[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]МАЖИТЕ ПОВЕЌЕ СЕ САМОУБИВААТ ОД ЖЕНИТЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Машкоста ги турка во смрт[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во земјава во изминативе девет месеци се самоубиле речиси двојно повеќе мажи од жени, а и методите на самоубивање за кои се определуваат мажите потенцијално се посмртоносни од оние што го избираат жените[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Повеќе од 12 луѓе во земјава месечно си го одземаат животот. Бесење, застрелување, голтање апчиња, давење во вода. Ова е најчестиот избор на автоагресија во "жолтата минута". Има и такви кои во фаталниот чин се решаваат на тивка, таканаречена "аристократска смрт" - сечење вени. Многумина животот го завршуваат и со фрлање во бунар или под воз или со рипање од прозорец.
Според полициските податоци македонските мажи се повеќе склони кон самоубиство од жените. Во земјава во изминативе девет месеци се самоубиле 115-мина. Од нив 73 мажи и 42 жени. А, и методите на самоубивање за кои се определуваат мажите потенцијално се посмртоносни од оние што го избираат жените.
Лекарите ваквите статистики ги оправдуваат со тврдењето дека за разлика од мажите, жените според менталниот склоп се помалку склони кон самоубиства. Кај нив, велат тие, пресуден е биолошкиот мотив.
"Жената е носител на виталната репродукција, па мајчинскиот инстикт е тој што го вклучува алармот за да не си го одземе животот. Мажите за разлика од жените се повеќе изложени на општествени влијанија (феноменот егзистенција, статаус, професија, ранг), каде повеќе го има ризикот од самоубиство", вели во својата книга "Ризик од суицид", Тодор Кралев, доктор по кривично право и криминологија.
Најчестите начини на кои се самоубиваат мажите се бесење или застрелување. И тоа го прват најчесто надвор од домот. За разлика од нив, жените се одлучуваат на таканаречената бела смрт, односно труење со апчиња или со испивање солна киселина. Жените најчесто се самоубиваат дома, во нивните спални соби, затоа што сметаат дека чинот на самоубиство е интимна работа.
Психијатрите секогаш посочувале на разлика во начинот на манифестирање на автоагресијата кај половите. И секогаш се наметнувало прашањето во кој период од годината најчесто се случува самоубиството.
" Жените почесто се самоубиваат на пролет, особено во април и мај, а најретко во јануари и декември. Кај мажите пак, самоубиствата се нешто почести во мај, август или септември. Но, еден од најбитните фактори за доминацијата на успешен суицид кај мажите се смета дека е биолошкиот фактор, односно сколоност на мажите кон ментални заболувања и влијанието на некои хормони, особено тестостеронот. Поради овој хормон мажите се склони на агресивност или автоагресивост", објаснува Д-р Моме Петковски, психијатар во Воената Болоница. Тој додава и дека фрекфенцијата на успешни самоубиства нараснува со возраста и оваа тенденција е нешто поизразена кај мажите.
"Кај мажите самоубиствата се најчести меѓу 60 и 65 години, а кај жените тие доминираат меѓу 45 и 50 години. Обидите за смоубиство, дури во 80 отсто, се најчести во адолесцентниот период. Сепак , генерално, во групата на обид за самоубиство доминираат жените", вели психијатарот Петковски.
Во истражувањата се покажало дека самоубиствата најчесто се извршуваат на почетокот од седмицата, а нешто помалку во деновите за викенд. Фатланиот временски периот е обично наутро -познато како време на утринска мамурност кога мозокот е фокусиран исклучиво на фаталниот чин. Најчестите самоубиства се забележани во периодот од 6 до 12 часот. Овој дел од денот е најдинамичен и вниманието на средината е насочесно кон извршување на секојдневните активности, што е згодна прилика самоубијците да бидат незабележани или пак спречени во чинот. Според сататистиката најмал е процентот на оние кои животот си го одзеле навечер.
Има еден интересен податок што го истакнуваат истражувачите на оваа проблематика. Имено, жените кариеристи, бинисменки, оние кои ги извршуваат "машките работи", имаат поголема склоност кон самоубиство, за разлика од жените домаќинки или оние кои се занимаваат со помалку стресна професија. Во истражувањатасе вели дека понатамошната еманципација на жената или нејзиното општествено изедначување со мажот води кон намалување на разликата во автоагресија кај половите.
Исто така бројката на самоубиста е огромна кај лицата со инфериорен статаус. На пример, највисока стапка на самоубиста има кај земјоделците, рибарите и шумарските работници. По нив следат работници во услужните дејности, лица од безбедноста, администратори, трговци, уметници, рарководители. Во оваа група се и домаќинките вдовици во подоцнежните години, кои тешко го поднесуваат губењето на сопругот.
Но најчестите самоубиства, сметаат многумина психијатри, се случуваат во состојба на тешка депресија, кога живтотот за личноста ја губи смислата поради многу фактори. Тогаш се случува оној момент на прекин со реалноста. И тие неколку минути на одлука пред фаталниот чин се пресудни. Но, идејата за кревање рака на себе, веќе подолго време е всадена во главата на личноста. Тогаш стравот од болка не постои, без оглед за каков чин на автоагресија ќе се одлучи лицето.
За самоубиството уште пред 70 години, професорот Милован Миловановиќ рекол:"Уште долго време самоубиството ќе остане енигма над енигмите".
" Меѓу бројните фактори кои директно или инидиректно го фаворизираат формирањето и реализирањето на суицидалниот процес спаѓаат психички растројства, дисхармонични семејства, болестите, биосоматска и психолошка предизпозиција" вели психијатарот Петковски.
Алхоличарите и наркоманите многу често посегнуваат по својот живот. Криминологот, Д-р Тодор Кралев, наведува дека најчесто алхохоличарите го завршуваат живото со бесење или застрелување.
" Алхохоличарите се предодредени за самоубиство, па не се поставува прашањето дали, туку кога алкохоличарот ќе се самоубие", вели Кралев. Според истржувањета има три ситуации кога алкохоличарот би се самоубил: најмногу во момент на алкохолизирана состојба, нешто помаку во состојба на утринска мамурност и поретко во трезна состојба.
Психијатрите наведуваат низа примери за тоа дека многу е тешко да се прогнозира дали по прв неуспешен обид за самоубиство, пациентот ќе се обиде и по втор пат да си го одземе животот. Ако се работи за тешка депресија, за која се користени и лекарства во време на лекувањето, најчесто вториот обид е фатален. Иако има и исклучоци. Кај оние пак кај кои обидот за самоубиството е апел за помош, тогаш по првиот пат, ретко се случува и на повторен обид.
"Географската положба, специфичните услови за живот и религиозната припадност можат да бидат фактори на суицидно однесување на одредена популација. Најфлексибилен став има исламската религија по која животот е даден од Бог и само тој има право, во дадено време, да го одземе", вели психијатарот од Воената Болница Моме Петковски.
Во книгата " Ризик од суицид" криминологот Тодор Кралев забележал дека бројот на самоубиства е помал кај католиците и евреите, а поголем кај протестантите. А, најниско ниво на самоубиство покажуваат припадниците на мухамеданската вера.
Во земјава верниците од православната вера имаат најмала отпорност кон самоубиство.
Според податоците, во светот дневно се самоубиваат околу две илјади луѓе.
Ако Македонија до пред извесни време беше на дното на скалата во број на самоубиства, во последните години стапката на самоубиства е во енормен пораст со тенденција уште повеќе да се зголеми.
[/FONT]