Самоубиство!

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
vo ovoj moment treba da najdes rabota!
zasto si se zadolzuval ako ne mozes da si priustis? mislis site imame sto sakame?
dilanje? ej za toa ucat od mali deka e nesto sto Ne e dobro... da ne ti objasnuvam znaes..
a ne znam so ovie problemi kako se nerviras sto nemas ljubov-devojka !
Najdi rabota! nema da bides prviot maloletnik sto rabot!
bidi kelner,cistac seedno ama mislam deka samo taka ke se izvleces od kal!:smir:
 
дете...не се глупирај!
побарај си работа негде по некој кафич(келнер енд стаф) .... не сакам да филозофирам.
 
KrToT напиша:
Еве ви причини зашто неможам да живеам повеќе!

Живеам со мајка ми со татко ми сум разделен од моја 1 година, ја молтретирали ја тепал мајка ми не тоа ми е еден товар, другото е тоа што сум напнат од мајка ми ќе го изгубиме станот се задолжив многу пари и јас и мајка ми пробав со дилање на вадам пари ама се заглавив гадно живеам со приход од 5000 денари месечно немам љубов немам основа аман ШТО УШТЕ ТРЕБА ?! МЕ ПРЕПУКАВТЕ ПА МОРАВ И НАЈТЕШКОТО ДА ГО КАЖАМ
Тоа што си разделен од татко ти и ја тепал мајка ти, не ти е никаква причина за самоубиство. Не си ни прв ни последен кој имал таква судбина.

А штом си имал храброст да заглавиш на ваков начин (со задолжување и дилање), знам дека би имал храброст и да се извадиш од гомната. Помисли малку на мајка ти и што би постигнал доколку се убиеш. Мораш да најдеш начин како да ја поправиш ситуацијата.
Само треба да го одмориш мозокот и да смислиш што понатаму.
 
Си пробал ли да најдеш поштена работа бе Крт? Крај краева, кога е каишот стегнат до последното дупче, и физикалец ќе работам. 700-800 денари на ден. Ако сакам, ќе барам и ќе најдам работа!!!

Татко ти направил една грешка. Свати ја мајка ти, ако има психички проблеми со преболување на случувањата од далечното минато. Биди и поддршка, ако таа не може да ти биде тебе. Крајно, вие двајца сте се она што ви останало на светов, а е ултимативно важно. Можеш тоа да го сториш. Сигурен сум дека имаш пријатели кои на секој начин ќе сакаат да ти помогнат, како неколкуте колеги форумџии кои во овие ситни саати сакаат да те убедат дека не е се така црно...

5000 денари месечно лесно можат да станат повеќе, барем онолку колку што ќе треба за да си дозволиш пристоен живот, сега за сега. Ти реков, можеби не си ти крив што мораш да го носиш светот на грб, ама биди јак. Ќе ти се исплати еден ден.

Кога е љубовта во прашање, немој да ми кажеш дека постои некоја цура што те избедирала до толку да го загубиш оној последен столб кој те потпирал на нозе... запамти едно - НИЕ самите сме си асот во ракавот. Изненадувањето кое никој не го гледа. Самите сме си најголемиот пријател и непријател.

Пак ќе ти кажам... БИДИ ЈАК! Биди маж! Биди чесен и љуби безусловно. Имаш моќ.... само треба да ја побараш во себе си. А кога ќе ја искористиш... сите тука ќе читаме за ѕверот Крт. Среќниот Крт... пливаше низ гомна до гуша, ама излезе од нив. И сите ќе се восхитуваме на твојата човечност, и ќе учиме од твојата борба!

Јас верувам во тебе...
 
Па дај бе ортак најди работа нешто летово. Да можеш сам нешто да направиш. А не ти кажуваш глупости. Еј ако е вистина ова што го зборуваш, право да ти кажам дека ќе се срамам што сум се родил. Дај пробај и ти сам нешто да направиш во животот, не вака од прееска гледам само нешто се жалиш. Сите сме имале тешки моменти, ама сме поминале низ се тоа. Ајде само цврсто. И вака да знаеш сите што направиле самоубиство, народот за нив вика си имале проблем со нервите. А ти на 17 години кажуваш и што треба и што не треба. Ајде батали ја оваа тема и потруди се сам да си го средиш животот.
 
Крт,размисли само за мајка ти малце,не биди себичен!
 
Од сите постови до сега осетив буквална подршка само од тебе серпико.. Само да кажам многу вложив а многу изгубив ....само да те прашам во денешно време кај има работа молимтееееее?!!!!?!? Ајде најди нешто макар 20 денари дневница било што само најди ако сакаш од 20 денари имаш 10 заработка само ако ми најдеш рабора па макар и цевки со фекалии да чистам кој сака ваков дебил полн со сама омраза кон себе и се останато глеј ме брееееее

Photo-0029.jpg
 
Нено, другарче.... прво, сите ти мислат добро, но некој можеби незнае да го искаже тоа. Верувај дека сите ти мислат добро.

Друго, ако себеомразата ти пречи во работа - биди критички настроен према себе, ама биди конструктивен. Не се омаловажувај, не се мрзи себеси, ни светот од одоколу... посакај да пронајдеш нешто убаво, и ќе пронајдеш. Психата е многу битна... Луѓе лечеле неизлечиви болести со позитивно размислување. Ти нема да ги вратиш парите кои ги должиш со позитивни мисли, но ќе ти помогнат да најдеш мотив за живот, мотив за борба!

Работа како да најдеш... Да имам јас работа за давање, одма ќе те вработам ама немам. Сепак, јас сум студент копиљак... има работа сине, само треба да ја побараш. Дали ќе е кафиќ или градилиште, веќе е небитно. Битно е да САКАШ да работиш. Заинтересирај се, распрашај се наоколу, прошетај низ градов... Да го ебам, најголем ни е во државава. Сигурен сум дека има некое катче во кое ќе се осеќаш добро, и ќе бидеш продуктивен.

п.с. за да ставиш слика, треба да ја хостираш некаде прво.

п.п.с. Батали слики, глупости... легни и одмори. Утре треба да бараш работа. А пред да го сториш тоа, гушни ја и бакни ја мајка ти. И кажи и дека од утре, ништо нема да е исто.

п.п.п.с. Пак ќе ти кажам... верувам во тебе!
 
KrToT напиша:
Еве ви причини зашто неможам да живеам повеќе!

Живеам со мајка ми со татко ми сум разделен од моја 1 година, ја молтретирали ја тепал мајка ми не тоа ми е еден товар, другото е тоа што сум напнат од мајка ми ќе го изгубиме станот се задолжив многу пари и јас и мајка ми пробав со дилање на вадам пари ама се заглавив гадно живеам со приход од 5000 денари месечно немам љубов немам основа аман ШТО УШТЕ ТРЕБА ?! МЕ ПРЕПУКАВТЕ ПА МОРАВ И НАЈТЕШКОТО ДА ГО КАЖАМ
Ги прочитав еднаш и уште еднаш и пак и пак....
Да ова се причини кои понекогаш не разочаруваат и не фрлаат во депресија,но не се причина ни за ПОМИСЛА на самоубиство,а не пак тоа да биде единственото решение!
Себичен си!Мајка ти останала без маж и те чувала сама од бебе!
Доста преживеала сама жената поради тебе!?Зашто она не се самоубила кога останала самохрана мајка?ПОРАДИ ТЕБЕ!
Сега ти поради нејзе,треба да ја чукнеш главата и да размислиш што правиш?
Заслужила мајка ти да и го направиш и ти ова?Да ја оставиш и ти?
Стварно неможам да те разберам!
Си бил разочаран од љубовта?Имаш 17 години алоо!Убавите моменти и незаборавните љубови уште не ни стигнале!
Дилањето ти е без труд пари!Е нема така!Има работа за секого,ако стварно сакаш да работиш!

Иначе да му се придружам на Серпико...
...и јас верувам во тебе!:smir:
 
Ај кажете само како да не плачам на вакви текстови.....ептен ми е тешко и сега неможам никој од вас да погледнам во очи ако се видиме немам лице.............
 
KrToT напиша:
Ај кажете само како да не плачам на вакви текстови.....ептен ми е тешко и сега неможам никој од вас да погледнам во очи ако се видиме немам лице.............
Чуствувам подобрување?Кажи ми дека е така..кажи ми!
Ти гледај да се видиме,после една тура текила герила со Серпико не само што ќе не гледаш и ќе не загушкаш!:smir:
 
KrToT напиша:
Ај кажете само како да не плачам на вакви текстови.....ептен ми е тешко и сега неможам никој од вас да погледнам во очи ако се видиме немам лице.............
Нема АКО! Секако дека ќе се видиш со сите, а Серпико кажа еден многу убав муабет
Serpico напиша:
Пак ќе ти кажам... БИДИ ЈАК! Биди маж! Биди чесен и љуби безусловно. Имаш моќ.... само треба да ја побараш во себе си. А кога ќе ја искористиш... сите тука ќе читаме за ѕверот Крт. Среќниот Крт... пливаше низ гомна до гуша, ама излезе од нив. И сите ќе се восхитуваме на твојата човечност, и ќе учиме од твојата борба!

Гледаш дека сите веруваме во тебе?:smir:
 
Одамна немам прочитано поубави постови, Серпико и Рилгрл секоја чест.
Крт, со самоубиство нема да ги решиш проблемите, само ќе и ги префрлиш на мајка ти. Сте биле 16 год заедно и во добро и во зло, можете заедно да поминете и низ оваа криза. Две глави подобро размислуваат од една, односно мајка ти сама.
Нема да можеш да ги видиш фаците на останатите кога ќе дознаат што си направил, ќе бидеш под земја, а и ќе те заборават за кратко време, затоа стегни заби и докажи си на самиот себеси и на другите дека си доволно силен да се справиш со ударите што животот ни ги нанесува.
П.С. И јас верувам во тебе
 
KrToT напиша:
Ај кажете само како да не плачам на вакви текстови.....ептен ми е тешко и сега неможам никој од вас да погледнам во очи ако се видиме немам лице.............
:smir: Друже, иако е ова форум и не се ни знаеме... вечерва никој не не натера да останеме за да ти блебетиме глупости. Зборувавме од срце.

Имаш лице да не погледнеш. Голем е човекот кој признава грешка. Голем е оној кој го согледува проблемот. Ти го направи тоа... Сите ќе бидеме уште погорди на тебе, бидејќи ќе се промениш на подобро. Нема да се уплашиш од цунамито кое доаѓа, туку ќе сурфаш по него. Затоа си млад, имаш енергија, сила, а богами и воља... За себе, за мама, за нас... За сите цури кои уште не дочекале да те имаат, а сега спијат во некој стан во капиштец, влае или во Гевгелија (а Гевгелија има стварно добри цури... исто како и капиштец :))

Ќе се видиме... мене ќе ми биде чест да се запознаам со новиот Крт. Со Кртот кој од под земја ќе излезе надвор. Човече, ако сакаш нема ни да те викаме Крт. Може да бидеш цвет. 17 годишен, кој конечно расцутил.

Знаеш ли што? Едвај чекам да не викнеш на кафе, да не почастиш од првата плата.

Eдит:
RealGirl напиша:
Ти гледај да се видиме,после една тура текила герила со Серпико не само што ќе не гледаш и ќе не загушкаш!:smir:
Ете ми истомисленик... а јас глупав кафе спомнав... ма какво кафе, ќе здрвиме по една текила :smir:
 
Ц Ц Ц Ц Ц Како ви успева бе луѓе....не ми се верува ни на крај памет не помислив дека ќе стекнам вакво пријателство од кајгана...не ми се верува успевте да ми докажете многу работи....ФАЛА СЕРПИКО,**The Beauty**,Fortune,RealGirL,Crazy P0Y0L,Almighty Nane, ФАЛА ВИ НА СИТЕ СЕ НАДЕВАМ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ И ЌЕ МОЖАМ ДА ВЕ ПОЧАСТАМ ПИЕЊЕ НА МОЈА СМЕТКА ......НЕ СУМ ПИЧКА АКО ПЛАЧАМ СЕГА НЕЛИ?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom