Се извинувам, сум ги превидел.
Се надевам не сум пренапорен кога вака, дел по дел цитирам и одговарам.
Има доста деца кои се или во ваква ситуација или со разведени родители.
Пак сметам дека е тоа стејт оф мајнд повеќе отколку што е реално. Што знам, според она што го забележувам кај луѓето.
Мое мислење е дека само проблемот со многу тешките болести и смртта не може да се реши. Ако мижиме, но ако погледнеме ќе видиме скопска фавела (ромчиња што просат и дишат лепак) на среде центар-тие имаат проблем (мислам дека и тој е скоро нерешлив) но не се самоубиваат. А тој нивни живот е да се фрлиш од 20-ти спрат.
Иднината ќе ти носи уште поголеми искушенија и проблеми, постојано. И далеку поголеми отколку кога си млад, здрав човек полн со идеи и љубов. Едниствени проблеми во тој период се дека косата или носот се грди, дека дечкото ме лаже или ме напуштил, дека добив кец и слично. Ова го зборам за просечна фамилија, без проблеми со алкохол, разводи и слични екстреми. Но и во такви фамилии мора да се издржи, да се формира фамилија, роди и изнесе деца на пат.
Верувај дека родителот до крај на живот ќе е најголема потпора на своето дете. Иако сум на овие години, тие ми се сеуште (и на мене и на мојте браќа) огромен носечки ѕид, го олеснуваат движењето низ животот, еден нивни збор или совет е огромно богатство за синот/ќерката. А кога ќе ги нема, тоа што сум го добил од нив ќе го предадам и споделам со поколенијата.
Многу е потешко за оние без родители, без браќа, сестри-без најблиски. Но и тие се трудат, буткаат, одат низ животот.
Не сум го прескокнал пубертетот. Па и ја сум бил дете и млад, и ја сум се пијанчел за некоја што ми "скршила срце" или сум правел други ексцеси ради такви банални работи. Дури еден период преовладуваше стравот од тоа дека сум можеби посвоен, целосно бев концентриран на тоа. Али никад не ми текнало да се отепам, дури ни ако дознаам дека сум бил навистина од други родители.
Е тоа се веќе проблеми за кои треба многу нешто за да се пребродат, но...животот е доста суров, ообичаено.
Имаш родители, за секој проблем тие се првите за да се реши (оти тие ти мислат најдобро), не се ослонувај многу на другари, другарки кога ниту имаат поминато многу од сето тоа, ниту пак знаеш утре кој од нив ќе ти сврти грб и злоупотреби.
Барем во однос на пубертетски проблеми ова со родителите го сметам како најдобар совет, но сепак животот и одлуките се твои, живеј го што подолго и носи ги што посталожено