Сакам да знам зошто на бабиве, стариве овие изветреаниве не ги викет по име? Туку меѓусебе се викет според името на сопругот, Митрејца, Петрејца, Наумојца, Климејца, Стојчејца, Борчејца, Иванојце, Киројца...? Ги прашав партизаниве во маало ама недобив некој логичен одговор.
Порано (ептен порано
), мажот бил главата и стопанот на куќата. Токму така и го викала жената- „стопанот“. Жената немала свој идентитет. До мажење била позната по семејното (или татковото) име, на пример Маре на Ивановци, а по мажењето го преземала идентитетот на мажот, и така и ја именувале Митрејца-жената на Митре. Со тоа секако се покажувало дека таа жена не е своја, самостојна индивидуа, туку нечија сенка. Значи, во тој период кога жената била именувана според идентитетот на сопругот, таа била буквално сенка- до него за да му угоди, ама доволно далеку за да не му пречи (пусто турско, што би рекол драг другар мој, не било лошо
), требала да биде послушна и покорна, не одлучувала самостојно, зашто се сметало дека жената не е способна за тоа. И сето тоа се одразувало и во тоа како ѝ се обраќале, а тоа е со игнорирање на нејзиното лично име, на нејзината личност, и со наметнување на идентитетот на стопанот.