СДСМ - Политичка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓаат пратеничките листи со кои ќе настапува партијата на следниве избори?

  • Да.

    Гласови: 7 11,1%
  • Не.

    Гласови: 42 66,7%
  • Можеле да стават и многу подобри кандидати.

    Гласови: 14 22,2%

  • Вкупно гласачи
    63
  • Гласањето е завршено на .
Не ми е верно дека има длабоки чувства... Има длабок интерес...
Автоматски споено мислење:

Пак изгледа многу неверојатно... За Заев зборуваме...
Заев e најмал проблем овде, Васиљ ми е феномен <3
 
Гледам дека Мила е голем експерт. Ќе ги прошета сите министерства вака, а од вчера е во партијата. Како може преку ноќ да стигнеш во врвот? Има нешто што се вика кадровска политика. Најпрво треба да ги знаеш актите на таа партија и за започнеш од некое месно подрачје. Сите овие луѓе се сателити на Заев. Истото е и во ДПМНЕ, кога ќе падне лидерот, сите ќе рипнат на него.

Иначе како можам на нашиот градоначалник да му пратам мапа со патоказ како да стигне до мојата населба!? Едно камче нема ставено за 3 години. Кога веќе ГПС-от во колата не му ги покажува патиштата наваму. Можеби затоа што се прастари, кој знае!
 
Настрана кадровска политика, во моментов образование е едно од министерства со најголем предизвик. ДУИ многу свесно и паметно го отпиша бидејќи се свесни дека немаат соодветен кадар кој би можел да се справи со сегашнава ситуација. Од друга страна, Мила можеби не е толку истрошен кадар како другите ликови ама останува мистерија како една просечна женичка ќе се справи со воведување и имплементација на нова платформа за образование. Во случајов, Дамјан Манчевски беше „поспремно“ решение.

* Кој градоначалник те мачи?
 
Мене никој не ме мачи, повеќе од очигледно е дека нема да добие втор билет догодина.

Манчевски можеби е солиден за дебати, ама администрацијата ја остави во истата положба во која и ја наследи. Реши дел од рамковните неработници и додаде уште административци на државната сметка. Башка на образованието му треба дебела реформа. Сеуште се пишува на табли со креда, а во светот училиштата користат смарт табли. Тоа е голем залак за нас, ама барем нека постават табли со маркери. Ентериерот, клупите и столчињата, беа нови кога се воведе "компјутер за секое дете" за сите училишта во Скопје, денес скоро сите се искршени. Влези во било кое училиште и ќе видиш. Можеби ќе се води повеќе грижа ако нив ги плаќаат родителите.
Наставниците се бираат од партиските редови, а не од најдобрите работници кои се желни да ја работат таа професија. После зборуваме за политизација на децата.
Двојните дневници трошат премногу време, нема потреба од е-дневникот. Не знам дали е сеуште активен како форма, но тоа беше лошо решение. Јас би вовел камери во секоја училница. Наставниците повеќе се бават со дисциплина, отколку со образование. Мора и тој проблем да се реши со некакви казни за родителите.
После тие т.н. "родителски состаноци" кои поправаат оценки мора да се укинат. Нема зошто тие да се мешаат во работата на наставникот, нивна работа треба да биде околу предлагањето на реформски мерки.
Околу оценката, мора да се воведат задолжителни писмени тестови по секој предмет (нормално не за физичко, отп или ликовно). Колку составни елементи да има оценката, мора да биде покриена и со најмалку еден писмен тест.
Нашето образование тоне и мораат да се воведат одредени реформи кои би подобриле одредени сегменти во истото.
 
...
Јас би вовел камери во секоја училница. Наставниците повеќе се бават со дисциплина, отколку со образование. Мора и тој проблем да се реши со некакви казни за родителите.
...
Околу оценката, мора да се воведат задолжителни писмени тестови по секој предмет (нормално не за физичко, отп или ликовно). Колку составни елементи да има оценката, мора да биде покриена и со најмалку еден писмен тест.
Проблемот со недисциплината може да се реши ако ја вратат дреновицата која беше во функција во моето време... :)
Писмените тестови имаа пандан во екстерното тестирање... ама ете, го укинаа сегашниве.
 
Мене никој не ме мачи, повеќе од очигледно е дека нема да добие втор билет догодина.

Манчевски можеби е солиден за дебати, ама администрацијата ја остави во истата положба во која и ја наследи. Реши дел од рамковните неработници и додаде уште административци на државната сметка. Башка на образованието му треба дебела реформа. Сеуште се пишува на табли со креда, а во светот училиштата користат смарт табли. Тоа е голем залак за нас, ама барем нека постават табли со маркери. Ентериерот, клупите и столчињата, беа нови кога се воведе "компјутер за секое дете" за сите училишта во Скопје, денес скоро сите се искршени. Влези во било кое училиште и ќе видиш. Можеби ќе се води повеќе грижа ако нив ги плаќаат родителите.
Наставниците се бираат од партиските редови, а не од најдобрите работници кои се желни да ја работат таа професија. После зборуваме за политизација на децата.
Двојните дневници трошат премногу време, нема потреба од е-дневникот. Не знам дали е сеуште активен како форма, но тоа беше лошо решение. Јас би вовел камери во секоја училница. Наставниците повеќе се бават со дисциплина, отколку со образование. Мора и тој проблем да се реши со некакви казни за родителите.
После тие т.н. "родителски состаноци" кои поправаат оценки мора да се укинат. Нема зошто тие да се мешаат во работата на наставникот, нивна работа треба да биде околу предлагањето на реформски мерки.
Околу оценката, мора да се воведат задолжителни писмени тестови по секој предмет (нормално не за физичко, отп или ликовно). Колку составни елементи да има оценката, мора да биде покриена и со најмалку еден писмен тест.
Нашето образование тоне и мораат да се воведат одредени реформи кои би подобриле одредени сегменти во истото.
Се е точно, ама е технолошки пописмен и во моментов тоа сметам дека е важно. Во контекст на избор помеѓу двајцата. Администрација е нешто што некад некој министер ќе го расчисти кога ќе нема коалиција ДУИ-МК партија.
 
Владиката Агатангел повика на протест против понижувањето, за договорот од Преспа. Денес во 17ч пред седиштето на ЕУ ... што мислите за ова ? ќе присуствувате? Јас да , сите велат цело време народот не бил на улица за името бла бла , ајде еве ви шанса за денес.

После свадба тапани, многу касно им текна да организираат протести. Или се кординираат со Дпмне со најавите за рушење на оваа влада :D
 
Се надевам му е убаво и топло така длабоко навлезен во анусот на Господинот Заев.
Остајте го кога ќе бидат во опозиција, се ќе му сметат и најмалите ситници па можда ќе се самозапали на плоштад во знак на револот :)
 
Проблемот со недисциплината може да се реши ако ја вратат дреновицата која беше во функција во моето време... :)
Писмените тестови имаа пандан во екстерното тестирање... ама ете, го укинаа сегашниве.
Екстерното тестирање беше лош проект. На 30 прашања што ќе направам и добијам, тоа добивам и во сведителство!, а другите оценки сум ги градел цела година. Учениците беа доста оштетени со тие ветувања на Кралев. После тоа им ги даваа и прашањата! Од една страна тоа беше за контрола на наставниците, ама ако немаше одредена награда или казна на учениците, тие ќе немаа мотив да добијат висока оценка од тој тест. Можеби поправично беше и таа оценка, заедно со полугодишните, тие да се соберат и се поделат со 3, така ќе се добие финална оценка. Некој и да киксне малку, тоа нема да се намифестира многу на неговиот просек. Ама баш таа мерка го бутна ДПМНЕ од власт. Од таму започнаа протестите и бојкотите, а бидејќи имаа тотален идиот за министер- Абдилаќим Менделеев, кој немаше визија за образованието, сега е во поголема дупка.
 
После свадба тапани, многу касно им текна да организираат протести. Или се кординираат со Дпмне со најавите за рушење на оваа влада :D

ама ако дојде Бачев и ако ги прогласат за Русофили... како ќе се оправдаат пред пријателите после :(
 
Двојните дневници трошат премногу време, нема потреба од е-дневникот. Не знам дали е сеуште активен како форма, но тоа беше лошо решение.
Многу ме чуди ова. Како лошо решение? Ова е една од најдобрите работи, очекував со текот на времето да „расне“ и надградува. Побргу би рекол дека „обичниот“ дневник е непотребен. Во е-дневникот родителите може да следат оценки и други информации. Јас очекував да расне и да се пишуваат наставните теми, задачи за дома... за ако некое дете е болно да не бара од другарите што има за домашна, што се учело, што се работело...
 
Затоа што се губи премногу време. Секој родител треба редовно да го контролира поведението и резултатите на своето дете преку тие родителски. Само 10-15% од родителите одат на родителски, а од тоа може да се заклучите дека нема интерес од нивна страна за резултатите на нивните деца во образованието. Секој класен раководител губи по неколку часа само за средување на изостаноците, што искрено не вреди за тие мочани помалку од 1.000 ден! Во многу училишта во светот, самото училиште го известува родителот дека ученикот не се појавил на настава. Можеби тоа треба да се воведе и кај нас. Родителите мора активно да се вклучат во дисциплината, затоа што ниту еден наставник нема доволен авторитет за да воспостави ред над 30 размазени деца, каков пристап и да има.
Јас кога бев ученик, моите ги добиваа оценките преку СМС пораки!
Инаку ваков каков што е, е-дневникот е непотребен. Беше ветено дека ќе им само еден дневник, ама тоа е еден од најмалите проблеми во нашето образование.
 
Од кај ти ова дека 10-15 посто од родители оделе на родителски состаноци? Во основно дали 2-3 не доаѓаа кај нас, а во средно под 80% никогаш не биле. Не верувам за 15 години дотолку да се смениле работите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom