...во македонското законодавство
постојат јасни законски одредби кои ве штитат и не дозволуваат работодавачот да ве присили да извршувате задачи кои го загрозуваат вашето здравје.
... според
Закон за работни односи, доколку кај работникот настанат промени во здравствената состојба (утврдени со медицински доказ), работодавачот е
должен да му понуди вршење на друга соодветна работа која одговара на неговата преостаната работна способност и возраст, работодавачот нема право еднострано да ве принудува на активности кои медицински ви се забранети,
Прегледај го приврзокот 480793
... да го искористам делот во темата Здравје, каде ги даде лабораториските анализи каде беше загрижен околу железото и хемоглобин, а не коментиравте за износот на гликемијата на датум на прием 12.12.2025 година со вредност на гликемија е
0,6 mmol/L, што е екстремно ниска и во медицинската пракса речиси секогаш укажува на техничка или лабораториска грешка при обработката на примерокот (доколку крвта по земањето стоела подолго време во епруветата пред да биде центрифугирана и обработена во апаратот, црвените крвни зрнца-еритроцитите продолжуваат да ја трошат (гликолизираат) глукозата од серумот во самата епрувета и вештачки го спушта нивото на шеќер до екстремно ниски граници давајќи лажен резултат, оти да би била вистинска реална вредност тоа е тешка хипогликемија - состојба на витално загрозувачка и би бил во тешка кома, со конвулзии и без свест, но не искоментирав сметајќи дека е тоа сигурно техничка грешка штом ни вие самите не приметивте или??!
Закон за безбедност и здравје при работа (ЗБЗР) – Член 43 (Право на одбивање работа) во овој член експлицитно се укажува дека
работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по животот или здравјето, конкретно кај тебе изложувањето на напорен патен транспорт и физички напорни обуки против медицинска препорака се смета за директно загрозување на здравјето, така да матичниот лекар или специјалист детално ќе ја опише здравствената состојба и многу важно е во самиот наодот да стои медицинска контраиндикација (забрана) за:
„долго патување, тежок физички напор и долготрајно стоење/држење предавања“, односно уште подобро ако се даде упат на вонреден преглед во Медицина на труд (честопати компаниите имаат и свој договорен лекар за БЗР) со што нивниот наод е
законски обврзувачки за работодавачот.