Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто се намножи и стана агресивна рибата со заечка уста ??

Автоматски споено мислење:

Веројатно многу пати прашано, но во која менувачница во Скопје е најдобар курсот за купување на евра? Од неколку што влегов, излезе дека во СЦМ е најповолен, што ми нема многу логика, дека нели во мол треба да е полош, 61.7 мислам беше, има некаде пониско од ова да сте приметиле?
Колку е курсот ако пазариш со картица во ЕУ, на пример Грција ??
 
Последно уредено:
Зошто се намножи и стана агресивна рибата со заечка уста ??

Автоматски споено мислење:

Колку е курсот ако пазариш со картица во ЕУ, на пример Грција ??
MasterCard и Visa нема провизија ако пазариш, ако вадиш од банкомати, мислам 3 евра од исплата. А курсот зависи, варира.
 
Дали некој има подигнато награда од награднава игра на Кока Кола?
Конкретно, ми се падна мини фрижидерче ама месец дена нема абер од достава во ТехноМаркет Кисела Вода. Бев таму викаат немаме сеуште добиено ништо од Кока Кола ќе ве контактираме штом стигнат.
Многу убаво фрижидерчето, барем на слика изгледа така. Го земаше ли?
 
Го зедов конечно пред некој ден. Поголемо од што очекував, 69 литри е капацитет и изгледа солидно. Не е некоја марка, кинеско производство е ама делува квалитетно.
 
Битно да лади и да работи долго. Нема врска кинеско, не значи дека ако е кинеско утре одма ќе се расипе.

Супер за да си го ставиш на балкон ако си во стан или ако си во куќа во двор негде да ладиш пивца, сокчиња.
 
Веќе е резервирано за во детска, ќерка ми го капариса :)
 
Абе се е кинеско сеа, не му се замарај многу.
 
Зошто се намножи и стана агресивна рибата со заечка уста ??

Автоматски споено мислење:

Колку е курсот ако пазариш со картица во ЕУ, на пример Грција ??
Мислам дека е некаде по среден курс 61,67 во тој просек се движи зависи од ден до ден како е во НБМ ,не се наплаќа дополнителна провизија или нешто сл. зборам за Стопанска Банка бидејки од таа банка имам картичка и секаде каде што сум бил по светов тој среден курс го наплаќаат
 
Сакам да кажам не се исплаќа купување евра за да пазариш таму, нешто само за резерва ако не прима некој картица
 
Заради одредени состојби не сум во можност повеќе да патувам (во Македонија) и да држам обуки и работилници како што тоа редовно го правев/ме во минатото, а кое изискува прилично напор. Дали има член, закон било што со кое, доколку ме примораат, да им поднесам медицински докази да ме ослободат од таа обврска?
 
Треба проценка од медицинско лице дали си работно способен да ги извршуваш тие обуки и работилници. Инвалид, медицинска состојба, повреда/болест на работно место/вон работно место. Проценката ја врши комисија од лекари. Ако си се здобил со медицинска состојба во работно време која те спречува да ги извршуваш 100% работните обврски тогаш во проценката мора да биде влкучен и работодавецот.

Друга варијанта е да си пријавен на пола работно време и да не се малтретираш со возење/патување. Секако во договор со работодавецот.
 
...во македонското законодавство постојат јасни законски одредби кои ве штитат и не дозволуваат работодавачот да ве присили да извршувате задачи кои го загрозуваат вашето здравје.

... според Закон за работни односи, доколку кај работникот настанат промени во здравствената состојба (утврдени со медицински доказ), работодавачот е должен да му понуди вршење на друга соодветна работа која одговара на неговата преостаната работна способност и возраст, работодавачот нема право еднострано да ве принудува на активности кои медицински ви се забранети,

Slika NeuromedikaStrip.jpg

... да го искористам делот во темата Здравје, каде ги даде лабораториските анализи каде беше загрижен околу железото и хемоглобин, а не коментиравте за износот на гликемијата на датум на прием 12.12.2025 година со вредност на гликемија е 0,6 mmol/L, што е екстремно ниска и во медицинската пракса речиси секогаш укажува на техничка или лабораториска грешка при обработката на примерокот (доколку крвта по земањето стоела подолго време во епруветата пред да биде центрифугирана и обработена во апаратот, црвените крвни зрнца-еритроцитите продолжуваат да ја трошат (гликолизираат) глукозата од серумот во самата епрувета и вештачки го спушта нивото на шеќер до екстремно ниски граници давајќи лажен резултат, оти да би била вистинска реална вредност тоа е тешка хипогликемија - состојба на витално загрозувачка и би бил во тешка кома, со конвулзии и без свест, но не искоментирав сметајќи дека е тоа сигурно техничка грешка штом ни вие самите не приметивте или??!

Закон за безбедност и здравје при работа (ЗБЗР) – Член 43 (Право на одбивање работа) во овој член експлицитно се укажува дека работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по животот или здравјето, конкретно кај тебе изложувањето на напорен патен транспорт и физички напорни обуки против медицинска препорака се смета за директно загрозување на здравјето, така да матичниот лекар или специјалист детално ќе ја опише здравствената состојба и многу важно е во самиот наодот да стои медицинска контраиндикација (забрана) за: „долго патување, тежок физички напор и долготрајно стоење/држење предавања“, односно уште подобро ако се даде упат на вонреден преглед во Медицина на труд (честопати компаниите имаат и свој договорен лекар за БЗР) со што нивниот наод е законски обврзувачки за работодавачот.
 
Прегледај го приврзокот 480793

во право си за тој резултат. Очигледно е грешка, но со оглед на тоа што беше редовен систематски, не можев тука ништо да сторам. Но подоцнежните резултати покажаа реална вредност на параметрите. Ретко кога им верувам на систематски освен во случај да ти укаже на некоја состојба и да те упати дополнително да се прегледаш.
Фала и за појаснувањето за ЗРО и ЗБЗР.
 
Можеби не е за овде ама ајде. Жена ми има филипински пасош и привремена лична карта. Сакаме летово да одиме на море дали би можеле да поминеме граница со привремена лична карта за Албанија?
 
Back
На врв Bottom