Мене никој не ме мачи, повеќе од очигледно е дека нема да добие втор билет догодина.
Манчевски можеби е солиден за дебати, ама администрацијата ја остави во истата положба во која и ја наследи. Реши дел од рамковните неработници и додаде уште административци на државната сметка. Башка на образованието му треба дебела реформа. Сеуште се пишува на табли со креда, а во светот училиштата користат смарт табли. Тоа е голем залак за нас, ама барем нека постават табли со маркери. Ентериерот, клупите и столчињата, беа нови кога се воведе "компјутер за секое дете" за сите училишта во Скопје, денес скоро сите се искршени. Влези во било кое училиште и ќе видиш. Можеби ќе се води повеќе грижа ако нив ги плаќаат родителите.
Наставниците се бираат од партиските редови, а не од најдобрите работници кои се желни да ја работат таа професија. После зборуваме за политизација на децата.
Двојните дневници трошат премногу време, нема потреба од е-дневникот. Не знам дали е сеуште активен како форма, но тоа беше лошо решение. Јас би вовел камери во секоја училница. Наставниците повеќе се бават со дисциплина, отколку со образование. Мора и тој проблем да се реши со некакви казни за родителите.
После тие т.н. "родителски состаноци" кои поправаат оценки мора да се укинат. Нема зошто тие да се мешаат во работата на наставникот, нивна работа треба да биде околу предлагањето на реформски мерки.
Околу оценката, мора да се воведат задолжителни писмени тестови по секој предмет (нормално не за физичко, отп или ликовно). Колку составни елементи да има оценката, мора да биде покриена и со најмалку еден писмен тест.
Нашето образование тоне и мораат да се воведат одредени реформи кои би подобриле одредени сегменти во истото.