Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
И матица ми се појави на интернет.
И стокомак, али последен пат кога бев немаше некој избор.
 
Само Полица имаат некаков попуст, другите ништо!
Ни Полица ништо! Лани на Саем во Борис ја купив Улис за 400, сега беше 500. OK, разбирам, инфлација, чуда...
 
Сега земав една чик лит за подарок од Култура со 30% попуст. Не знам дали на се' имаат 30%.
 
Супер, само ме интересира кои ќе бидат цените и какви ќе се „попустите" со оглед на кризава :)
 
Супер, само ме интересира кои ќе бидат цените и какви ќе се „попустите" со оглед на кризава :)
Лани најпозитивно ме изненади Бегемот, го чистеа магацинот и имаа книги и за по 50 и 90 ден. Сличен тренд имаат и изминатите неколку последователни години, и ако го зачуваат тој тренд, и оваа година одам само за нив.

Академска ќе има 20% на сѐ. Тоа си го знаеме. Арс Ламина, Полица, Магор и Три имаат стандардизирани каталози за секој Саем. Три, некогаш, знаат да изненадат и со некоја интересна понуда.

Матица, чинам, лани не беа на Саемот. Имаа своевиден Саем во нивната книжарница. Мислам од кај нив, од трилерите, собрав сѐ што ми фати око.

Антолог ми се на skip само затоа што има периоди во годината кога имаат 50% на сѐ (или 10 за 800-то), што е далеку подобро од било која понуда која ја имале на досегашните Саеми.

ПНВ и Или-Или ми се на можеби. ПНВ имаа 5-6 книги за 500-че.

Ваква понуда очекувам од поголемите издавачки куќи. :noze:

Бонус: Матица има 10 книги за 399 ден, книги од наши автори. :noze:
 
Бегемор и Или-Или не знам воопшто дали нешто ново и интересно имаат преведено последнава пола година.
Или-Или имаат издадено нови наслови. Е сега колку тебе ќе ти се интересни тоа не знам.

Мене ми делуваат интересно вака на прва имаат два италијански преводи: „Тупаници“ и „Колибри“, нов роман од Господинов „Засолниште на времето“, превод на грчки раскази „Нешто ќе се случи, ќе видиш“, „Моите ноќни возови“ мислам од француски автор беше... плус ако ме држи сеќавање секоја година околу саемот вадеа нови наслови.
 
Град Скопје ги брка продавачите на антикварни книги, стрипови и плочи од кејот на Вардар

Продавачите на стари книги и други антикварни предмети кои ги користат дрвените куќички на Кејот „13 ноември“ добиле наредба од Градот Скопје да се иселат, заедно со своите залихи, најдоцна до 21 април.
 
Ако не ви е тешко кога ќе начекате фејсбук евент за саемов да ми го пратите, сега гледам уште нема

Тенкју :backa:
 

Празници се ближат, празници се ближат, празници се ближат... :vozbud:

ping @Corvus
 
Слоганот им е крвав.
'Сакаш да бидеш некој и нешто? Тогаш... читај!' :D
 
Последно уредено:
Слоганот им е крвав.
'Сакаш да бидеш некој и нешто? Тогаш.... читај!' :D
Баш е јако. Ко пародија на тој Бугарот: „читав, читав, 2 месеци не спиев, и се разбудив како Бугарин“. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom