Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
За комбето слушнав дека било тепачка, дека имало 5-6 места само...? Вистина???

Тука глеам автобус, не комбе :) само сепак двајца странци веќе ми се имаат пожалено дека ги автобусот не ги земал зашто бил мал и полн и морале да чекаат
Неколкупати кога сум одел до и од аеродром, имало слободни места. И секогаш со комбе, досега не сум извисил. Но се е можно.
...еееептен ептен долго за следниот
Носат патници зависно од слетувањата, некогаш по 5-6 саати. Ако имате некого овде, нека се јави за конкретниот лет дали има место за враќање, да не останете така. Телефон има на сајтот, а карта се вади во аеродромот внатре на шалтерот на вардар експрес. Ако се одлучите за превоз, штом се симнете, глејте што поскоро да извадите карта. Може да прашате и за такси (кое е поскапо и дали цената 1200-1500 е по особа или вкупно за таксито, како крајно решение да не чекате ако има многу гужва. Добар пат ;)
 
А некој да не оди на работилницата со јапонката во чаршија во четврток? Да ме префрли и мене до таму...од аеродром? :P
 
Дечки, како е организиран аеродромот со превоз до скопје? Такси колку кошта? Автобуси дали има?
Такси е 15 евра со Интакси, другите се поскапи, по 20-25 евра им е превозот.
 
Сакам да знам зошто на бабиве, стариве овие изветреаниве не ги викет по име? Туку меѓусебе се викет според името на сопругот, Митрејца, Петрејца, Наумојца, Климејца, Стојчејца, Борчејца, Иванојце, Киројца...? Ги прашав партизаниве во маало ама недобив некој логичен одговор.

Порано (ептен порано :)), мажот бил главата и стопанот на куќата. Токму така и го викала жената- „стопанот“. Жената немала свој идентитет. До мажење била позната по семејното (или татковото) име, на пример Маре на Ивановци, а по мажењето го преземала идентитетот на мажот, и така и ја именувале Митрејца-жената на Митре. Со тоа секако се покажувало дека таа жена не е своја, самостојна индивидуа, туку нечија сенка. Значи, во тој период кога жената била именувана според идентитетот на сопругот, таа била буквално сенка- до него за да му угоди, ама доволно далеку за да не му пречи (пусто турско, што би рекол драг другар мој, не било лошо ;)), требала да биде послушна и покорна, не одлучувала самостојно, зашто се сметало дека жената не е способна за тоа. И сето тоа се одразувало и во тоа како ѝ се обраќале, а тоа е со игнорирање на нејзиното лично име, на нејзината личност, и со наметнување на идентитетот на стопанот.
 
Мајка ми продава бои за штампање (на текстил или пластика), и некои се во течна варијанта, ама има и такви како во прав. Може да е такво нешто. Ако е тоа, не сум сигурна како може да ја искористиш, ама можам да ја прашам мајка ми ако те интересира :)

Ако не ти е тешко прашај, многу би сакала да знам :)
 
Ако не ти е тешко прашај, многу би сакала да знам :)

Ја прашав и рече дека може да се дознае дали е таква боја само ако се измеша со некои разредувачи или така нешто. Ако сакаш и можеш, ќе ти пратам каде се наоѓа мајка ми по ПП па она може да ти помогне. Ако не е тоа, врска немам што може да е :)
 
Сакам да знам што треба да направам бар малку да бидам лицемерен........ зошто гледам во денешницава само така се успевало? :)
 
Сакам да знам што треба да направам бар малку да бидам лицемерен........ зошто гледам во денешницава само така се успевало? :)
Прашај го планктонот тој е голем лицемер.Eве имаш на твојот форум http://spongebobmk.forumotion.com/t24-topic
5e9bced368f7fab0.gif
 
Зошто машките немаат млечни жлезди и цицки а имаат брадавици.
 
Зошто машките немаат млечни жлезди и цицки а имаат брадавици.
Ако немаат машките брадавици нема да имаат ни женските млечни жлезди а некои и цицки, сваќаш?

Модифицирана копија сте на некој начин.:)
 
Последно уредено:
Шо прскаа авионите сабајлето над Скопје ?
 
Шо прскаа авионите сабајлето над Скопје ?
Во Скопје денеска и утре ќе биде извршено прскање против комарци од воздух и од земја.

Град Скопје информира дека авионското прскање е планирано за недела и понеделник од 5:30 до 8:00 часот. Прскањето од земја ќе се одвива од 19 до 23 мај во периодот од 23:00 до 4:00 часот.
 
Како е правилно? Благоевград или Горна Џумаја? Која е поправилно име на градот на македонски?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom