Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Еј имам слушнато дека Борновиот идентитет и останатите делови ги напишал Роберт Ладлам. Филмовите ги имам.
Дали знајш или кој било дали некој дел за Борн е преведен на македонски
или па некоја друга книга од Р.Л. да е преведена на македонски.
И од преведените некоја предлог, баш би сакал да прочитам некоја книга од него

Јас ја имам прочитано Московски вектор, на македонски, типичен филмски трилер ќе се чувствуваш како да гледаш филм а не да читаш книга. Јас инаку бев денеска и си ги купив Мајка од Перл Бак (Ѓурѓа, 150 ден.), Царица (Три, 200 ден.) и една енциклопедија Сите чуда на светот (Младинска књига, 2400 на 4 рати :) )
 
Искрено, оваа година ретко ако купам некоја книга освен некој солидно преведен класик или саглам енциклопедија. Друго што ќе праам е да соберам инфо за некои добри книги кои ќе ги изнајмам од библиотека подоцна.

Доста намалени цени на класици има годинава. Достоевски ако го немаш вреди да се земе, јас докомплетирав уште нешто што ми фалеше, Табернакул имаат супер избор и на класици, па и на бестселери.

Исто така „Дервишот и смртта“ на Селимовиќ беше 100 денари, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (според мене најдобриот македонски, во права смисла на зборот психолошки роман) за 100че и уште неколку теориски книги што вредат.

Во Магор традиционално избор на филозофски расправи, а и Темплум ме изненадија, не очекував толку евтини цени, макар што многу од книгите што ги барав кај нив беа распродадени.

Инаку, во сабота во 13:00 ч. Венко Андоновски ќе ја промовира својата најнова драма, а сите негови драми во Табернакул може да се најдат за 350 денари.

И да не знае некој Игор кога ќе ја промовира книгата и дали ќе биде присутен да потпишува посвети? :)
 
Магор се ѕверки. А Игор веќе имаше промоција на книгата и таа е на саем уште од првиот ден, но Игор е присутен само околу 2-3 часа дневно.
 
Магор се ѕверки. А Игор веќе имаше промоција на книгата и таа е на саем уште од првиот ден, но Игор е присутен само околу 2-3 часа дневно.

Ја видов книгата ама не прашав колку чини и во кој период доаѓа Игор. Значи секој ден е таму?
 
Ја видов книгата ама не прашав колку чини и во кој период доаѓа Игор. Значи секој ден е таму?

Книгата е 400 денари, А Игор вчера беше од 16 до 18 тоа прашав на штандот, за другите денови не знам. А понеделникот мене ми рече дека секој ден ќе е присутен одредено време на штандот.
 
Книгата е 400 денари, А Игор вчера беше од 16 до 18 тоа прашав на штандот, за другите денови не знам. А понеделникот мене ми рече дека секој ден ќе е присутен одредено време на штандот.
Вчера кон 18 и 15 дојде. Не знам дали е секој ден, ама Вокерке гледај тој период ваљда ќе го фатиш пак. Ак не, прашај ги тие од Фон шо седет тука. :)
 
Вчера кон 18 и 15 дојде. Не знам дали е секој ден, ама Вокерке гледај тој период ваљда ќе го фатиш пак. Ак не, прашај ги тие од Фон шо седет тука. :)

Jас пишав то што ми кажаа на штандот, али сепак се работи за Игор :pos: Поарно и е цел ден да го чека, па кога дојде, дојде :)
 
Лани подобро беше.
Класици имаше евтини многу.
Јас колку што забележав, имаше многу дела исти со ланските, а за една книга приметив дека беше и поскапа од лани ама да ме утепаш не ми текнува која.
Матица имаше различни книги од лани али па лани имаше поголем избор.
Ѓурѓа нека идат нека се фрлат, книга што оригинал има 300 страни, кај нив е дебела пола сантиметар.
Три океј, стандард.
 
prijatele od biografski knigi sto ima :helou:,
ima li nekojj novi knigi za Aleksandar Makedonski ?

Пријателе саемот е сличен на лани, минимално збогатен. Биографски книги не знам нити што те интересира нити што имаше конкретно да ти кажам, оти гледав и запамтив само тоа мене што ме интересираше и тоа што бараше другарка ми :)
За Александар не ми текнува, но општо книгите што беа за Македонија со историска тематика беа скапи или од тапа автори. Ете пример Донски не ти се исплати да го купиш кога бесплатно истите работи ќе ги најдеш во подфорум Историја на Кајгана форум :)
 
да така е зато ни е Кајгана во секој случај фала :helou:
 
Едино ми е ќеф шо го видов Зафон во 3 негови нови книги.
Другото горе доле како минатата година.
Класиците (Достоевски, Вајлд, Чехов) горе доле ги имам у домашна. Но сепак одлично е што ги продаваат по промотивни цени (100 - 250 денари)
Ми се допадна што имаше и странска литература (на Англиски, француски, италијански и руски) само цената да беше малку подостапна.
 
Мене многу ми фати око „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“, илустрираниот роман на Умберто Еко.

Tainstveniot.png

И ако за нешто ми е криво дека не го купив тоа е баш оваа книга. Саемска цена, промотивно е 550 денари во издание на Бегемот, а подоцна сигурно ќе ја поскапат. :(
 
И заборавив да напишам. Лани потрошив 2000 денари на саем, па годинава се зачленив во библиотека и репив тој трошок да го немам али јебига не бива да идеш на саем на книга а да не купиш ништо. И купив 4.
Книга без наслов - Непознат писател
Приспивна песна - Чак Паланик
100 празни страници - Сирил Масарото
Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
И заборавив да ја купам Божиќна мистерија од Јустејн Гардер.
 
За последната не би ти ја препорачал покрај неговите други две прочитани („Светот на Софија“ и „Девојката со портокали“) Не вреди за во колекција, добра е за едно прочитување - подобро земи ја од библиотека.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom