота за детето,така млад да си го завршиш животот заради глупост и глупави принципи и желби на родителите:nenene:
 
Петнаесетгодишен гимназијалец си го одзел животот со бесење. Причините официјално се уште се непознати. Неговите соученици тврдат дека момчето кое било првенец на класот и негов претседател, не можело да го издржи притисокот од родителите затоа што претходниот ден ја добил првата единица во својот живот. Добил и тримесечна казна забрана за излегување. Се обесил.
Аман бе.:nesvest:
 
Ееееее....ЛАТАС го претера.....
Аман више до кога глупости.....
Кој бе го стави него уредник таму.......

ЈАС ВО ОВА НЕ ВЕРУВАМ........
Детево било првенец и одлично...... и толку нестабилна личност шо се самоубило поради “КЕЦ“?

АМАН ВИШЕ.... НЕ ГО МОЖАМ.......

Иначе за детето....БОГ НЕКА МУ ПРОСТИ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГРЕВ.....
 
Svarno zalosno, greota, toa ti e koga sakas premnogu od eden tinejger koj e vo faza na razvivanje kako licnost.
Bog da go prosti
 
Се фативте за муабетот ко слеп за стап аман. Погледнете пошироко, дали стварно било само тоа проблемот на детето? Можеби не кажувало што и како му било, може си имал некои проблеми плус а ова било само капак на се што му се случувало.
Сте се фатиле за кецот у пизду матер се нервирам, главите не се само за растење коса АМАН.
Шо фајде кажале соучениците извор некој си весник. Многу некако делувате со мозоци за перење бе, апла голема глупост е ова. Од каде ја знаете неговата психа? Некој ги прашал неговите родители што како и зашто било детето? Не само осудувате
ц ц ц

Иначе само што дознав и тоа што глуп народ постои тука. Дечкото имал hi5 профил и му оставале коментари негови „другари„ во стилот Зошто ли умре/Бог да те прости

значи дегенски народ ееееееј
 
Жалосно ама негов избор бил и тој го избрал полесниот пат, со еден чекор се откажал од се и си ги решил сите проблеми, виновни се тие што го воспитале така да ги решава проблемите и кои му ги прикажале како апсолутно нерешливи.
 
Многу сте чудни...Сте прочитале една вест во весник и веднаш делите судови, а не сте ни сигурни дека е тоа баш така како што е напишано. Сите знаеме на што се се спремни весниците со цел да го зголемат својот тираж, нели ? Жалам за тоа што го направило момчето, но знам дека самоубиство извршува лабилна личност со сомнителен карактер и искрено не верувам дека причината е само забраната добиена за еден кец. Можеби односите во тоа семејство одамна биле разнишани, а можеби тоа воопшто и не била причина за такво нешто. Како и да е вистината е однесена во гроб... Но, сега на потег се полициските инспектори кои ќе го истражуваат случајот. Ако само го прогласат за затворен случај ( значи потврдено самоубиство ), без при тоа темелно да ги испитаат причините, ништо од тоа... Значи , треба првин да се тргне од биопсихосоцијалните карактеристики и виктимогени предиспозиции на момчето да стане жртва на самоубиство. Без разлика што не е убиство тој сепак е жртва. Само со таков пристап кон истрагата може во иднина превентивно да се делува ( организирано како општество ) на намалување на бројката на самоубиствата.
Ова е голема тема и бара повеќе време и простор, но да не Ве давам многу...
 
Мислам дека и порано имаше неколку слични случаи, истотака се работеше за самоубиство на тинејџери кои биле примерни деца, одлични ученици. И за нивната смрт, за жал, се вадеја различни верзии, од добиен кец во школо, до добиена навреда од професор и сл. Се што досега кажале е неверодостојно, никој не може со сигурност да каже зошто некој би се самоубил. Срамота е и жалосно е да се шпекулира што го натерало детето на таков чекор. Уште пожално е да ти недостасува способноста да ја разбереш болката на родител во таа ситуација и да сочуствуваш со него.
Зошто секогаш е поважно да си ја задоволиме болната љубопитност?
Доста со шпекулации! Оставете го тоа семејство да си оттагува, оставете го момчето да почива во мир.
 
Д не си грешиме душа со нагаѓања, што и да го натерало на тој чин страшно е!
 
Зошто за ваква трагична вест се отвара посебна тема, и уште се погани со секакви недолични нагаѓања? Аман, барем малку осет.
Или тоа некрофилската радозналост не остава на мира:uvo:
 
Ох Ада, ми ги зеде зборојте.

Добро бе луѓе, шо изигравате? Детективи? Ќе го расветлувате случајот за да видите шо му се десило на детето?! Мислам, стварно е претерано.
 
Ох Ада, ми ги зеде зборојте.

Добро бе луѓе, шо изигравате? Детективи? Ќе го расветлувате случајот за да видите шо му се десило на детето?! Мислам, стварно е претерано.

Мислам дека нема табу теми, нели ? Не сме ниту политичари па коментираме и такви теми...Што се однесува до овој случај ни јас не сакам да оценувам многу, ама читав дека истиот ден имало три самоубиства кои како негативна појава заслужуваат внимание...Дефинитивно самоубиствата се во пораст, а можеби ќе се вклучи и некој потенцијален кандидат кој ќе си ја отвори душата за својата намера и причините за тоа, а може и ќе се предомисли...
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom